Мене како ептен мала баба ми ме има однесено против волјата на моите скроз секуларни родители кога е црква во прашање, а не па бајачки. Не памтам многу од настанот освен дека ми гасеа во вода жарчиња??? ама памтам дека мајка ми шизна кога дозна. Толку од моето светување
Замисли да ти кажат дека треба да ставаш сол под перница и така да спиеш На @Adidas888 и рекла таа бајачката дека треба оцет да пие. Секој ден по една лажица Не е секој за бајач
Аааа, со оцет се регулира шеќер во крвта, плус се слабее. Добра оваа на @Adidas888, барем некаков бенефит имала.
Де @Adidas888 да ни каже која е госпожата, да закажеме кај неа, може ќе ни фрли нешто на глава да не заслабее малку.
Гатачите си вадат по една плата од мамење на народот. Некои богами доста имотни се. Не им се работи. Ако оди некаде 8 часа, треба здраво да се испоти, па мобинг, па да учи нови работи, па да брза, па норма, вака тројца да дојдат денеска по 500 денари да остават, тие си фатиле дневница. А замислете тие што имаат долга листа на закажани, колку пари ќе земат денеска. Фискална даваат ли? Штом не, треба против нив полиција да преземе мерки, апсење на таквите. А ако си играат со енергии и прават штета, замислете кои последици се тоа. Друго, што верници се жени христијанки што одат кај оџи да им пишуваат демонски записи? Неверници, залутани овци. Што морал и етика имаат жени да се затвораат со муслиман кој не го познаваат во иста соба? Дали размислиле дека може некој таков да им затвори врата, па да ги врзе и да завршат во некој бордел или да бидат жртва на трговија со органи?
И многу повеќе од плата вадат некои. Дуле од Велес пример, секој ден по 40 луѓе прима. По 100 денари секој да остава 20 дена во месецот , а ретко кој остава под 100 ден па сега вие видете Фискална , што е тоа ? А за одење по оџи , точно.
Ти ли пиша за демонските знаци на хартија од оџите ставени во вода? Имаше ли последици потоа од тоа? Имал ли некој последици? Абе сите што одат по гатачи, еве погледни ги, кој си го средил животот. Народот е слуга на сатаната. И кога ќе чујам муабет „таа и таа жена ја криват правела магии, па да знае ќе си направи синот да се ожени...“. Што да си направи? Што е тоа што може човек да го направи? Само Бог дава и зема. Народов се мисли дека е помоќен од Бог, а истиот народ нема леб да јаде.
Ауу, што прочитав коса ми се крена, фрлање на брашно, ждригање. WTF, е после вакви сеанси нема да ми тргне и да ми биде добро. Не е ни чудо да скрене човек по одење на вакви работи.
Бидете внимателни со Марија од Гевгелија . Се заканува. Се жалеа на форумов , а бара 700 денари. Ако не и платите не сте свесни што ќе ви се случи, не знаете со каква врачарица сте си фатиле работа. Со најголемата маѓесница од источна Србија соработувала - баба Јованка од Јабуковац, влашка маѓесница на балканот а и пошироко. Нека се заканува. Преку се' може но преку Господ не може. А и закана е Кривично дело , па нека повели.
Целата нејзина и ваша соработка е кривично дело лол. Ни таа фискална дава за услугата, ни корисникот на услугата фискална бара. Ај "услугава" нема да ја дискутирам ич, ама затајување на данок лабавко си имате.
Баш би сакала да наебе некој, да избие огромен скандал, па можеби Македончето просто и глупо нема да има гз више да иде толку лесно по овие врати. Како си го сфаќаат бре ова они, ко детска игра и шала? Не се свесни дека соучесници се у криминал..
Да не има оваа Јованка од Јабуковац метла и ноќе да лета до кај Марија од Гевгелија за да направат некој договор? Секоја втора вечер ко да прелетува во тој правец нешто, а не е авион или хилихоптер?
Да , па од искуство пишав. Ризик е одење по оџи, ние сме христихани Туку Марија ме исплаши. Ако сакала , ми рече така можела да ми наштети , да сум се покаела што сум ја запознала а камо ли што ми гледала. Па таа инсистираше , јас не ја притискав. Баба Јованка и предала во наследство многу ритуали , записи и сл. Имала моќ да се поврзе да комуницира со починати. Епа ако она мене ми наштети , јас ќе и пуштам Кривична за вознемирување.
Редно време е ова да се регулира и санкционира. Ги злоупотребуваат луѓето на сметка на нивната мака. И ти си во тие.