Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гатање, баење

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kiki-riki, 21 ноември 2009.

  1. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Не верувам во вакви работи, ама имам еден дедо - брат на баба ми и нешто како бајач е. Татко ми и брат ми имаа тртници на нозете и им стоеја можда по 2-3 години, од аптека глупости купувај со ништо не исчезнуваа, и после отидоа кај овој дедово им кажал два три збора и одма по 1 недела им исчезнаа.
     
  2. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Може во лична порака бројот од тој Дуле.
     
  3. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110

    Е добро де ти не знаеш кога си родена па требаше да отидеш кај Дуле за да ти каже? Знам и јас луѓе кои се биле кај него, ама според тоа што им го кажува не знам колку вреди да се губи време на тоа. Ти кажува што имаш во дворот, во бавчата имаш слива, лево од тебе овие комшии десно оние, и точно дека погодувал ама која е финтата со тоа? За иднина малку зборувал .
     
  4. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Тетка ми го оденесе братучед ми на баење пареза кога имаше ама... не ми текнува што му кажа жената што правеше и што искочи од тоа :tmi:
    Ама вујна ми знам дека била на некоја гатачка пред многу години повеќе од 10 сигурно, и се абе се се и погодила. Се што кажала во кој месец со кој како се се остварило.

    И како да не веруваш после. Толку емисии има на она дискавери како гатачка им помага на полицијата да реши некој случај и тоа повеќе пати соработуваат со нив... И плус се што ни се случува се случува со причина. Неможам да кажам дека точно секој знак во шољата што ке ти се направи означува нешто или мора да се оствари. Ама кога ќе ти се направи срце во шољата онака убаво големо правило па нема ли да се израдуваш и со самото тоа ќе веруваш дека нешто убаво ќе се случи и стварно ќе биде така...
     
  5. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Pa jas bev kako mala bidejki mnogu sum se plasela i sum placela i taa navistina mi pomognala ima nekoi koi vistina znaat :D
     
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Не одете по бајачи.

    Сакам да кажам нешто од православна гледна точка. Факт е дека постојат мрачни сили ( демони), кои ниеден момент не го оставаат човекот да живее мирно. Се ова, ни е допуштено од Господ. Ќе кажам еден пример за праведниот Јов (од Стариот Завет).
    Тој човек бил еден и единствен. Толку скоромен, смирен, но најважно верувал во Господ. Иако бил втор човек по богатството што го поседувал после царот. Но, тој човек секоја вечер се молел, за себе, но и за своите деца за да не згрешат со мисла, а пак камоли со дело. На се тоа позавидел ѓаволот и побарал од Господ да му допушти да го искуша. Господ благословил и се случило следното. Се што поседувал, сите стада овци, камили, волови, крави, коњи за еден миг го снемало. Или ги убило гром или ги нападнале други луѓе им ги одзеле, но се случило и нешто уште пострашно, а тоа е смртта на неговите деца. Една вечер кога приготвувале вечера за сиромашните настанала огромна бура и куќата се срушила, а неговите деца починале. Кога го слушнал сето тоа Јов само рекол, „Господ даде, Господ зеде. Се нека биде по Божјата волја“. Иако не му било сеедно, но сваќал дека е никој и ништо и дека еден ден мора да замине од земјата исто какои неговите деца. Откако се посрамил ѓаволот и го слушнал тоа, пред се неговата голема вера кон Господ, посакал да се допре и до него, до неговото тело. Тогаш Јов го снашло уште пострашното, се појавила лепрата (болест која на телото се појавуваат ужасни рани и од нив се појавуваат дури и црвја). Лежел на ѓубриште настрана од градот, човекот кој некогаш бил најбголемиот богаташ. Но за цело време додека боледувал, во ниту еден момент не похулил на Господ. Така и кога тогаш видел ѓаволот колкава е неговата вера и дека богатството не значело ништо за него освен верата, Господ направил уште поголемо чудо. Се појавил во вид на облак, потполно го излекувал од болеста и цели 3 денови и 3 ноќи во неговиот имот што дотогаш бил оставен цели 7 години врнело од небото златници. Станал уште побогат, му се родиле уште толку деца исто колку што му умеле и одтогаш живеел уште 140 години до неговата смрт.

    Со овој пример, можеби малку долг сакав да кажам дека се е допуштено од Господ. Втора работа е тоа што навистина денес постојат тие работи, но да објаснам како функционираат.
    Прво човек запознава многу работи, учи, оди во црква и ако не е поткрепен од добар учител тој лесно застранува. На сон му се јавуваат различни работи, но тоа не се страшни работи туку тој сонува светители со кои и разговара, а со тоа тој се возгордева и мисли за себе дека најчист и најдостоен за тоа видение. Така започнува се исто како и Луцифер, отпаднатиот ангел кој заради својата гордост паднал. Со тек на време ако тој тоа го прифати настануваат уште потешки работи. Иако има ѓаволот земено лик на светител тој со тоа го исмева Господ и започнува да го измачува човекот. Му вели ако не прави како тој што сака ќе го снајде нешто и или легнува болен или паѓа во бессвест...
    Сега да објаснам како делува сето тоа.
    Прво кој знае најдобро што направил? Нели ти си знаеш дека на пр. денес си била таму, и си го направила тоа, на пр. си купила нешто. Сега работава е следна. Ѓаволот размислува мудро. Прави нешто, пример легнува некој болен, прави да падне и да скрши нога. Оди кај друг човек и му вика сега оди на бајач. Таму на бајачот му открива што направил, дека седи таму и таму, дека се вика така, дека боледува од тоа и тоа, понатаму ќе му се случи тоа (бидејќи знае дека понатаму пример утре ќе направи да падне уште еднаш). Тогаш во човекот се појавуваат мисли дека тој бајач се знае. Така се прелажува другиот човек.
    Сакам да кажам дека ѓаволот е лукав, бара постојано начини како да покори луѓе во пеколот, ве молам немој да бидете едни од нив.

    Пример. Пред неколку години се направила трибина за ова. Бил поканет човек кој правел вакви работи и еден свештеник. Се насобрале полно луѓе и започнале. Овој што поседувал енергија го направил следното. На масата каде седел имало чаша со вода. Само што ја погледнал таа се скршила. Побарале одговор од свештеникот. Кога го видел сето тоа свештеникот се стаписал, се чудел сега што да каже, бидејќи не го очекувал тоа. Но Господ не го оставил и само рекол смирено:
    - Видов дека направи лошо дело, ја скрши чашата, но сега направи добро дело состави ја чашата како што беше. Ако го направиш тоа ќе поверувам дека си пратен од Господ, а ако не ќе мислам дека си испратен од ѓаволот.
    Но никако не можел.

    Исто така се случило и следното нешто. Исто на трибина поканет маѓеоничар, дете кое родителте го дале да ги изучува овие работи уште кога имало може и 3 години и свештеник. Маѓоничаров го прави ова нешто. Празна чаша која стоела наеднаш се подигнала во воздух, лебдела во воздухот и се движела. Пред неа се отвориле врата со стакло се пуштила вода од чешмата и повторно се вратила на место(бидејќи во просторијата каде и биле имале мал дел со чешма), лебдејќи и движејќи се во воздухот.
    Свештеников замислен што да каже, но и на него Господ му дал што да каже. И му рекол:
    - Знам дека некој ти служи (тоа го потврдил и маѓеоничарот), е сега речи му овој крст што го носам во рацеве да дојде и да го земе во рацете исто како и чашата.
    Човеков викал и викал, но тој човек (ѓавол ) што му служел не се помрднувал од место и постојано бегал ( маѓеоничаров можел со свои очи да го гледа, но не и другите луѓе бидејќи неговата душа направила сојуз со ѓаволот). Тогаш момчето разбрало дека посои Некој кој е поголем од него (од ѓаволот на кој и му служел), побарал прошка од свештеникот за се што правел, клекнал на колена и побарал да биде крстен.Ова е јавна исповед на момчето (подоцна откако се крстил).

    Со ова сакам да напоменам дека секој што оди по тие патишта по бајачи и гатачи тој си прави сојуз со него и нему му служи. Не го дозволувајте тоа. Светата Црква овие бајачи ги анатемисала, и им забранила да се причестуваат 20 години.

    А лекот е Светата Црква, служењето на Господ, молитвта, постот и пред се Светата Евхаристија (Причесната), соединувањео со Господ тоа помага.

    Ќе завршам со зборовите на еден светител. Оној кој оди во црква, пости се исповеда и се причесува и да застане човек со лопата да му фрла и да го засипува со маѓии, ништо нема да му наштети, бидејќи тој го примил Господ во себе. Затоа соединете се со Господ, а не со ѓаволот.

    „Кој има уши да слуша нека чуе!„
     
    На GirlLove, Binka, shushu и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Mamicka1

    Mamicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здр. Може ли бројот од Душко од Велес по пп :hai:
     
  8. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Не верувам...можеби ако ми се случи нешто од лично искуство би поверувала ама вака не...инаку мислам дека тоа баење има некој ефект како плацебо кога пиеш апчиња да речеме...и си уверен дека по баењето пр.ќе ти помине главоболката и самото тоа верување навистина ти поминува,тоа го имаш верување потсвесно и од таа автосугестија испаѓа дека е така
     
  9. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    луѓе зошто верувате во глупости,ви се молам.!тоа си е се во вашата глава :)
     
  10. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Мислам дека тука, се ова со баењево се заснова на Пласибо ефектот.
     
  11. losa-sreka

    losa-sreka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Јас да ви кажам искрено сум разведена мајка со дете, уште кога бев бремена се разделивме, од еднаш избувна како гром од ведро небо неможам уште ден денеска да објаснам нема врска да не должам, лично сум била кај еден од Битола и излегов запрепастена, претходно му се јавив на телефон и само што ми го слушна гласот ми рече да одам колку што можам поскоро и додека не одам кај него ми рече клучот од станот кај што сте биле под кирја немој да му го даваш на маж ти ниту пак стварите негови(од кај знаеше дека сме под кирја незнам само по глас). Отиднав кај него одма уште утредента и верувајте неможев да поверувам во тоа што го збори и самиот стана многу нервозен и почна да се тресе кога ми ја кажа личноста што се ми правела, ми кажа што се кај имам ставано и неверојатно кога се вратив како кажа така беше неможев да верувам на очиве, ми рече дека за две недели ке ми се јави бившиот да ми ги бара стварите да му вратам се освен некои работи, кажа дека тие ке ги бараат упорно ама да не попуштам и верувале или не точно за две недели ми се јави и ме однесоа во полиција за да им ги вратам тие работи страшно, ама секако не попуштив ама ми изнакажа и страшни работи да се наежи човек, после ми кажа дека нема да се смириме ама ке дојде еден ден и ке ме моли. Ден денеска јас еве сум сама со детето вистината е дека не се смиривме и се до сега оди како што кажа тој.
     
    На Евгениј на и Olgica.bu им се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    На Христијаните им е местото во црква, а на муслиманите во џамија! А не кај некој локален бајач или гатач! И кажи ми, што ако ти кажал што се случувало? Спречил нешто?! Многу по радо би отишла во Црква затоа што како верник ми е таму местото отколку да одам кај бајачи да ме лечат со некои демонски сили! Помагаат можеби, но телесно! Запрашајте се каде ќе ви оди душата на вас. Наместо да се потрудите да се распрашувате каде можете да најдете бајачи/гатачи, подобро земете и пролистајте ја Библијата, да видите дали Библијата го поддржува тоа! Или отидете во Црква оставете си некој предмет таму да отстои една ноќ! Верувам дека ќе ви донесе душевен мир многу повеќе отколку некој си лицемерен бајач, кој користи Икони (прашајте ги само дали се осветени). Можеби ќе ви речат дека се осветени, ама јас ќе ви кажам дека не се, не дека познавам некој таков, туку лично и персонално имам прочитано во Библијата дека ЦРКВАТА НЕ ГИ ПОДДРЖУВА ТИЕ РАБОТИ и оттаму нема теорија да се осветени Иконите со кои ве лажат! Јас не би си ја продала душата за телесно да бидам задоволна! Јас трпам главоболки кои се доста чести веќе 6 години и никогаш ама НИКОГАШ во ниеден момент не се одлучив дека ако отидам да ми забајат (колку е бапски зборов) ќе ми биде подобро! Затоа што на тој начин си ја продавате душата за да се задоволите телесно! И да, запрашајте се зошто немате среќа тие што одите по бајачи!
    Да се надополнам! Што треба да се случи ќе се случи и не одредуваат бајачите и гатачите дали ќе се случи или не, си има кој да го одреди тоа. Зошто да дознавате било што? Кој е исходот?! Ќе спречите можеби вие нешто?! Што е зацртано да се случи ќе се случи и вие сте тотално немоќни во врска со тоа!
     
    На GirlLove, moromo, A-j-a и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Се сложувам со @Offspring не поддржувам гатачи, бајачи, никогаш не сум била, а се надевам ни дека ќе појдам некогаш. Но знаете кога луѓето имаат проблеми, кога мислат дека се пред проблем за кој не можат да најдат решение одат таму.Јас и мајка ми имавме сообраќајка, во која останевме живи фала на Господ, но бевме многу исплашени. Имеме идна комшика која баела демек од страв, (од уплав, како што вика таа). И ми викаа таа ќе ти забаам јас и ќе ти мине стравот, јас не верувам во тоа и на зезање и викам ајде баш да видам, и нешто таму а, у ми правеше и толку. А мајка ми пак е поголем противник и од мене за овие луѓе и не и дозволи на женава да и бае. Значи не знам дали беше до тоа баењето или не ама јас продилжив и понатаму да возам и да се возам , ама мајка ми не сака да се вози на подолги релации, едноставно и е страв и не може никако премине преку тоа. :?:
    Инаку нас црквата не учи дека со причеста човекот може да се исчисти од се, пост, исповед, причест и не ви требаат гатачите. Туку ги читав мислењава на темава за тој Дуле, и не ми е јасно за што одите кај него, да ви ја каже иднината??? кој ќе ви е сопруг??? со која оцена ке ја поминете годината??? :o |(
    Земете малку духовно образувајте се, не се занесувајте со гатачите...
     
    На Offspring и Serafima им се допаѓа ова.
  14. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Слушнете само колку е језиво кујзнае што кажува

    http://www.youtube.com/watch?v=6Ee1OKsW ... re=related

    За да не се повторуваме по сто пати потполно се согласувам со Offspring.
     
  15. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Јас сум немала досега искуство со гатачки и бајачки, но имам слушнато секакви искуства. Знам и такви на кои тие многу им помогнале, но има и такви кои немале никаква корист од гатачките. Честопати кога имам некој проблем кој многу ме мачи помислувам да пробам, чисто од љубопитност или колку да си го залажам мозокот дека се ќе се среди. Се додека немам лично искуство останувам малку скептик за овие работи
     
  16. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Ачрибачири-Пуф >
    Абре какви бајачки, какви гатачки. Мижи асам да ти бајам. Ашубу-бушуру, ела ми да ти гатнам, да и кажам 2-3 збора, да те посолам со сол, да те попрскам со водичка и Че ти поминиии.. :* :*

    Морееееее, какво поминување. :!: Мене ме болело десно јајце на лева страна, а ти мене ќе ми забаеш и ќе ми поминеее. :$ Ауууууу, што је лепоо.

    .. |( |(

    Ај, ќе земам 2 кила шеќер, до Тузла ќе идам ако треба, ќе си потурам на коса, и Че бидам најуба на целиО свет. :$
     
  17. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    јас не верувам во ова :( :( :( никој не може да ме убеди дека некој може да промени на ваков начин нечива иднина
     
  18. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.242
    Допаѓања:
    6.713
    Порано бев еднаш на гатачка и многу ми е криво дека појдов. Незнам која сила ме натера да одам , тогаш имав многу прашања за кои немав одговор еден таков период кога човек незнае што да прави со себе . Па ајде си реков да видам што ќе ми кажи женава..
    Онакви глупости во животот немам слушнато ..Буквално ми даваше некоја мисија да сум отидела на некој гроб , да фрлам 5 денари и да не се вртам наназад..мене ми беше ептен језиво и си ја зедов чантата и бришка дома , да ме нема!!
    Уште еднаш не ми текна да одам по такви работи..кога немам одговори на некои прашања се советувам со моите и мојот мир го наоѓам в црква .
     
  19. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДП дали има некоја феминка од Битола и околината?
    Ми треба информации за една жена која што е од некое битолско село, велат дека многу помагала и многу луѓе оделе кај неа. Ако некој знае за која жена зборувам, ако бил таму нека пише, или нека ми објасни подетално во лп.
    Ве молам имам еден проблем па се мислам дали да одам до таму, ако навистина помага вреди да се појде, бидејќи живеам далеку од Битола. Фала :)
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ги најдов телефонските броеви на Клеопатра-всушност било машко, на мајка ми колеска од работа била таму, и на Викторија-некоја си гатачка, мислам да ги контактирам,па ке видиме, не за друго да знам дали нешто треба да се корегирам, или нешто пропуштам-од секогаш верувам во такви работи :)
     
    На Евгениј на му/ѝ се допаѓа ова.