И што има врска факултетот со гатачкиве? Ако има некој факултет многу попаметен е демек? Апсолутно никаква поврзаност немаат. Факултетот само значи дека имаме повеќе познавање и сме стручни за само една, конкретна област, а не дека факултетот автоматски ќе ни ги искорени закоравените размислувања.
ne znaci deka sme strucni za oblast fakultetot znaci deka si imame poveke popateno u zivotot, od luge so se na mesto preku vrski i luge so zabivale nozovi u grb na drugari za da dojdat na mesto profesor pa sea se sitat vrz studentite ...fakultetot najdobro te sprema za da stanes asistent, a praksata e onaa koja te pravi strucen u nekoja oblast
Факултетот значи дека имаш повеќе патено во животот од останатите? Не знам дали добро те разбрав. Тоа "popateno" што ти значи? И каква врска има забивање нож во грб на другар и ситење на студенти со ова што јас го напишав? Муабетот беше гатање, баење и факултет. Кажав дека немаат апсолутно никаква врска тие две работи.
ne sme se razbrale dobro ja kazav deka fakultet i strucnost nemaat povrzanost praksata pravi strucnost a ne fakultetot
Сега се сетив незнам дали мислиш за Славица Цаци кај тутунски не е баш во Мичурин, гледа на кафе и на икони.
Карши Пролече амбулантата ми рекоа , кај железничка не знам како се фаќа... Ми дадоа број па она ќе ми објаснела каде е поточно , али штом има тарифа отпаѓа. Како поточно се вика врска неам.
Претпоставувам дека повеќето што пишувате на оваа тема сте православни христијани. Значи вие верувате во Исус Христос, а со тоа и во Светото Писмо (Библијата). Еве што вели таа на оваа тема: „Да не се најде меѓу вас човек кој го тера синот свој или ќерката своја да помине преку оган, заради исчистување, или да претскажува, да гата, или, пак, маѓесник, бајач, или што повикува духови, ниту, пак, волшебник, ниту таков што разговара со мртви; зашто секој кој го прави тоа, е гнасен пред Господ, и токму поради тие гнасотии Господ, твојот Бог, ги изгонува од пред тебе (паганските народи)“ (5 Мојсеева 18:10-12, Библијата) Библијата јасно кажува дека сите што се занимаваат со вакви практики ќе завршат во пеколот: „А на страшливците и на неверните, и на гнасните и на убијците, и на блудниците и на гатачите, на идолопоклониците и на сите лажливци, делот им е во езерото што гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт.“ (Откровение 21:8, Библијата) Од библиските записи можеме да научиме дека и нечистите (демонските) духови имаат одредена моќ и знаење за животите на многу луѓе и на тој начин некои гатачи, како баба Ванѓа, успеваат да „погодат“ факти за нашите животи. Но, ѓаволот е лукав и не сака да се открие и да каже дека сите тие погодувања и чуда се преку него. „Немојте да се чудите на ова! И самиот сатана може да се преправа во ангел на светлината! Тогаш не е необично ако и неговите слуги се преправаат во службеници на праведноста“ (2 Коринтјаните 11:14-15, Библијата). Многумина, кои се занимавале со окултна практика (гледање кафе, карти, баење, гатање и слично, сведочат дека примиле чудна способност да погодуваат, но подоцна нивниот живот станувал сé полош, сé додека не побарале помош од Господ Исус. Еден таков пример е опишан во книгата „Вистината за баењето, гатањето и уроците“, од теолог Драган Манев. Таму се зборува за жена на која й се јавувале духови претставувајќи й се како светци. Наскоро, таа добила способност да гледа на карти, на кафе, да гата, но, заедно со тоа почнале и ноќни кошмари, чудни звуци и стравови. Сепак, според Божјата милост, таа добила Библија на подарок и почнала да ја чита. Таму открила дека тоа што го прави е од ѓаволот, се покајала и повикала кон Исус да й го исчисти нејзиното срце и да й даде мир. Тоа и се случило. Оттогаш па натаму, оваа жена повеќе немала кошмари и престанале појавувањата на лажните светци. Ако и ти си посетувал бајачи и гатачи, или можеби самиот се занимаваш со тоа, или пак ако имаш кошмари, немири, стравови и чудни визии на „светци“, направи го следново: 1. Покај се за тоа што си одел на бајач или гатач, или ако самиот си бил еден од нив (иако можеби не си знаел дека е грев). 2. Исфрли ги сите „магиски“ предмети, кои си ги добил од тие луѓе (амајлии, ливчиња, крпчиња...и било што друго) 3. Прифати Го Исус Христос, како твој Господ и Спасител. 4. Почни да живееш свет и богоугоден живот. 5. И за крај, никогаш повеќе немој да бараш помош од бајачи.
Сите ние овде сме го прифатиле Господ и имаме прочитано некој дел некој цела библија и многу добро знаеме што одобрува и забранува црквата но што треба тоа да значи дека Господ нема да му даде дарба на обичен човек да може да помогни на луѓе што имат мака туку дека тоа исклучиво ќе бидат поповите така само тие што завршиле теологија ,богословски факултет само тие ќе ја имат таа дарба ?е тоа е веќе перење на мозок би рекла зошто Господ нема да ги одреди така сигурно ,12 апостоли беа обични луѓе со семејства и ја добија дарбата од Исус да помагаат на луѓето да лечат болести,да истеруваат демони ама тие не беа свештеници тие беа обични луѓе што го следеа .Книгиве што ги пишуваат црквиве се напишани со многу додавња и одземања но цела вистина ние не ја знаеме во тоа сум сигурна пишувале така како што им одговарало и сеуште пишуваат така како што им одговара ,јас си знам една вистина постои Господ постои Дева Марија(Богородица)посто Исус кој пострадал заради нашите гревови и воскреснал и постои мојата верба во нив.Црквата нас од една страна не учи од друга страна тие не постапуваат така како што кажал Исус самите се контрадикторни на себе а нас сакаат да ни го перат мозокот дека само тие се тие што нив Господ им дал моќ ,јас верувам дека има и дека сигурно постои некој што има дарба да помогне на луѓе што имаат мака се разбира има и лажни но по делата ќе ги познаеме кој е вистински кој е лажен по нивните плодови.
Можам многу да пишувам по ова тема затоа што јас при очи и уши несакам некој да ме прави слеп и глув и немојте да осудувате тука сме да споделиме`да му се најдеме на некој да помогниме .
Мартина, јас не зборав што одобрува или забранува црквата, туку што одобрува или забранува Господ, Исус Христос во кој што ти велиш дека веруваш. Затоа и цитирав што вели Господ во Библијата, а не ти цитирав што вели архиепископот, папата или некој свештеник од некоја црква И јас мислам дека многу цркви се контрадикторни со она што кажал Исус, ама не смеам да пишувам многу за тоа затоа што ќе ме банираат и на оваа тема (затоа што тоа повредило нечии религиозни чувства). Значи остави што вели црквата. Обрни внимание што вели Господ, затоа што пред Него ќе се појавиме на Судниот ден и ќе одговараме зошто не сме го послушале, а не пред архиепископот, папата или некој свештеник.
Zdravo Daj Kazete Nekoj Gledac Sto Stvarno Mislite deka znae .Od Skopje ili tuka vo blizina Sto pogoduva sto ke ti se sluci vo blisko vreme I takvi raboti ? I ne e prevarant da zafrkava luge
А каде кажал нашиот Исус дека нема да има луѓе што нема да имаат таква дарба и дека сите тие се од темната страна каде?
Исус конкретно не зборел на тема гатачи, бајачи, гледачи, бидејќи тоа не била спорна тема меѓу Јудејците и сите едномислено знаеле дека тоа се демонски практики, бидејќи тоа било јасно и експлицитно кажано во Стариот завет преку Мојсеј и пророците. Тоа воопшто не било проблем што Исус требало да го разјаснува. Исус се посветил на многу поважни теми и лекции кои требал да им ги даде на евреите. Но низ целата Библија гатачите, бајачите, гледачите, повикувачите на духови се спомнати во негативно светло и осудени. Исус се согласувал со пишувањата на Мојсеј, прорците, псалмите, со целиот Стар Завет. Исус на неколку наврати ја има потврдено Божественоста на целото Свето Писмо, а не само не зборовите кои што тој ги кажал. Исус често пати кога цитирал од Мојсеевите книги, пророците, псалмите итн. ги цитирал потенцирајќи дека тоа е Божји збор, Божјо Слово. Ако му веруваме на Исус, ќе и веруваме и на целата Библијата, бидејќи Исус вели дека целото Свето Писмо е Божјо Збор. Затоа она што го кажал на пример Мојсеј за гатачите е еднакво важно како да го кажал и Исус, затоа што Исус потврдил дека она што го напишал на пример Мојсеј е Божји збор (затоа што Божјиот дух го водел Мојсеј во пишувањето). „Да не се најде меѓу вас човек кој го тера синот свој или ќерката своја да помине преку оган, заради исчистување, или да претскажува, да гата, или, пак, маѓесник, бајач, или што повикува духови, ниту, пак,волшебник, ниту таков што разговара со мртви; зашто секој кој го прави тоа, е гнасен пред Господ, и токму поради тие гнасотии Господ, твојот Бог, ги изгонува од пред тебе (паганските народи)“ (5 Мојсеева 18:10-12, Библијата) Библијата јасно кажува дека сите што се занимаваат со вакви практики ќе завршат во пеколот: „А на страшливците и на неверните, и на гнасните и на убијците, и на блудниците и на гатачите, на идолопоклониците и на сите лажливци, делот им е во езерото што гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт.“ (Откровение 21:8, Библијата) Погледни само како апостол Јован ги става гатачите во ист кош со убијците, блудниците, идолопоклониците, велејќи дека на сите овие местото им е во езерото што гори со оган и сулфур т.е. пеколот. А еве уште еден пример со кој се соочиле Христовите ученици (апостолите): „А кога еднаш одевме на местото за молитва, нè сретна некоја девојка, робинка, која имаше претскажувачки дух и која со вражање им донесуваше голема печалба на своите господари. Таа одеше по Павле и по нас, викајќи: "Овие луѓе се слуги на Сèвишниот Бог, кои ни го навестуваат патот на спасението." Тоа го правеше со денови. А кога му здодеа на Павле, се заврти и му рече на духот: "Ти заповедам, во името на Исус Христос, да излезеш од неа!" И излезе во истиот час. Кога нејзините господари видоа дека излезе и нивната надеж за печалба, ги фатија и ги одвлекоа Павле и Сила до пазарот, пред управителите.“ (Дела 16:16-19, Библијата) На истиот начин апостолите ги истерувале и сите останати демони од луѓето, со зборовите „ти заповедам во името на Исус Христос да излезеш...“ Што значи дека духот со кој што била обземена жената и кој и давал претскажувачка „дарба“, бил всушност демон, а не Светиот Дух. „А овие чудотворни знаци ќе ги придружуваат оние што поверувале: во Мое име ќе истеруваат демони“ (Исус Христос, ев. Марко 16:17, Библијата)