Да бе не наплаќаат ништо. Она „Остави колку милуваш ама на иконите“ тарифа нема нормално иако има многу што имаат тарифа одредено.
е да ја остаив 50 денари мада она не ми кажа ја така си остаив.иначе жената е у кисела вода ама неам бројче од дамна ја бев
ima edna zena od sv.nikole sto gleda na obicni karti dali nekoj znae broj neznam kako i bese imeto ako znae nekoj neka mi pise
Имав дечко одевме долг период 2 години,не беше лош човек,дојде кај мене го запознав и сето тоа,се беше ОК,но имам една комшивка која е мн љубоморна и постојано доаѓаше кај нас,и еднаш приметив врвката од патиките половина ми ја нема,два исти каиша кои не ги носев ( беа сокинати ) ми стоеја во соба ги нема,помеѓу креветот каде што спијам имам полица,меѓу тие две работи еднаш чистејки пронајдов шајка но правена од дрво,долу беше делкана некако,кругчето горе беше некако измеѓу зелено и кафеаво и внатре имаше нешто,од тогаш се ми тргна наопаку,со дечковми почнавме да се караме секојдневно,се измени тој ептен и самиот велеше незнам што ми е не се препознавам раскинавме,навечер неможам да спијам имам кошмари,се будам повеќе пати во ноќта главата ме боле секојдневно непрестанато уште какви лекови не се напив,понекогаш и ми отрпнува заедно со вилицата неможам да зборувам додека трае тоа,си велев ајде да не е од нервоза,бев на лекар ми испитуваа крв,главата се си е на место ми дадоа лекови за смирување на природна база ако е од нервоза но не поминува,инаку со споменатата комшивка јас не зборувам,не се поднесуваме,ми треба некој кој знае да гледа и секако да ми помогне,знам за еден човек од битолско село-краварево мислам се викаше,Славко му е името,уште рано сабајле се одело кај него тој најдобро растурал магии,на икони гледал мислам и со слика се одело,но мене ми е мн далеко немам со што да отидам моментално,слушнав за една жена околу 39-40 год била немажена,живеела некаде блиску до Кочани или Штип во некое село мислам,со братот и снаата и гледала исто така со светци,пари не земала ако и дадеш,ми кажуваше еден брачен пар дека биле кај нејзе и дека таа помогнала но не ги разбрав баш каде точно живее,ако знаете некој/а што може да ми помогне или имате број пишете ми во ЛП или овде,ве молам итно ми е
Не верувам во бајачи и гатачи. Сум тргнала од мака по такви работи и тоа два три пати. Никогаш немало позитивен исход. Еднаш за млекото и два пати за неспиењето на децата. Кога има човек мака ќе бара спас секаде. Ама сум имала едно искуство пред 8 години, во Бугарија. Бев на семинар од факултет а тогаш јас и мм бевме во врска само два месеци. Пијам кафе во едно ресторанче и доаѓа една циганка накај мене. Ми скина конче од палтото и почна да зборува. Ништо не ме праша. Не знаеше ни дека не сум од таму. Како од книга да ми го читаше животов. Толку се запрепастив што почнав да плачам. Ми кажа дека за брзо ќе ме побара за жена, и што деца ќе имам. Се испадна така како што кажа. На крај се заврти и си замина. Не сакаше ни пари ни кафе да ја честам. Само знам дека ми рече - „Наредниот пат кога ќе се видиме ти ќе имаш земено многу големи пари а тогаш ќе ме поканиш на ручек„. Тогаш прозборев и виде дека сум од Македонија и ми рече - „Животот е чуден ама ти пак ќе наминеш овде и ќе пиеш кафе на истово место„ Колку и да не сакам да верувам ете ми се случи и тоа не по моја желба. Ниту ја барав ниту сакав да знам што и како. Знам дка едвај се вратив до хотелот каде бевме сместени и два дена не станав од кревет.
погодува многу да,но тешко се закажува кај него,познаник беше кај него се погодил и за минатото и за иднината,но магии не растура
Dali znae nekoj za edna zena Svetlana ili Silvana neznam tocno kako se vika no bila od skopje i mnogu pomagala zenata i za bolesti i za magii.ako znae nekoj neka pisi kade se naoga na koe mesto i ako ima bilo kakvi informacii.
Девојки јас ја пронајдов таа што ви пишав дека е од едно село 39-40 год. се мислам кој ден да појдам..
Кажате некој од Прилеп што помага, што гледа, што растура магии или не знам што уште... Навистина е итно. Веќе не се издржува.
Да ви кажам само нешто. Сега пред малку вртејќи тоа тв каналите налетав на некој Сашо. Да испратиш порака за што сакаш да ти гледа, а тој наредил икони пред него и демек гледа. Поголеми срања и глупости во животов немам слушнато. Ама ве разбирам кој си има мака ќе си го бара чарето