Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гатање, баење

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kiki-riki, 21 ноември 2009.

  1. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    28
    јас не верувам, верувам во бога а тие гатачки само лажат а лековерните им веруваат бог е наша светлина тие лесно мозат да залажат напатени души но гледајте на нив како на лекари пр. и лекарот знае од што боледуваме или уште колку време ни останува па така и тие нечиста сила им дава некаква визија за да можат полесно да лажат и привлекуваат невини души не им верувам и немојте и вие
     
  2. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    јас во баење верувам од искуство,еднаш ми беше многу лошо два дена ме болеше глава,повракав ама ептен беше чудно се осекав како никогаш до тогаш лошо како да мислам дека ке умрам и мајка ми однела веш мајца од мене кај некој човек за да побае од урок и уште кога влегла од вратата него му се слошило и рекол на мјка ми дека некој толку многу ме урочил дури пресекол и вечерта ја облеков мајцата и како да нешто летна од мене јас оздравев бев како нова личност
     
    На Butterfly3 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    девојки ве молам ако некоја знае број од тој дуле од велес,адреса нека ми пише лп,ми треба за братучед ми :worried:
     
  4. newbarbi

    newbarbi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Здраво,Ја сум нова на форумов,и искрено верувам во ова...и дека има секакви луѓе.Па ве молам кој има број или адреса од Дуле да ми пише во лп.
    Благодарам однапред!!! :) :)
     
  5. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Јас верувам во баење посебно, за гатањата мислам дека има вистина, но не сите што се прават дека знаат да гатаат. Инаку си верувам силно во Бог, но верувам и во овие работи :)
     
  6. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.303
    Допаѓања:
    5.950
    Пол:
    Женски
    Верувам во баење. И имам слушнато за тој од Велес, и имало една од Скопје. Мислам дека двајцата контактирале ама не смееле да се видат.
    Што имам слушано муабети , само останав :o ,али мене ме фаќа страв да појдам кај некој од нив двајца. Зошто? Ќе ми ја погоди цела иднина, после нема да ми биде интересна. Освен ако нешто во животот (пу,пу,пу :rofl: ) не ми иде назад, па да дојде време за баење.
    Како помала идев кај на бабами сестра, ми баеше, и мислам дека после ден-два ми поминуваше тоа негативна енергија што имав во мене.. Т.е. и сеуште идам кога ќе осетам дека не сум добра.
    Многу ми се мистериозни овие гатачки,баачки.. Многу.
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Чекајте, вие ненормални сте или што ви е? Каков Дуле бре? Прв преварант е во градов :fubar: А пари зема како ненормален. Не се ветрејте, Дуле ќе ви гледа, се ќе ви погоди. Затоа сите отстрана му одат оти незнаат што лајно е. Зошто не земе да лаже некој од Велес? Седете мирни, џабе парите ќе си ги треснете. Што треба да биде ќе биде, без разлика дали некој си Дуле од Велес ќе ви каже и потврди.
     
    На velesanka и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  8. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.102
    Допаѓања:
    258.515
    Пол:
    Женски
    Можеби ќе го навлечам вашиот гнев на мене но искрено не очекував дека толку млади девојки веруваат во гатање и баење :o Никогаш не ми биле јасни луѓето што веруваат во вакви "чуда". Јас сум човек кој и верува на науката и техниката и неможе ама баш никој да ме убеди дека некој може само со тоа што ќе ме види во некоја просторија или пак овие помодерните-чуе на телефон ќе ми го раскаже минатото иднината...Ајде некако ќе ги сватам и разберам тешко болните луѓе од кои медицината кренала раце па се обидуваат со се и сешто, но тоа се само очајнички обиди на луѓето и никој не им зема за зло бидејќи на секого му е мил животот. Но здрава права да одам за некој да ме лаже па згора на се и да му платам а и да закажувам и чекам на ред е тоа неможам да го разберам.
     
    На mira.mira, velesanka, Offspring и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    62
    Како прво никој не е ненормален. А како второ ако веке тврдеш дека е „лајно“ и преварант, бар потркрепи со некое искуство. За пари дека зема како ненормален, можам да ти кажам дека нема врска. Он пари не бара, туку кој колку му оставе. Член од мојата најблиска фамилија има одено кај него и многу има помогнато.
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Јас себеси не се сметам за толку плитка особа за да верувам во глупости и да одам на гатач. Лично јас искуство немам, затоа што не ни сакам да имам. Затоа има искуство тетка ми и ми има кажувано. А за сите вие што сакате да одите на гатач јас би ви препорачала, пред да си ги плеснете парите попрво отидете во црква, помолете се и запалете свеќа, отколку да отидете на гатач. Господовата сила е најголема, а не силата на некој си Дуле, кој зема 500 денари од гатање. Од Велес сум и знам, исто знам колку луѓе поштено ги има за*бано. А за тоа пари дека не зема неможеш да ми кажеш. Неможе човек без ни еден ден стаж и работено физичка работа пази, да дигне толкава куќа. Незнам од кој град си, ама Велес е град во кој се се дознава со брзина на светлината.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Мајка ми беше кај тој Дуле и тој е баш еден од ретките што погодуваат.Ако нема врска од кај знае дека сум родена на 3 Септември,која слава славиме и мн. други работи да не набројувам што се погодил..А и не зима 500 денари него колку дадеш . :!:
    Редактирам
    И за тебе сите што отишле на гатач или барем веруваат во тоа се плитки ? :^) .Мислам дека нема потреба да навредуваш..
    .
     
    На Izgorena* и memo им се допаѓа ова.
  12. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Јас ке го побарам и ке гледам да ти го пишам до вечерва :*
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Работи вон онаа реалност на која сме навикнати ми биле секогаш загаточни и секогаш сум имала и имам некаква почит кон нив.
    Не сум верник - или барем не онаков да знам колку пати треба да се крстам, на која црква, и пред кој поп, а уште помалку па да им се докажувам во кого јас верувам. Ама во некои си необјаснети или недокажани работи верувам. Пред се заради тоа што мене лично ми се случиле неколку чудни работи, кои не можам да си ги објаснам.
    Не можам да ги персонифицирам ниту да ги замислам, но ете верувам дека нешто вон оваа реалност во која живееме постои.

    Сепак ми е страв да одам кај гатачка. Сум била во ситуации кога сум се фаќала за сламка, ама од пусти страв да не ја дознаам вистината никогаш не сум се осмелила да отидам.

    Познавав еден човек кој лечеше со помош на биоенергија. Не бараше пари, ниту пак сакаше да прими некаков подарок. Велеше - дека ќе му биде мило ако некој се излечи со негова помош и еден ден дојде кај него да му го соопшти тоа лично. Ваквите луѓе ги почитувам.
    Ама оние кои земаат грдни пари и на најодвратен начин искористуваат луѓе во невоља кои веќе кутрите ни трошка надеж немаат, е таквите би ги бесела како во среден век. Ужасно сум гневна за овакви луѓе, ако воопшто можам така да ги наречам, затоа што да се ситиш на туѓа невоља е се само не хумано. Затоа би била претпазлива кај каков гатач (ако некогаш се одлучам) да одам. Веројатно тие кои се скапи - толку и вредат (а во тие случаи вредноста за жал оди обратнопропорционално).
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Да де,да те потресе да не знаеш вратата да ја најдеш кога ќе си одиш.После седи и чекај што ќе се деси и дали ќе се деси,ќе ти помине животот у страв и чекање,па уште ако дојде до случајност да се поклопи нешто,па под воз ќе се фрлиш бре од стравови и исчекувања на она најлошото шо ти го кажал,а може нема никад ни да дојде!
    Е аман де,што,да ми предвиди кога кој ќе си замине од светов,кога јас ќе си заминам,дали ќе ми се посреќи во љубов?!И што ако знам?!Сите ќе умреме кога тогаш,болести се дешаваат,а тоа што немаш среќа у љубов,сигурно не е до магија некоја си,туку...или толку те бива или таков ти е вкусот или нема друго,симптоматично е да налетуваш цело време на шутраци.Ко муабет на мајка ми и татко ми.Мајка ми му вика на татко ми Леле Лари Кинг последното шоу синоќа,баш ми е криво си го пратев,а баш фин човек.Инаку знаеш 8 пати се женел!И татко ми,фин човек 8 пати се женел?!Добра си ти?!Ајде еднаш,се заебал,втор пат го прелажала,ама трет пат...па и да не му чинат жените,тој е нездрав што се затресувал у такви,ама не е ни до сакањето бре луда женска главо!Нема везе муабетот,ама чисто да ви доловам камн сенс и практична ствар на нештата.
    Да ве заголицам,според баба Ванѓа деновиве треба да се деси трета светска војна,а денес САД и Јужна Кореја најголема воена вежба прават за инает на Сверна Кореја.Ја провоцираат де...па сега...гледајте тв и чекајте го судниот ден,па можда 2012 ќе му прекурчи на семожниот (кој и да е,што и да е),па ќе не збрише сите и тоа да се исполни!
    А сто посто сите што пишале на темава дека веруваат,дека биле се декларираат ко верници и одат у црква секоја недела.
     
    На Offspring и Phyramide им се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Последната реченица што лилит ја кажа, имам зборувано за тоа на темава. Се согласувам со се што кажа и баш како што реков, дека тоа што треба да се случи, ќе се случи и ниту Дуле, ниту Станко ниту Петко нема сила да го промени. Ако сакате во животот да ви биде подобро, земете читајте ја Библијата, одете во црква секој ден или барем еднаш неделно, молете се пред спиење... Во Библијата оној што ја има читано, знае дека бајачите и гатачите се служат со демонски сили и го злоупотребуваат името Господово со помош на икони. Ако треба ќе умрам од болки, ама никогаш нема со помош на демонска сила да пробувам да оздравам, со тоа што телото ќе си го продадам на ѓаволот. Може ќе ви звучам како забегана, ама слободно, земете ја Библијата и многу работи ќе ви се разјаснат. Па дури тогаш ќе се помислите два пати дали ќе одите по гатачи и бајачи.
     
  16. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    дечки кој век сме па и некои можат да веруваат во вакви работи,се враќате на нивото на наште прабаби кои верувале во вакви глупости :o :o стварно не ги сваќам луѓево,чаре не се бара по бајачки се бара во вашата глава,ги сваќам дека од многу проблеми се ќе побараат ама барем да прашаат пред да побараат таква помош белки некој попаметен ќе им укаже на грешките.не верувајте,колку повеќе верувате толку повеќе одете по вакви глупости.се си е до психа ;)
     
  17. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    За гатање во смисла претскажување судбина не сакам, иако сум прилично љубопитна личност, претпочитам да не знам и да живеам онака како што ќе наложат околностите, па како дојде така ќе правам.Да знам кога некој во фамилија ќе ми умре(не дај боже) - не,благодарИм. Па уште и ако е кажано од некој/а квази гатач/ка, а ти се потресуваш и имаш ужасни фантазии за тој ден, па таков припотресен ти можеш да заминеш пред него :D А, со баење јас имам позитивно искуство..чудно или не. Мене ми помина јачменик на око кој ми стоеше може цела година и сите радознали луѓе ме прашуваа што ми е, од баење. Нормално прво отидов на доктор и таму ми препишаа ни помалку ни повеќе туку Прокулин :^) , и нели сосема очекувано јачменикот не помина, па ми кажаа дека мал зафат му е спасот. Побогу, јас секако избрав прво бајачка.Тоа не беше некоја којзнае каква бајачка, од оние вештици кои живеат од баење :D нормална жена, си има и работа и од три пати баење со железно париче мојот јачменик го снема. Така да некогаш, посебно за болест или безчедност кога луѓето се фаќаат за секаква сламка надеж, безизлезната ситуација ќе те натера секаде да отидеш, па дури и да се изненадиш од тоа кај си стигнал, а никогаш не си помислил дека таму ќе се најдеш.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    А да не се навраќаме во времето на дедо Ное со овие работи за демони и слично? Знаете колку работи кажала црквата па не излегле точни? Не излагајте од темава за кој е верник, кој не. Ствариве со еретици од кожа ме вадат. Вие не сте никакви експерти за да знаете кој знае да гата. Плус кога веќе дискутирате за некоја тема тргајте тоа религијата на страна. Некои луѓе се премногу носени од тоа име господово или како и да се вели. Да беше црквата лек за се тогаш сите ќе одевме во црква и ќе имавме среќен живот. Ѓаволот? Ок вие озбилно верувате во тоа? Или оние рекла казала расправии кој како умрел, на кого му погодиле се, на кого му умрела мачката пошто верувал во баење итн итн? Да беше толку свилена црквата тогаш немаше да убива научници на времето, што? Од ѓаволот да не била опседната случајно? Или за неа е се тоа оправдано. Секој од нас си знае различни работи и верува во разно, ама не бидете толкави фанатици секаде. Не е црквата лек за се. И сега претпоставувам ќе ми џитнете сите што јас знам, дека сум еретик итн. Ова си е моето лично мислење, како што многумина од вас велат дека гатачите се измислени и слично, јас велам пак дека вие немате доказ како религиите се вистинити. И зборам за сите, не за христијанството само. И да напоменам не верувам во гатачи на карти на тв па да капам пред телевизор со телефонот во рака итн, меѓутоа според мене некои луѓе се талентирани. За Тино нема логика да зборите каков спот имал, тоа нема врска со она што се бави тој.
    Јас денес си бев на гатачка, ми кажа фино лепо тоа што ми требаше, не се подадов јас демек, да тоа ќе се оствари! Интересно ми е,прв пат. Женичкава животот мој ми го кажа во кратки црти, со деталче некое убаво. Утна и 2-3 ствари многу нормално.
    И ок, забегав и јас од темава, си се впуштив во дискусија сама со себе затоа што религиите ми се една од омилените за дискутирање. :D
     
    На ivebloopbleep, Bescheiden, Sunchild и 2 други им се допаѓа ова.
  19. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Темава ме испровоцира да си кажам и јас нешто. Како прво сите оние што ја имаат прочитано Библијата,или барем се позанимавале со неа ќе знаеа дека гатањето,предвидување иднина се пагански работи,кои немаат врска со Господ.

    Не сум одела по гатачи,ама нели никогаш не вели никогаш,кога човек има мака не знае на која врата ќе тропне.

    Што се оденсува до гатачите при здрав разум кажувам односно мое мислење е дека се е само перење мозок и играње со човечката психа.Ако ти рече некоја теткица,еве синко имаш некој на М смеѓа особа многу лошо ти мисли,пази се....одма фабриката на фантазијата се отвора и колку филмови може да произлезат од неа,Спилберг може вафли да јаде.Психата те тепа бре,одма размислуваш на сите личности на М,па дури и некои ги ставаш како потенцијална закана,ако се познаниници на втората братучетка на твојата комшика и си ги видел случајно еднаш на поминување, ама па на М е бре,нема сеа жената да те лаже |( Бог да чува!

    Оние па на телевизија од калибарот на Сабрина-тарот гуру,Сашо-фактор икс, еден на Скај нет ,Александар мислам се вика итн. итн. толку ми се смешни,на моменти со доза на патетичност, проѕирни...ама па уште повеќе им се чудам на домаќинкине што изгледа откако ќе им завршат сериите се без инспирација што би правеле следно,па решаваат да се консултураат со некое од погоре наведената листа на стручен кадар и тоа за цена од минимум 60 ден мин наравно пЉус ДДВ-то :doh:

    Смешно е бре луѓе,да се јавувам на некој кој со брзина на светлината ќе ја осети мојата енергија нАли,па ќе ми кажува дали треба денеска да мафтам со рацете додека одам да ги терам демоните од мене или па да не как*м цел да не излезе добрата енергија од мене :x
     
    На Simonna7 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128

    :D :D :clap:

    :Down: за гатачките и бајачките