Батерфлај, дали ти е познато кривичното дело измама? Кое се разликува од кражба. Затворите се полни со гатачи и бајачи. Измамата е кривично дело низ цел свет. Ја има уште од Римско право. Спојлер И дај да не ја ебеме државата, доволно не ебат гатачи и вражови. И ако за тебе се не така битни илјаднци одземени евра на некој, на тој некој му се многу битни. Постот е само доказ дека тие гатачи, отворено викаат - кога има овци, ке ги стрижам. Ама овие е*аниве, не знаат дека кога ке ја затворат вратата - овие им се исмејуваат со нивните пари. Спојлер И да, крива е државата и ајде да ја ебеме.
Cka мене јасно ми е дека е тоа еден вид измама,ама муабетот ми беше дека никој со сила не ги терал,да одат по бајачи и гатачи,да фрлаат пари големи суми.Ама сепак за тоа треба да се покаже доказ,а на која основа ќе успеат во тоа,може да ми одговориш? ?Колку твое да,толку мое не?! Сега ме разбра ти мене?,м :geek:
Измама е кога не е под закана. Кога те лажат и ти земаат кеш или други материјални и нематеријални ствари, а ти верувајќи им, ги даваш, тогаш е измама. како оние кои вика, дајте пари, ке ви извдиме бугарски пасоши и ке станете бугари, а после не се појавија со пасошите. Никој не им ставил нож, сами ги дале парите, типот ги излажал. Доказот знаеш кој е? По поднесена пријава, оди со обележани пари и ги дава. За тоа колку дал претходно, ке се објаснуваат на суд. Плус има и сведоци - оти бајачот на бае на еден, бае на стотици негови овци. Во истражна постапка верувам дека имам повеќе искуство од тебе, освен ако не си работела во ЈО. Доказната постапка е пред надлежен суд. Ама да не одиме надвор од темата, факт е дека бајалите, СИТЕ ДО ЕДЕН викаат дека - кога ке има овци, ке стрижам. Овој е еден од оџите, кои ваделе црни маѓии, а сите „овци“ слепо им веруваат. А секој може да пријави некој за измама, со сведоци дека на сите им земал кеш за да им направи да родат, да им тргнат магии, да не икаат, да не прдат, да се омажат, оженат... И кога не се случува ветеното, ги тужат. И јас можам комшиката бивша да ја пријавам, и она ке оди во затвор, нормално ако некогаш сум била жртва на измами на бајачката и ми зела кеш, а ништо не се остварило.
zdravo vo vesnik najdov broj od nekoja gatacka sto gledala na ciganski karti,deneska se javiv zenata mi rece deka zema 300 den (za zeni) i 500 (za gldanje na mazi) imala kancelarija vo zgradata kaj trend na plostad.dali imate slusnato za zenava ?
Само местава од кои доаѓаат очигледно кажува дека сите на темава сте надвор од паметот. Како да се излезени од некоја народна нереална приказна... Жената што ни чисти, ромка ми гаташе бре на карти!!! И викам ааа ај да ми гледаш на кафе, ве бива вас и женава, сакаш да ти гатааам? Сега ќе видиш, жглаб-бап вади тарот карти. Па уште и без пари, па и муките ми ги слуша како и се врткам и и кукам, а она мене ми вика - еј па татко ми ја утепа мајка ми, јас видов,мало дете бев, па мене ништо не ми е, ти си се скиселила. И ај после имај лош ден? Ми рече ќе се мажам во многу скоро, еве се мислам уште што фустан да одберам, јас сакам, уште он да сака и да ме знае, ќе да се мажам за брзо. До тогаш ако му се приближам, може да ми стегне судска забрана за приближување, ептен нагло ќе му дојде предлогот. Све све, спуки стана кога извади тоа картите и погоди по колку браќа и сестри имаат моите и кој се умрел во задниве три месеци. Амаааа... богатство ни стоело у куќааааа... у ова би сакала многу да верувам. Јас се скинав од смеење, она исто и жената е закон!!! Попаметно суштество немам сретнато од еден куп наводни интелектуалки и госпожи, башка смисла за хумор има жената. Ми вика кога ќе се мажиш какви чифтијани ќе ти донесам, прво моите адети, па после прави си како што си правите вие.
Имав прилично лоши здравствени проблеми т.е сеуште ги имам и на ниту еден лекар не ми најдоа што е. Па почнаа и лекарите да ме праќаат по бајачи. Те еден ќе ми тутне ливче со број, те друг ќе ми тутне ливче со број, а јас како ќе излезам од болница ги фрлав. Една блиска пријателка постојано се јавуваше кај мајка ми да ме носела по бајачи, роднини исто те кај оваа, те кај онаа. И имало некоја во Драчево што кажувала кој е проблемот и толку. На комшика и кажала дека има рак на гради, на друга рак на дебело црево и кога отишле по лекари стварно било така. И ме убедија да отидам. Отидов еднаш не работела, отидов уште една пак не работеше и си реков ете не требало да отидам. Едно сабајле во 6 дојде пријателката од погоре со синот ме собра од дома, ќе ме носела во село. Од исто село сме по потекло, па прво си помислив таму сака да одиме. Арно ама отидовме во некое селце, во црква ли беше, манастир ли беше и тој човекот прашува, јас не одговарам, оваа кога одврза устата, се му кажа. На крај човеков ми го прераскажува истото она што му го кажа и као кога ќе се средело тоа, поарно ќе сум била. Од тука фати патот накај некој во Куманово живи што вадел. Едно запустено место, страв ме фати. Влегуваме таму, тој ме погледна со некоја лупа мала и ми вика - ништо не гледам. Ја погледна неа, ааааааа сега немаш ништо, последниот пат се извадивме. Ме донесоа дома, требаше уште два пати кај тој во манастирот, не отидов, она одеше сама за мене. Еве ме уште сум со болки. Него сакав друго да пишам. Имам внук со посебни потреби, еве речиси 5 години ќе полни. Назад е доста со развојот, до пред година и пол воопшто и да не одеше, не јадеше, не збореше. Така при едно одење со мајка ми на лекар, сретна пријателка, која за мене не праќаше во некое кумановско село, мислам Колицко беше. Уз муабетот и кажуваше за некое дете кое не одело и од кога го носеле на местово кај човекот во селово почнало да оди. И си дојдовме, а пошто братучед ми и снаава одеа по такви места, мајка ми им кажа. Братучед ми као ќе одел само ако одам и јас со нив. Отидовме, направи тој што направи и пак да се одело до три пати. Јас не отидов пак, ама братучед ми отиде уште еднаш, трет пат не сум сигурна. Внук ми после првото одење, негде после недела дена почна да оди, почна да изговара некои зборови и почна да јаде. Многу брзо беше после одењево, па и мене ме збуни и почнав да си поставувам прашања сама на себе зарем е возможно од што бевме таму да е. Еве го сега фино оди, почна да поврзува зборови, си јаде. Инаку таму имаше еден дечко, колку мене во години, кој му помагаше на човекот т.е повеќе чистеше и го прашав зошто помага, зема ли пари од тоа. Ми кажа дека внук од брат му бил многу тешко болен и кога го донеле тука се зарекол ако се излечи дека ќе помага без пари. Јас сепак не верувам, можеби и психата игра улога во ова баењето. Иако сум отишла и при тие одења сум гледала со потсмев на сето тоа. Мајка ми па иако ме малтретираше да пробаме се што може, на крај секогаш ќе речеше- Ееее да имаше некоја ваква сила до сега баба ти 100 пати ќе ме сотреше (на свекрва и мислеше ).
http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/sh ... -dlankite/ тие што гатаат од рака сигурно од некаде прошитале,според овој линк што го јадов секој може да гата ако го научи ова
Многу си контрадикторна elisabeta сама на себе,тука ја опишуваш бајачката како светица и ги праќаш луѓето во грев а од друга страна кажуваш те цитирам: Му дадов очи ама не гледаат -не за бадијала во библијата пишува ,а кави верници сте вие што се против библијата ?Дали имате една страница прочитано ?Каде пишува да се оди по бајачки и гледачки?Дали воопшто знаете што пишува за нив во библијата?И затоа да не се чудите зошто светот е дојден до овој степен ,а бидете сигурни дека во тоа вие што верувате сигурно не е Бог .Само се чудам побрзо ке поверуваат во бајачка отколку во Бог .Ваша работа ама после одењето на бајачка немој да кукате дека не ви помогнала дека пак исто се одвиваат работите . Од една страна бајачката е нарекуваш светица а од друга викаш ; Не се лажете по овие гледачките бајачките како што гледам тоа е ѓаволска работа ,само последна надеж народот гледа во тоа и излез иако тоа не е излез. ова се твои зборови Да се разбереме името,називот или како сакате речете Светица и припаѓа само на Божјата мајка Пресвета Дева Марија нашата мајка Богородица.
Јас кажав, од кога почнав да верувам во вистинскиот Бог дека не верувам во овие работи ,а ова го имав напишано кога се лажев и јас по такви работи кога бев слепа , а сега фаламу на господ се свестив
Штом е таква работата Elisabeta ти се извинувам од свое име,сите ние грешиме и паѓаме во искушенија ништо не сум поразлична од тебе и јас сум била по такви места и сум се лажела се додека и на мене не ми се отворија очите и затоа кажувам тука за да не грешат и другите да не се залажуваат Денес не постои човек што не страда, што нема грижи, што не претрпува болка и тага. Но според зборовите на еден Светогорски Старец, Бог ни ја упатува својата благодатна утеха и како да ни вели: „Тука сум Јас, додека си мислиш дека си се сретнал со болката, всушност се среќаваш со Мене“. Затоа да го пронајдеме, подигнеме, целиваме и прегрнеме крстот во нашиот живот, па тој да стане извор на нашата секојдневна утеха, радост и сила. Преку него да стекнеме близина со Бога... Тогаш ќе се случи нашето сопствено духовно воскресение.
Дали можи да ми кажите некојн човек кој растура маѓии?Сите спомнувате како НЕКОЈ ви помогнал,ви ја отргнал маѓијата а никој не спомнува име???Ако знаете некој што стварно помага ве молам пишете ми во лична порака.Фала.
дали има некој што бил кај Славе од Кравари ? и нека сподели искуство ако не овде може и кај мене во лична порака однапред благодарам
беше мн мн одамна мајка ми и се и кажа точно и рече ископајте таму и таму ке најдите тоа и тоа и вистина и направи мајка и како што и рече и толку др нз ништо
За тие што се верници: молитва, пост, прскање и миење со света вода, повремено кадење со темјан. Ако силно веруваш, непроценлива е моќта на овие нешта. Плус тоа, ем ќе се ослободиш, без притоа да се задолжиш кај оној со роговите. За тие што ставаат знак на еднаквост меѓу ова и магиите, ќе речам дека немаат врска едно со друго. Да беше исто, немаше да бидат бркани од таквите места луѓе коишто го споменуваат Бога, коишто се крстат или кажуваат молитва. Се` што е со брз резултат доаѓа со повисока цена. Она за чиишто резултати е потребно верба и трпение носи долгорочна награда. Дали тоа трпение ќе го покажеме во форма на сеанси во коишто психолог ќе ве насочува кон лекот преку неговите познавања од науката или тоа ќе биде преку духовен насочувач е ваше и не е за дискриминирање. Не само за баењево, за се` во животот. Еве на пример, во една вечер арамилук можеш да донесеш брзи пари коишто некој ги печали со месеци. Но, негативната енергија којашто ќе си ја навлечеш преку тоа дело ќе ти наплати за скратеното време и брзите резултати.
Марина ништо не погодува, само карактер кажува, и зема 500 денари за 10 минути. Работи само за пари, а не од љубов, тоа е моето мислење.
Дали бил некој кај Дуле од Велес?Знам дека секој 30ти во месецот се закажува,дали погодува,и дали отстранува маѓии?Ако бил некој нека ми пише во лична порака негова адреса,и ме интересира одкако ке го добиеш на телефон за колку денови закажува,или веќе наредниот ден може да се појди кај него. Ајде тие што биле нека кажат како поминале.Фала.
100% се сложувам со ова. Најдобро е секој човек да има свој поп-духовник, кој ќе го води низ животот и проблемите. А гатачите и бајачите, се од 'темната страна', без оглед колку и да ви глеадаат на икони, во името на Господ итн. Ако не ви се верува прочитајте: http://hristijanskiportal.blogspot.com/ ... st_07.html Вистинската верба во Бога, молитвата, постот, покајанието, ги разбива сите магии и проклетства. Поздрав!!!