Направив профил за да го напишам искуствово и некој да каже мислење или контакт од некој за да ме упати. Пред неколку години започнав бизнис со увоз на роба и ми тргна убаво,го работев како секундарна работа.Почна убаво да се заработува па ми стана основен извор на примања.Рандом еден ден ми ѕвони познаник и ме повика да се видиме,побара од мене да го вклучам во бизнисот бидејќи многу му требале пари и имал фамилија за чување,на што учтиво му објаснив дека не е толку развиен бизнис за да има за двајцата на што добив одговор "Дур не ме убациш и мене денар да не видиш и све да ти тргне наопаку".Се запрепастив,но го занемарив и избришав и блокирав од животов скроз.За неполна 1 година бизнисот крахираше со невозможни ситуациии кој што ни на филм не би биле возможни.Буквално не можеше увозот да стигне до мене,а ако стигне да се продаде невозможна мисија.Булвално ниту производ се смени,ниту пазар се смени,ништо.Разочаран се откажав од тој бизнис,се вратив на примарната работа.Тешко е да се опоравиш и да сфатиш како може од успешен бизнис кој заработуваше убаво да излезеш дури и минус но тоа е живот иде понатака,све почна да иде наопаку,но ете си велиш живот падни-стани.Поминаа 2 години јас уште не закрепнат финансиски а ни психички случајно со познаник кој има дуќан паднавме на муабет за познаници и го спомнавме ликов и му ја кажувам случкава што се случи и ми одговара,истиот дојде кај мене во дуќан кој го држам 20 години со исти вработени да бара работа за син му и му кажав дека немам услови да примам нов вработен на што добив одговор "Ако не го примиш син ми да останеш и без вработени и без работа и без леб".Едниот вработен му се разболува и не смее да ја работи таа работа,другиот вработен си отвара сопствен бизнис,третиот вработен му дава отказ,бизнисот кој траел успешно 20 години со исти вработени буквално му се мења за неколку месеци скроз и едвај заработува и ми вика од кога беше тој кај мене све ми тргна на опаку ме има проколнато бел ден не видов.Нормално заинтересиран се распрсашувам наоколу и дознавам дека мајка му се бавела со вакви неубави работи,голема веројатност растејќи во таква средина да попримил и он од менталитетот. Е сега не верувам во магии,клетви,уроци,знам дека има лоши луѓе што се занимаваат со ова,цел живот си викам доколку можат да направат лошо ќе можат на себе да си направат добро нема да се занимаваат со вакви работи,но не верувам ни во коинциденции на двајцата да ни се случи ова откога бевме буквално у фаца проколнати од особава.Иако реков не верувам во вакви работи сега ве замолувам Вас, ако некој е упатен во овие работи што е ова? магија,урок,клетва,се растура не, се растура?Ви благодарам и ви посакувам да немате вакви особи во опкружувањето
Во што веруваш тоа и постои. Има луѓе со негативна енергија,ама дека бизниси ќе расипе со збор,тешко. Така се погодило
Дека зборуваш за бизнис луѓето ке то осудат дека едното со другото не иде но и тоа како иде пред подолг период бев на љубовна мака и ми помогна човек , поентата на муабетов ми е неможев на ред да дојдам од бизнисмени што бараа услуги од него просто да се чудиш. Како што црквата оди осветува бизниси канцеларии така и овеи луѓе
Има такви луѓе, не знам да ти кажам што е ова. Чарето е човек со никој да не збори, ама па и така не се може.
Дај ликот нека му пише збор-два на Мицкоски, Заев, Груевски, Камчев, Мијалков, моќта нека ја користи за општествено добро. Нека им побара вработување.
Па знаев дека има можност од мајтапење на постот бидејќи стварно звучи нереалноно,но не станува збор САМО за расипан бизнис,тоа си влече и други горчини и сопки и последици во секојдневието,кога по некое време се нарушува цела животна хармонија и баланс,те прати само негативна енергија,станува напорно,се чудиш каде си погрешил за да со една нога си во пекол, уште еден човек ти се надоврзува и ти кажува дека отишол во провалија после истата ситуација со истиот човек,ќе поверуваш во све.Чим од уста му излегуваат такви реченици, којзнае што си мисли и со каква негативна енергија се расфрла,еве сега почнав да верувам дека може и со баење да се бави.