Вратете се наназад неколку страни наназад темата , споделија број членки. Директно појдете , кого и да прашате , ќе ве упати. Кај училиштето живее , кај црквата. Петок не работи.
За сите што ме прашуваа за број од Марија од Гевгелија , во лп ќе ви пратам, никаков проблем. Жената ме замоли да ни и се публикува јавно бројот
Големо не. 400 денари наплаќа , а барем едно нешто да погодеше. Живее кај поштата во една зграда со тунел. Каргоро и е блиску, по Карго бата да и ги пратоте парите. Како год , жената не знае да гледа. Па сега вие видете.
Се извинувам , дали е Злата од Кадино? За Сребра знам дека е од Драчево , не сум била, а по групите на фб, скоро дознав за Злата од Кадино , Петроврц така нешто очекувам да ми дадат број. На вода гледала , така нешто. Прашувам, да не не е таа
Членките не се озбилни и се зезаат Башка мислењава се стари, Вајлд е одамна банирана. Само сакам да те прашам, зар не ти страв и језиво да идеш нонстоп на непознати места кај непознати луѓе?
Не одам нон - стоп, а и не одам сама . И каде што одев (веќе не) претежно беа жени , одев преку ден, кога и да појдев , имаше врвулици од народ така што.....
Е не знам ни ја ова, не сум била на форумов тогаш. Ја неам начекано, ниту дискутирано со нејзе, само што сум ја читала. Очигледно напраила некоја глупост, којзнае, контроверзна доста беше.
А зошто мислиш дека ако е жена не може да биде опасна или ако по пат има луѓе дека внатре кога ќе влезеш си безбедна? Плус зарем не виде до сега дека не ти помагаат луѓево, ако кај толку си била и уште не ти се средил животот и не ти тече мед и млеко, не мислиш може дека е измама?
До сега , фала му на Бога ништо лошо се нема случено. И сама кога сум одела ; апсолутно ништо лошо ми се нема случено. Освен што ефектот е нула.
Значи арно рече еден поп, луѓето сакаат да отидат на гатачка, да дадат 200 денари и да ги решат проблемите. Луѓето не сакаат да се борат за себе, да работат на себе, сакаат да им биде добро, се погодено. Па нема такви, дури и тие што имаат луксуз, пари, имаат проблеми. Секој има проблеми. И се прави штета, затоа треба полицијата да оди да ги апси таквите што цел ден примаат муштерии, и муштериите исто, па ќе видиш дали некој ќе оди. Едни девојчиња од маало, имаа разберено дека некоја кај Гимназијата гатала. Отишле да им гледа, на едното девојче му рекла дека родителите нејзини ќе се разведат, девојчето почнало да плаче, избегале од таму и ај тоа, на бегање, им рекла „Еххх, од вашето маало на таа и таа јас и направив да се омажи“. Значи свесно и намерно ги издаваат луѓето на кои им гатаат, бајат, им прават магија. Инаку, родителите на девојчето што почнало да плаче, до денес не се разведени, таткото во пензија ќе оди, но заедно се. Значи лага е. Eднаш бев на еден спортски настан за деца, таму спонзор беше меѓу другите и Иван Исцелител. Значи ова општество промовира станизам што дозволиле некој гатач да биде спонзор на настан за деца кој го прави, општина, некоја локална спортска организација или било кој? Пропаднато општество, со пропаднати вредности, со несреќни луѓе, сиромашни луѓе, емотивно руинирани итн.