Луѓе дај престанете од искуство ви зборувам толку многу имам грешено што незнам дали Бог ќе ми прости,имам отидено кај повеќе од 10 вакви бајачи и гледачи и плус кај оџа имав и носев и амајлии и триста други глупост но све исфрлив и плаќав за тоа,никој не ми помогнал можеби сугестивно самата психа известен период и после дупло полошо ми било,бев после сето ова во Бигорски разговарав со отец и си ја научив лекцијата не одете по овие места,знам маката ве тера и јас имав големи маки затоа одев но никој не ми помогна,само силната верба во Бог и вие можете да си помогнете никој друг.
И јас бев решена да одам кај Оливера, но после ова што го прочитав НЕ!! .... останува или кај Дуле или кај Славе во Кравари, за Дуле знам дека погодува, прочитав многу за него, но има ли некој искуство од кај Славе? Ве молам ако има некој нека пише
Во 21 век кога науката има објаснување за се млад човек, писмен, образован, уште да верува во гатање и баење? Нема смисла.
Славее од Кравари живее точно наспроти мојата покојна баба.И да ви кажам искрено од што биле многу пати пријатели што сум ги носела за некои проблеми големи.Вртел како киша око Крагујевца и на крај друг си бараа
Мислење за Маре од Петровец? Ме интересира и на што гледа, колку наплаќа, дали сите денови од неделата гледа или има одредени, дали е со закажување или..... ???? Фала однапред
Значи вака баба ми бае и има една книга кај што и се бајачките и на никој не дозволува да ја видат или допрат не дај боже да ја отворат и вика дека сето тоа по нејзината смрт јас ќе сум го наследела сакала или не. И стварно ја имам гледано како бае и буквално детето го успива и после тоа нема никаков проблем. Она кажува дека сетоа тоа т.е таа желба за помагање на луѓето ја видела и кај мене и затоа одлучила да ми ја пренесе мене. НЕКОЈ СО НЕКОЈА СЛИЧНА ВАКВА СИТУАЦИЈА. САКАМ ДА ДОЗНААМ ПОВЕЌЕ. ВЕ МОЛАМ!
А верува во Господ оди редовно во црква ,се моли, пости и сето тоа и ми кажа дека И ОНА НЕ САКАЛА но го добила тоа од нејзината баба и тоа функционирало така што се пренесува така што се прескокнува по една генерација односно на внуците се пренесува а не на децата.
Да ви пишам за тој од Кравари хеххехехех, која комедија. Случкава е од пред 10-на години и повеќе, можеби. Брат ми знам дека тој период ја зеде возачката дозвола и баш се погоди од сите другари тој само да има дозвола и кола и ете ти ја мајка му од неговиот другар. Хехеххех го замолила да ја носи во Битола кај некој си човек, во некое село, не знам што како, мака си имала женава, проблеми и што не. Му плачела, кукала и го убедила да ја однесе некој си ден, кога ќе се договорат. Хехехеххе, кажува брат ми дома за женава што го терторизирала и дека и се нафатил да ја носи. Моиве не го пуштаат, ни кола му даваат ни ништо. Не сакаат да слушнат. Циркуз прав, драма. Дојде и другарчево од брат ми да се моли за да го пуштат и да му ја дадат колата. Ај се договорија некако моиве со услов да оди еден постар братучед наш и тој да вози. Тргнаа еден ден накај Битола и тоа од сабајле уште од рани зори што се вели. Бајчот ала дедо Боже 2, многу бил баран и посетуван. Тешко до него се стигнувалооооо. Свашта, но ајде да скратам. Кога стигнале тамо имало многу гужва и се запишувало ред во некоја книга и кога ќе те повикале тогаш си требал да влезеш. Чекале кутриве до пладнето ред да си фатат и кога стигнале до ссветиот пророк ала Славе од Кравари се запрепастиле прво од амбиентот внатре. Икони, икони , крстови и разни чуда. Замислите им ставал крст на челото и започнувал со процедурата. На сите исто им кажал, општо и плус на брат ми му рекол девојката што ти иде дома магии ви носи. Офффф, мори мајко кој знае што му кажал друго и нашиот идење дома и се што имаше од девојка му, било подароци што му дала, една блузичка нејзина и се зеде во еден најлон и ги фрли во река. Ѓоа магии имале, а да е трагедијата најголема и раскинаа. Тој Славе им ја растури врската, а девојчето не ни беше ни криво ни должно. Брат ми, дете ќе речам уште, наивен си поверувал на тој идиотот Славе дека навистина магии имало кај нас дома. Ви пишав да не се лажете да одите по вакви работи, од ништо нешто може да ви се случи. Не верувајте на секому и на се што ќе ви кажат. Се е сведено само на пари. Секакви измисувања и лаги ќе ви изнакажат на кои лесно вие може да поверувате. Вакви чудни ликови како Славе има илјадници кои првенствено им е да придобијат и заработат некоја паричка на нечива туѓа мака. Тој Славе, замислете бил и истерувач на духови хехеххехехеехх кои наводно живееле во некои луѓе и ги терале на секакви лоши работи и дејства. Седи, молим те. Мижи бабо, да те лажам. Приказни ли приказни. Не ми текнува друго за Славе, имам заборавено. Одамна беше. Затвор за таквите, ништо друго. Го трујат народот со секакви нереални работи. Измама, ништо друго.
@makedonkamak Ми текна за еден таков гледач, многу одамна беше кога брат ми и снаа ми одеа за деца (на мака секој секаде ќе си го бара чарето). Ме повикал и мене да одам кај него, додуша скоро се што кажа беше вистина. Во Скопјево си имал канцеларија и еднаш кога беше тука ми се јавува за некоја информација и ај ако си во близина на кафе муабет. Појдов и онака јас радознала го распрашувам за се и сешто, интересно ми беше се до моментот кога почна да кажува дека ако Госпот му кажел за некодо да се соблече, ги терал на тоа и ги пипкал. Ѓаволот да го истера од нив. Му кажав на брат ми, леелелеле кога се запали сега ќе одам да му е.... мајката хахахахах. Нејсе по некое време прашав некого што живееше во негова близина, рече во затвор бил, а во меѓувреме и ќерката му починала. Сите тие се живи ѓаволи. Едит: И црква имаше започнато, а во затвор влегол за измама и проневера.
Болен човек, па кој се тие нормални што ќе му се соблечат и тој ќе ги пипка кај сака. ЦЦЦЦ, луд човек. Другарка моја, баш сега скоро беше пред 1-2 години. Не може да остане бремена со 2-ро и ајде слушнала за некој си од Струга. Не знам како се викал, ништо. Само ја слушав што ми кажуваше и после тоа се чудев. Не можев да сфатам како до тој степен човек може да биде слеп при здарви очи и разум. Замисли му ја кажала макта и тој и рекол нареден пат кога ќе дојдеш ( одреден ден) да донесеш долен веш твој и од мажот. Таа ми раскажува, јас слушам и и велам:- Молам, молам што???? Гаќи, твои???? Да и забаел, на мажот нејзин, ај да не пишам што му било. Глупаво ми е, сепак тој и дал и медицинска дијазгноза за нејзиниот сопруг зошто немале деца. Боже мој, Плус и рекол да му се јавува кога и да посака, да се слушаат и да си разговараат за се. Таа, будала и при најмала кавга дома , му се јавувала нему и си терале муабети. Што човек може да заклучи од ова? Навистина треба да си до тој степен слеп да не гледаш во која игра некој те внесува.
Дуле од Велес да не има некој друг број? Цел ден пробувам но постојано ме исфрла од мрежата на тој број