Искрено , првпат слушам. На што гледа ? За Ацо да. За Никола да . Спомнаа и некој Ѕвонко немам слушнато. За Љупчо исто.
Многу е поинакво верувањето во Бог отколку во гатачи, ама не би тука за тоа... @LoraLee Само почни да читаш Библија и поразговарај со психолог. Батали измамници. Тоа што не ти помогнал Бог веднаш, не значи дека треба да се откажеш, знае нешто што ти не знаеш. Исто Бог нема магично стапче, сака и сами да се трудиме, ќе ти помогне ама мораш нешто и ти сама. Замисли стои чаша вода до тебе ти си жедна и се молиш "жедна сум дај ми вода", па Бог знае дека можеш сама да ја земеш... Исто Бог не е глуп, ќе ти помогне и после нема во црква да влезеш се додека не ти треба друга помош.. И вие што велите "не си пател". Кој не пател? Кој не поминал низ тежок период? Сум поминал низ многу и никогаш не отидов кај гатачи, знам за што кај да барам.. Болест - доктор, ако ти е психички тешко - психолог, проблем со брак брачен психолог, пари - работа... А Бог само ми е како потпора и некој што знам дека ќе ми помогне, нема да прави ништо за мене магично. Татко што се ќе му даде се на тацна на детето е лош татко, треба да го научи и само, а Бог е духовен татко на сите нас.. Кажете што е проблемот може да се најде решение без гатачи, сигурен сум во тоа.
Брак Судија на разводи не може да спаси, та брачен психолог . Ако ти е Бог и само Бог , зошто тогаш си пател ? Ете сам пиша дека си имал тешки периоди. Бог да , но има ситуации , каде што ни тој не може да помогне.
Мора ти и партнерот да сте спремни да го спасите бракот, а стручноста на психолог ќе ви помогне.. А судијата не е за спасување брак, друга задача си има. Бог не е виновен што сум пател.. Бог не ни ветил дека ќе биде лесно, ама ветил дека е секогаш тука за нас.. Исус пател, Марија, сите апостоли.. Мала ти е верата тебе штом мислиш дека бајачите се поголеми од Бог и дека има нешто што Бог не може. Прочитај го само новиот завет ќе ја разбереш суштината..
Не е судијата за спасување? Првото рочиште - обид за мерење зошто е , Адвокате ? Тие медијатори зошто се? Всушност зошто судии, медијација еве ти како експерт ќе ги посоветуваш. Она кога си тотално надвор од некоја струка, а делиш совети од истата. Ние сме експерти за се' Се ' стручњак до стручњак. Сезнајковци а неписмени.
Кој рече дека сум стручњак? Баш дека не сме сите за се стручни постојат, адвокати, судии, доктори, психолози... И секој е стручен во својата област, а и мало дете знае во која ситуација каде треба да се обрати, не ти треба голема интелигенција за да знаеш кој што работи. Сигурно ако ти гори куќата нема на историчари да се јавиш, туку на пожарна, логично нели.. А и гатачите се тие што тврдат дека се во се стручни и се знаат, а всушност се стручни само за измама. Кај сакаш оди и во што сакаш верувај, ама не шири лажни информации како гатачи знаат подобро од некој што си години учел на одредена тема за да стане стручен во својата област. Ако треба да ти се кречи дома немој случајно молер да си викнала, повикај гатач ќе ти ја искречи побрзо..
Те клрегирав во делот за разводите. Што вели Законот за семејство ? Ти тврдиш , не објаснуваш со убаво, на тој начин ни ја потценуваш професијата. Пишувм Законски како е, не - не одобрувам за тој проблем да се обратат на гатачи.
Не ширам лажни информации, ме клеветите без врска. Те побив само во делот за работните задачи на судија за Семејни спорово, за кои потврдно пиша дека не се за да спасуваат бракови. Напротив , тие не само на првата расправа , обид за мирење тие и во текот на постапката се обидуваат да ги убедат брачните сопружници да се предомислат. Ретко кога , но успева.
Zdravo da ve prasam dali ima nekoj odeno kaj odza Muki od Cair? Ili dali poznavate nekoj drug sto znae da gleda?