DALI NEKOJ ZNAE NEKOJA ZENA STO VADI ZIVA OD TELO, VO OKOLINA NA SKOPJE,KUMANOVO PLEASE HELP, CONTACT
Me interesira kako ke ti ja izvadi zivata od teloto Lele be lujge I toa vi go imaat kazano deka imate ziva vo vas I vie poveruvate Bog da vi pomogne da gi smenite mislite inace nema spas
Ana,nisto protiv tebe ama me iznasmea,celo Skopje i posiroko go svrte i kazi mi barem najde li ili bese li negde do sega,ako si da pisi iskustvo... Ako nisto drugo moze barem vaka nekoj ke ti odgovori so site prasanja vo edno..
И јас имам отидено кај Оливера од Дедебалци зашто постои една личност што многу ја фали по целиот интернет. Luxe мислам се вика. Највероватно и е некоја роднина. Првиот пат и се слоши на другарка ми пред врата и она така дрско ја избрка и рече ајде следниот, на никого не сакаше да му гледа. ние завршивме во болница со девојчето. Не сакаше ни вода да и даде. Нели е толку побожна??? После една година една друга другарка ме убедуваше да одиме и пак да пробаме. Стигнавме и чекавме со саати. И се СЛОШИ на Оливера од што и гледала на некоја жена и нас сите не избркаа. Тоа сто имаше луѓе од цела Македонија не ги интересираше . Снаат нејзина ни ја тресна вратата пред нос кога и побаравме тел. Потоа комшиката нејзина ни кажа дека Оливера примала редовна терапија во болница и секој ден одела. Неможеа тоа да го кажат за да не седиме таму со саати или само гледаат колку пари ке земат дневно? По 200 денари како што вели потпаролката нејзина не биле ништо, на најмалку 100 луѓе дневно се 20.000 ден дневно најмалку. Да се навратам на темата. Откога и се СЛОШИ , заминавме за Битола да се прошетаме и така ни веќе поминавме толкав пат. На враќање назад повторно поминавме од кај Оливера и таму имаше редица. Чекавме, мене ме прими а другарка ми не сакаше. Прво појма си немаше, второ ми рече дека имам направено многу магии а она неможе да ми помогне , да си го барам чарето на друго место и дека она неможела два пати дневно да паѓала во несвест за да ме исчистила од магиите , да си одам по патот, ангелите ме чувале хахаха . Незнаев дали да се смеам или да се лутам сама на себе што втор пат отидов кај таква личност, безчуствителна пред се. Па нели помага на луѓе???? А човечноста ја заборавила. Другарка ми не ја ни прими и кога ја праша зошто ,уште и се развика. Додека чекавме таму слушнав многу приказни. Меѓу кои едната беше дека и помогнала на една мајка да ја раздели ќерката од момчето сто го сакала зашто било сиромашно и не и се допаѓал зетот на бабава и ја омажиле за некој друг што бил по ситуиран, а девојчето веќе било бремено од првиот, му ја подвалиле на вториот да ја земе.. Е толку од чесноста и Божјото помагање на оваа баба , тоа се веќе правење на магии... И такво нешто не ми треба... И други девојчиња што беа таму после тоа ги прашав дали нешто им погодила и помогнала, рекоа ништо. ОВА ГО ЧУВАВ МНОГУ ГОДИНИ И РЕШИВ ДА ГО СПОДЕЛАМ ЗАШТО ГЛЕДАМ ДЕКА МНОГУ СЕ ЗАЛЕТУВААТ ДА ОДАТ КАЈ НЕА. НЕКОЈ И ПУШТИЛ ДОБРА РЕКЛАМА. Не велам дека не постојат луѓе што се видовити и можат да ти погодат многу работи, ама досега не сум наишла на некого што може да го растури тоа зло. Психички колку и да сум силна и да се смеам на вакви глупости, сепак премногу често си ги наоѓам алиштата испрскани . Треба да си ги фрлам сите алишта или да се иселам од таа куќа??? Гледам дека Бог им враќа за цело зло ама и јас си влечам проблеми за цел живот. Дуле од Велес погодува доста работи, ама не помага , спас од сето тоа е да ги фрлам алиштата или да се преселам во друга држава
кога отидов јас пред две години кај Оливера се изглупирав што ѓавол ме тераше да верувам во гатачки ,ама си побарав прошка од Бог за тоа што сум била кај таква жена,значи таа Оливера толку ми влеа негативна енергија па дури кажваше за женската на син и како и давала поклони за 8 март па ги фрлала зашто маѓии и правела ,зошто сето тоа нас ни го кажа? ,или жената е проста или умот му го продала на ѓаволот друго нема,а не верувам ни два збора да знае од библијата
Значи се изначитав по форумов за гатачиве и сватив дека сите што овде се предложени се една Голема Лага,најпофалена беше Оливера а таа еве како била,после неа Дуле и тој по прочитаните коментари врска нема т.е сите напишале дека погодува а не помага ,тогаш што ќе ми е да одам ако не ми помага зошто ми е да знам за иднината што ќе ми се случи,па Вики од Чаир на сите им кажувала дека имаат жива па ги праќала кај оџа да им ја извади,после некоја си Маре од Петровец некој тука имаше напишано дека полошо му било кога бил кај неа ,па некој си Славе и сега овај е некој нов Перо од зелениково за него ништо не прочитав ,само знам дека СЛАВА МУ НА БОГА што не отидов кај никој од овие ќе си направев штета и поголем грев СЛАВА МУ.Размислете пред да одите или барем како мене изпрочитајте информирајте се.
Дали има некој контакт од Олга од Прилеп? Слушнав дека помагала, а пари не барала, се оставало по желба
Бев во црква , се исповедав, му кажав на попот се до детали, се причестив , побарав да ми прочитаат молитва, има молитва за заштита од лоши работи, има молитва за болни, за брак, за љубов итн, меѓутоа како што кажа и самиот поп дека луѓето што шират негативна енергија никогаш не мируваат, затоа треба и почесто да се посетува црквата... Некои луѓе наместо да ја посетуваат црквата слепо веруваат во бајачите и им е подобро 1-2 месеци, после се по старо... Верувам дека постојат злобни луѓе што прават лоши работи меѓутоа досега никој не се нашол да го растури тоа. Кажуваат за Милојко од Пробиштип, некоја баба Марија од Тетово, Славе од Кравари дека биле едни од ретките што растурале магии, не сум била и не можам да коментирам, тие што биле можат да споделат искуства ама да бидат реални. меѓутоа Оливера од Дедебалци може да прави се, ама да помага сигурно не и премногу е дрска со луѓето, се што прави е апсолутно само за пари... Ги сфаќам луѓето што имаат мака и сакаат да одат , само сакав да им кажам да не си го трошат бремето и парите , зашто не вреди ништо. Пред многу год една жена случајно ми гледаше на карти, додека она збореше, јас се изнасмеав. Тоа што тогаш ми го кажа немаше допирни точки со мене во тоа време... За цело ова време се што ми кажа , се се исполни, меѓутоа и поред тоа што направив се што ми кажа и ми даде ЗАШТИТА како што многу луѓе се тешат со тоа дека ќе ги заштити, како што гледате не ме заштити воопшто. Само ми ја претскажа иднината. Истото беше и со Дуле, ми ги опиша точно алиштата кои што треба да ги фрлам, дури и каде ми стојат. како да влегол во мојот дом. Се ѓто ми кажа , го направив, ги фрлив тие алишта и бев во одредена црква итн и пак иста приказна. Тој барем има моќ да предвидува и да ги гледа работите во блиска иднина, а Оливера не знаеше ништо да погоди, а уште помалку да помогне... Ако некој на некого помогнал нема да седи тука и да пишува по сајтов. Логички.
Каква е таа Заштита?(ми даде ЗАШТИТА) за тој Милојко и таа Марија незнам а за Славе види поназад Серафима има пишано за него,друго ти треба веќе да се откажеш од овие работи и да се исповедаш за тоа што си одела кај овие луѓе само така ќе се спасиш,не ти зборувам како ради реда туку како човек што многу се изнапатил од истите работи и јас одев на многу места ама спас не најдов и сеуште плаќам али веќе се откажав од овие затоа што никој не ми помогнал туку ми одмогнал.
Оваа Оливера сигурно е вештерка хахаа.. А како може некој да ви ја предвиди иднината, кога вие самите(т.е ние самите) си ја градите!? Никој неможе, само Господ знае! Тоа гатачите и бајачите се гаволски работи, а ИДНИНАТА САМИ СИ ЈА ГРАДИМЕ!
Znaci gi zamoluvam site na forumov pogotovo na ovaa tema da spodelat iskustva kako toa sto go napravi Blonde angel i Serafima za da ne se zafrknat lugevo odeki baraki spas po ovie lazni luge.
чекајте сега ,сега треба да се исповедувам на свештеник затоа што бев на гатачка ?? јас бев и ме истера госпогата Оливера од Дедебалци затоа што сум била разголена , а јас имав долг фустан горе со рамбовка а надвор беше 45‘,и маката ме натера да одам охрид кај една Блага од Охрид жената појма немат од животот , ОД ТОГАШ ПА НАВАМУ ЈАС ПОСТОЈАНО ПОСТАМ , СЕ ПРИЧЕСТВАМ В ЦРКВА , СЕ МОЛАМ НА БОГ ДА МИ ОПРОСТИ АКО СУМ НАПРАВИЛА ГРЕВ, инаку во попови се помалку верувам , маката моја на све ме натера никакво подобрување не видов , ЕДИНСТВЕНО МИ ОСТАНА ВЕРБАТА ВО БОГА !
Почитувана @anakonda88 , убаво е што Вие се каете. Но, за да Ви ги прости Бог гревовите, потребно е да добиете простување од свештеникот, т.е. свештеникот да Ви ги разреши (разврзи) гревовите, а тоа се прави на светата тајна исповед. Вие немате доверба во свештениците, ама видете каква власт им дал Христос на сите свештеници (свети Сава рекол: Ако попот е грешен, молитвата не му е. А друг светител вели: И низ р`ѓосани жици тече струја, т.е. преку грешните попови добиваме спасение): Матеј 18: 18 „Вистина ви велам: се што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и се што ќе разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото. Матеј 16: 19 И ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата. Јован 20:23 На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат. А од друга страна светиот апостол Павле вели: „…оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат“ (1. Кор. 11: 27-30). Затоа Ве молам, немојте да си играте со себе, со својот овоземен, но и со Вашиот вечен живот причестувајќи се неподготвена, па појдете и исповедајте си ги Вашите гревови, пред свештеникот во кој имате доверба (иако треба да имате доверба во секој свештеник). И знајте, ако свештеникот ја издаде Вашата исповедна тајна тој под најитна постапка ќе биде распопен. Со сестрата Серафима, а и со другите сестри и браќа на овој форум, сме пишувале многу често за тоа како треба да се подготвуваме за светата тајна Причест, зашто тоа не е играчка, ниту награда оти сме постеле, туку тоа се вистинските Тело и Крв Христови. Молитвата пред Причесна вели, дека причеста е оган кој ги спалува гревовите, но исто така може да не спали и нас ако недостојно се подготвуваме за оваа тајна. Не сакам да бидам надвор од темата, но ќе напишам уште кои се достојните подготовки за света Причест: 1. Да се освестиме дека грешиме. 2. Да се покаеме за гревовите, да престанеме да ги чиниме и да правиме дела спротивни на нашите гревови. 3. Да постиме и да се измириме со сите оние со кои сме скарани, без разлика кој е виновниот. 4. Да ги исповедаме пред Бога и пред свештеникот гревовите кои сме ги направиле. 5. Да си ги прочитаме молитвите пред причест. 6. Да појдеме на богослужбата, да ја ислушаме од почеток до крај и да се причестиме. 7. Да Ја примиме Причесната 8. Да му благодариме на Бога, за небесниот дар и да ги прочитаме дома благдарствените молитви по Причесната.
Темава е чист доказ за тоа колку светлосни години сме уназадени и колку ќе ни требаат уште толку светлосни години за да си ја подигнеме свеста на едно повисоко ниво. Разбирам луѓе со маки и проблеми ама начинот на кој сакате да ги решите истите е смешен. Не дозволувајте никој да ви ги пере мозоците, затоа што овие самопрогласени бајачи баш тоа и го прават без да бидете свесни. Отворете нови погледи кон светот, свртете се кон Господ, кон религијата, правете нешто продуктивно со своите животи па можеби ќе се освестите во која заблуда сте моментално.
Откога се исповедав повеќе не сум била никогаш на бајачка. Читајќи на форумот дека сите се залетуваат по Оливера сакав да го споделам моето мислење. Пред 2 год една другарка сакаше да одиме во Огњанци кај некој си што изградил црква непризнаена од МПЦ и имало шипки што се тресат. Не верував во тоа и не сакав да одам, знаев дека е лажно, меѓутоа другарка ми беше многу болна , неможев никако да ја одвратам да не оди , ниту пак да ја оставам сама, да не и ја исполнам последната желба, отидов да и правам друштво,да и бидам поддршка, а јас не влегов. Бевме само еднаш и никогаш повеќе. Ми беше жал да ја гледам како лежи на земја и чека шипките да се затресат , дека на тој начин ке оздравела, а тој таму со мајка му, најголеми преваранти , немаа тарифа ама и рекоа малку пари оставила, требало повеќе, да се фател лекот... Каде ќе им оди душата???? После неколку месеци другарка ми почина... Таа болка нема никогаш да ми помине... Како заштита ти даваат да носиш крст или некоја амајлија. После тоа се фрлив по вода. Си носам бројаница од црква . И точно дека сами си ја правиме иднината, Што и да ми кажат јас секогаш правам по свое, а работите што ми ги кажаа 2 луѓе се случија после многу години. Никој тоа неможеше да го знае и да го предвиди , дури ни самата јас. Сакам да кажам дека никој неможе да влијае на некои работи, тоа е дел од судбината кој што неможе никој да го смени, како што никој неможе да ја спречи ни смрта. Мојот живот е и повеќе од интересен сега, сама се потрудив за тоа, само со позитивни мисли и со многу труд. Ама поминав еден тежок период од животот во кој што побарав помош на разни начини , не беше ни депресија , ни од верување во магии, едноставно така требаше да биде, на крај само мојата сила, упорност и храброст ми помогнаа да победам се, ниеден бајач, ниеден доктор, ниеден поп не го може тоа ,ако Вие сами не сакате да се борите за сами себе , најголемата верба е вербата во самите нас и во Бога. Сеуште злобните луѓе ни ги прскаат и алиштата и домот, меѓутоа тоа никогаш не ми влијаело психички. Ни тогаш, ни сега. Никогаш слепо не сум верувала на бајачите, ниту пак сум одела кај сите, сум била на 2-3 места кај луѓе што многу ги фалеа дека помагале.... Ниту некогаш сум верувала слепо дека тие имаат волшебно стапче што ке решат се, едноставно кога човек има сериозен проблем сака да проба се. Затоа тие што се прават многу паметни и се потсмејуваат на другите попаметно им е да си молчат зашто и тие самите биле повеќе по бајачки отколку сите ние овде, инаку не би се уклучиле на ваков сајт да коментираат. И по начинот на вреѓање овде и нивното однесување самите си докажуваат какво образование имаат.... Ниеден културен , образован и светски прошетан човек не паѓа на тоа ниво да ги навредува другите . А секој еден човек сака да го види непознатото , потоа самиот си одлучува што е правилно а што не. Влегов на сајтот за да им помогнам на луѓето, да споделам искуство, Ниту да навредувам некого, ниту да се расправам овде, тоа е испод мое ниво и не ми дозволува самата култура. Едно е да каже човек мислење а друго а де се потмејува и навредува. Дури и тие што не веруваат во магии а веруваат во Бог, дали Исус се потсмевал и навредувал?????? Со самото тоа што го прават и тие си ја грешат душата. Ви посакувам на сите среќа
Blonde angel Исус не се потсмевал и навредувал , а ние не се потсмеваме за нивната мака туку се обидуваме на некој начин да ги отргнеме од слепото верување во овие жени ,смешно е да се верува во ова ,ама како што гледам неможе на човек со сила да му дадеш само можеш да му земеш,Бог нека му помогне за да го најдат вистинскиот пат кон светлината