Здраво, закажав кај Дуле од Велес ми кажаа само дато и ми рече број 18 и ми изгаси, не ми кажаа у колку саат, дали можеби знаете од колку саат е отприлика у во колку часот треба да одимез и дали пушта да дојде со тебе и некој друг или мора сам да одиш, конкретно ме интересира дали можам да влезам заедно со маж ми и да му дадам слика од нас двајца заедно или само слика од еден
Почнува во 09:00 часот со гледање. Штом стигнете, се заокружувате на списокот и чекате да ви дојде ред. Друштво може само поблизок член од потесното семејство (мајка , сестра) Час, не кажуваат во колку часот. Од 09:00 па натаму.
Мојата најголема животна грешка е одење на гатач,тоа е грев! Одете на Литургии луѓе,најдете си Духовен Отец,исповедувајте се,покајте се,духовно образувајте се.
Имам здравствен проблем,сериозен што ме натера да си ги отворам очите,затоа и споделувам и не можам да се помирам за грешките ама тоа е што е,а не дека сум одела многу по гатачи како што читам по темава,еднаш или два пати сум била во борба со неплодност и тоа одев со мислата "човек со мака секаде ќе појде" ама не,не,не 100 пати не за гатачи,бајачи и сл. Ако мислеше на директна последица од нив,не,немам.
На татко ми пријател од младоста, беше опседнат со тоа дека му направиле магии. Одеше од еден на друг и само му бараат илјадници евра за сите магии да му ги растуреле. Е сега, оти два брака си уништи, отишол на гатачка, и таа му рекла, дека бивша девојка од младоста уште го сака, ама не живее во Скопје, во друга општина е. И сакаше татко ми да му прави друштво, да му покаже кај е куќата на жената, кај е мажена точно, а женава има големи деца и внуци и маж си има. Па се мислеше пред текстилна фабрика да ја чекал, среќа па не стори ништо од тоа. Замисли под влијание на некој гатач после 35 години да ти дојде некој на врата, да бара да се земете, каков скандал е тоа, каков проблем би настанал.
Сите овие манипулираат со надежта и стравот на луѓето. Кога си под стрес, чувствителен или несигурен, ти треба некој што ќе ти каже нешто што сакаш да слушнеш, и тоа е доволно да се почувствуваш ,,подобрo". Е сеа, кога тоа ќе ти го каже Ленче од Кучково, која ,,збори" со Св. Петка, одма е подруго. Имам едно и единствено искуство со овакви ,,волшебници", мајка ми е суеверно женче и ме има однесено кај позната жена која ,,помага" и ,,зборува" со икони (ова беше пред 15 години). Закажуваш неколку недели однапред, со списоци, со термини, сѐ е букирано.Сопственичка на дуќани, у сон ѝ се јавува некој светец и од тогаш почнува да лечи. Женава ждригаше над мене (така уствари комуницира со светци), а пред да ждрига ми се избаци со милозвучен глас: - Што е проблемот со тебе, имаш ли девојка? Оти немаш, види шубаво дете си (ова е клише и на сите им го велат). Јас бев у фазон: Ждригаше некои две-три минути над мојата глава, откако заврши ми рече: - Ќе ти биде подобро, ќе си фатиш девојка гледам. Сеа вие поврзете си колку била видовита (или пак светецот ја тролал). Требаше да одиме со мајка ми по еден месец уште еднаш, секако дека тоа ми беше прв и последен пат.
Имаш среќа што не фрлале со брашно по тебе, по страшно нешто во животот како дете немам доживеано. Пиштол на чело да ми ставеше некој немаше толку да се исплашам, а тоа против страв било. И ден денес ја помнам собата, една темана соба, плакарот, кревето, мирисот, бабата.
Да, откако седнав да учам, без помош на виши сили и волшебства. Пишав квадрат пошто ме мрзеше да одам на жештините да полагам, свилен газ, две испитни сесии ги лежев под клима. Дома тоа го доживуваа како црни маЏии, детево не учи, ништо не му оди. И така...