Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гатање, баење

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kiki-riki, 21 ноември 2009.

  1. martina4

    martina4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Сето ова се основа на библијата и ништо повеќе а библијата ја имаат пишувано мнозина и во неа е додавано одземано и слично но кога веќе веруваме во неа и во тоа што е напишано таму се пишува и дека ќе има такви што ќе лечат што ќе оздравуват болни ќе изгонуваат демони во мое име но не сите тие ќе бидат од мене значи НО НЕ СИТЕ ТИЕ,протолкуваја реченицава што значи.
     
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Мартина, дали си сигурна дека во Библијата имале додавано и одземано? Имаш ли чуено за некаков доказ за ова обвинение против Библијата?
    Септуагинтата е грчки превод на стариот завет направен во 2-3 век пред наша ера и таа е иста како и латинската Вулгата во 4ти век наша ера, тие се исти со масоретските текстови од стариот завет во 9ти век, а исти и со свитоците од Мртвото море (каде што биле најдени 38 од 39 старозаветни книги) кои датираат од 3-1 век пред наша ера. Тие се исти со старословенскиот превод на Библијата од Кирил и Методиј (9ти век наша ера), исти со првиот англиски превод на Библијата (King James Version, направен 1604-1611) и исти со денешните преводи на Библијата. Се разбира не се совршено идентични. Самиот превод го прави текстот чекор подалеку од оригиналот, има и некои мали варијации, печатни грешки, неколку спорни стихови, ама тие се занемарливо малку не менуваат ниту едно суштинско учење од Библијата

    Понатаму од Новиот завет се најдени околу 24.600 ракописи (5300 грчки, 10.000 латински, и најмалку 9.300 други рани преводи). Сите овие се најдени на три различни континенти (Европа, Азија, Африка). Многу од нив се најдени од 1ви па се до 4ти век - во времето кога црквата не била институционализирана и хиерархиски организирана. А дури и кога би била таква, невозможно е толку ракописи расфрлани низ 3 континенти да ги собереш на едно место, да ги „синхронизираш“ и пак да ги вратиш без никој да забележи :) Тоа е Mission Impossible.

    И не само тие, постојат и многу рани списи од ранохристијански писатели (како што се Иринеј, Поликарп, Игнатиј, Ориген, Клемент од Александрија и сл.) уште во вториот век. кои ги цитирале новозаветните документи и кои датираат дури и од 2ри век. Сите овие се согласуваат со денешниот нов завет без никакви поголеми разлики и во нив не може да се види никакво намерно „средување“ на текстот, додавање или одземање за тој да одговара на црковните потреби. Црквата за да си ги оправда своите небиблиски пракси не го менувала текстот, туку ја правела Библијата недостапна за народот и си правела свои канони, свои преданија и сл.

    Значи, како што кажав, за аргументирано да тврдиме дека еве на пример Илијадата на Хомер е менувана, ние треба да приложиме барем две различни копии од таа книга кои ќе содржат доволно различен текст кој јасно ќе покаже дека не станува збор за печатна грешка или грешка при преведување, туку јасно ќе покаже дека тој пасус е различен и е направен таков заради таа и таа причина. Или пак, исто така аргумент би било доколку најдеме некаков историски или археолошки доказ дека на некое место, во одредено време се собрале луѓе кои ја менувале Илијадата заради некакви си нивни цели.
     
    На anina и elisabeta им се допаѓа ова.
  3. martina4

    martina4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    и наНое, Аврам Исак и на Мојсеј цело време им се јавувал на сон глас и ги упатувал што да прават и што треба тоа сега да значи дека тој глас не бил Божји по учењево што ни го дава религијава поточно на ова што не упатуваат свештенициве дека ако на сон ти се јави глас што е представен како светец не треба да веруваме дека тоа не е од Бога туку од темната страна значи ли сега дека тоа што нив им се јавувал глас на сон дека тоа не бил Бог туку некој друг ајде објасними го ова ,исто ти е и со некој што има дарба сигурно нешто му се има сонето или глас или јаве како и да е но во нив има и лажачи како што на пример и се сонило на сон некој светец и ја мачеле па почнала да бајт или гатат е во тоа пример не верувам светци не можат да мачат но можат да ти се јават на сон ,што би направила ти доколку тебе еве ти се сони или пак на јаве ти каже ти си таа што треба да им помагаш на луѓето што ќе направиш ,јас би побарала сигурно совет од свештено лице би се исповедала но ако истото продолжи и понатаму ќе се подзамислиш малку дали не е од Бог,е сега знаеме дека кај нас се појавија еден куп бајачи,гатачи исцелители како Иван или Константин па за нив си знаеме од кај дува ветерот ,дури сум размислувала дека и денес да се појави Исус ние исто ќе постапиме како на времето а зошто?зошто така не учат нема да поверуваме одма ќе го ставиме во исти кош со сите други преваранти и непреваранти,затоа не судете и не се заблудувајте во тоа што е напишано единствена вистина е дека постои мојот и нашиот Бог Исус и пострадал поради нас за нашето спасение е тоа е вистината другото е под знак прашалник ако се зачиташ по црковниве книги многу ќе залуташ и збунетост ќе добиеш едноставно ќе забегаш во мисли јас од искуство ти зборувам прочитав толку многу и ништо не ми е јасно дури и потешко ми е одколку претходно кога ништо незнаев.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. martina4

    martina4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Значи јас го кажав мојот став што мислам за библијата јас ја почитувам и верувам но не во се што е напишано значи за некои работи сум со резерва затоа што поминала низ многу што ја пишувале и сигурно нешто не допипшале или надпишале верувам само во што треба да верувам 10 божји заповеди и ги почитувам не верувам едноставно во некој други работи што се напишани еве како на пример дека Господ го натерал единствениот син на Аврам ,Исак да го жртвува за да ја докаже вербата во него ,и во ред други приказни што се напишани не само библиски туку и црковни опишано е како нас Бог да не мачи се нервирам од тоа што е представен на таков начин ,му ги одзел децата му изгорела куќата завршил на буниште се заради верата го молела жената да го богохули Господ но тој одбил и пострадал за името божјо, е кажими што прикаски се овие демек нас Бог не мачи така?да тој ни праќа искушенија но далеку од тоа да не мачи тој е светлината ,мирот и љубовта на душата тој е исцелението а не мачението.Овие прикаски ме вадат од кожа јас мојот Бог не си го представувам како мачител туку како некој што ме сака и ми помага дури и во најтешкиот момнт во мојот живот,затоа што животот е полн со изненадувања убави и неубави но затоа тука е верата да се издигнеме над се.
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.539
    Пол:
    Женски
    Што ја тупите и се докажувате. Некој верува - некој не! Сопствено право! Темава не е за тие што не веруваат ве молам отворете си друга тема ДАЛИ ВЕРУВАТЕ ВОГАТАЊЕ БАЕЊЕ. Ако можете да помогнете на прашањата повелете, ако не воздржете се од коментирање.
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Ное, Авраам, Исак, Мојсеј и уште неколку други се Божји избраници и за нив Исус Христос потврдил дека се Божји избраници и ја потврдил вистинитоста на она што е напишано за нив, а напишано е дека Бог им се јавил и им кажал што треба да прават. Бог го потврдил тоа на силен начин во тоа време со евидентни чуда и затоа и луѓето им верувале и ги следеле. А подоцна кога дошол Исус на Земјата и Тој ги потврдил и затоа можеме да им веруваме.

    Господ не може да им се јави на сон денес на луѓево и да им даде таква „дарба“, затоа што самиот Тој го осудил баењето, гатањето и гледањето. Господ не може да си противречи на самиот Себе. Тој не може да даде некому нешто што претходно јасно го забранил и го осудил како ѓаволска работа.

    Соништата не ги земам за некој сериозен фактор. Господ Исус никаде не рекол дека ќе ни даде дополнителни информации преку соништа, туку едноставно ни рекол: правете го она што ви го заповедав. И тоа е доволно. Ако сонам такво нешто, едноставно ќе си речам „леле ама чуден сон“. Ќе си измијам лице и заби и ќе си доручкувам како и секој ден :)
    Едноставно јас не верувам дека Господ може да ми каже да правам нешто штој тој го забранил во Библијата. Исус ја потврдил Библијата како вистина и бидејќи му верувам на Исус и верувам и на Библијата. Така што ако добијам такво видение, тоа сигурно би било од некој демон. Но јас сум одлучил да му верувам на Исус, на оној кој обезбедил многу докази (исполнувајќи ги пророштвата за Него, чудата, воскресението итн) дека е Господ, Патот, Вистината и Животот, а не на разни преваранти или демонски опседнати бајачи, гледачи и гатачи.

    Исус претскажал дека ќе се појават многу преваранти кои ќе тврдат дека тие се Исус и низ историјата (особено во последно време) има многу такви:

    „Ако некој ви рече тогаш: 'Еве, Христос е тука' или 'таму е'- не верувајте, зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе прават големи знаци и чуда, за да ги заведат, ако е можно, и избраните. Ете, ви кажав однапред! И така, ако ви речат: 'Ене Го во пустината!' - не излегувајте! 'Ене Го во една од внатрешните соби!' - не верувајте. Зашто, како што молњата излегува од исток и свети до запад, такво ќе биде и доаѓањето на Синот Човеков.“ (Исус Христос, ев. Матеј 24:23-27, Библијата)

    За да не залутаме и да не се буниме, не треба да им веруваме на црковните книги, ниту на книгите напишани од разни самопрогласени спиритуалисти и мудреци, туку на докажаната и проверена Библија, објава која Бог ја подржал со многу докази дека е инспирирана од Него.
     
    На joy1 и elisabeta им се допаѓа ова.
  7. martina4

    martina4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Ти си имаш свој став јас мој и тоа е тоа јас гледам поинаку поразлично и ја подржувам ocicka2014 да споделат тука мислења и искуства од тие што биле некаде и виделе добро или лошо за да не лутаат и другите.поздрав
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ме пресретна утрово на улица една жена, и како ме фати за рака ме тргна и одма почна да ми зборува. Не сум таква да се свртам и да си отидам додека ми се обраќа на мене, и застанав.
    Знам дека голем дел од жениве се мајстори во тоа како да те придобијат со првата реченица, ама како што ја слушав, нема да лажам, се што кажа се поклопува со тоа што ми се случува, а не се некои шаблонски работи па да може приказната на секој да му се погоди.
    Знаев дека на крај ќе ми побара пари |( за тие тревките што наводно треба да те чуваат, бла, бла... И нормално, немам толку пари, а и да имав немаше да и ги дадам. На крај ми ги даде тревките за стотка, не и било да парите, само да помогне сакала,да ги чувам во новчаник...
    И ај сеа, ме фаќа језа некоја, што да им правам? Сакам да ги фрлам, ама па и така ми е некако шубе:|
     
  9. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    547
    Исто и јас имам една амајлија за срека во љубовта,ми рекоа дека е од црква и шубе ми е некако да ја фрлам,а во љубовта во последно време ни С немам од срека ??? :|
     
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Мајсторка за манипулација. 90% од луѓево поминуваат ни слични работи верувајќи дека имаат уникатни ситуации. Да, секој поминува низ уникатна ситуација ама кога некоја „гледачка“ ќе ти се обрати со општи зборови, тогаш ти субјективно си се пронаоѓаш во тие зборови и во глава си мислиш дека таа зборува баш за твојата ситуација. Еве на пример ако следен пат некоја таква ти каже дека имаш некои турбуленции на љубовно поле, слободно прашај ја да ти го каже името на личноста со која што има турбуленции? И уживај во моментот кога ќе ја видиш каква збунета фаца ќе направи или кога ќе почне да задткува :)

    Иначе повеќето луѓе поминуваат низ љубовни проблеми или релациони проблеми со некој близок пријател/ка, финансиски недостатоци, повеќето имаат фамилијарни проблеми или некој близок роднина или пријател болен, повеќето се осеќаат неразбрано од некој, осамени, скоро секој има личност за која што е убеден дека му мисли лошо или му збори зад грб (ова пали кај сите :D ), скоро секој слушнал некаква вест добра или лоша претходнава недела итн. оние што се експерти во оваа област знаат и многу подобри работи кои што палат кај 80% од луѓево. Можеби не упалило кај двајца пред тебе, ама ете се десило да упали кај тебе :)

    Тревките се само причина за да ти земе пари, пошо нели она зборењето ти го дава бесплатно и нели сака да ти помогне (срцка таа добротворка), ама за да ти земе пари мора нешто да ти даде, пошо тие тревки не се бесплатни и она знаеш ли колку се мачи за да ги набере од некое посебно далечно место и тие уствари вредат 100 евра ама ете она хуманитарка ти ги дала за симболична цена од 100ден :D

    Тоа што ти го нарекуваш „шубе“ и не ти дава да ги фрлиш, тоа е моќта на суеверието. Моќта на суеверието не е за потценување и е многу силна. На некој му е шубе да помине низ бандера во форма на буквата А, на друг му е шубе да помине кај што поминала црна мачка, на трет да стане на лева нога, на четврт да згазне на шахта итн. Суеверието ја има моќта да ги држи луѓето во ропство, помалку или повеќе.
    Еден добар начин да се ослободите од суеверието е преку читање на Библијата или поконкретно новиот завет каде што е опишан животот и учењето на Исус Христос. Исус рекол:

    „Ќе ја запознаете вистината и вистината ќе ве ослободи.“ (Исус Христос, ев. Јован 8:32; Библијата)

    Вистината ќе не ослободи првенствено од гревот, од суеверијата и празноверијата, од лагите со кои што ѓаволот секојдневно не напаѓа преку медиумите, разни книги, луѓе како оваа „гледачка“ итн.
     
    На butterfly4, fificaaa и elisabeta им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Тоа ти е мало идолче. Во Библијата идолопоклонството е опишано како најодвратниот грев на Господ и најстрого е осудувано. Тоа што ти веруваш дека таа „амајлија“ може да ти помогне, наспроти помошта која може Господ да ти ја даде, му ги повредува чувствата на Господ.
     
  12. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Морам на постов да се задржам малку. Веќе го имам пишувано случајов и ќе го повторам пак.
    Пред неколку години во Бугарија седам и пијам кафе во едно ресторанче. Туп циганка седнува до мене. Прво помислив дека ќе ми бара пари, кога фати едно конче од мојата облека и почна да зборува. Не кажувам за општи ситуации. Не зборуваше жената општо. Конкретно кажуваше. Имаш сестра. Мајка ти работи - таму, татко ти - таму. Жената како да ми го читаше животот од очиве. Не го помести погледот од мене. Ова со кажување на фамилијата е само ситница. Се ми кажа за моето минато. За идината ми кажа само дека дечкото, со кој сум во врска само еден месец, ќе ме побара за жена и тоа за кратко време|( Дупло превртев очи заради тоа што бевме многу кратко време во врска. Стана и си замина. Толку од жената, испари...
    Јас не ја барав и ништо не кажав додека зборуваше. Не ја прашував и не откривав ништо. Едноставно се случи.
    Целта ми беше дека постојат личности кои имаат некаква моќ без разлика дали е дадена од Бог или од самиот Ѓавол. Не се сите манипулатори
     
    Последна измена: 13 март 2015
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    @anina, фала на дополнувањето. Точно, јас и во еден од претходните постови пишав дека не се сите манипулатори, туку и дека има некои (веројатно многу мал број) што се медиуми користени од зли духови (демони). Демоните се духовни битија и можат да ги набљудуваат луѓето, лесно можат да дознаат каде ти работат родителите, дали имаш сестра брат, па дури и намерите на дечко ти дека ќе те запроси :)
    Она што демоните не го можат е да претскажат некој непредвидлив настан во иднината. Таа моќ ја има само Бог и оние на кои Бог им открил (пророците во Библијата и Исус).

    Впрочем ако гатањето, баењето и гледањето не беа окултни практики поврзани со демони, Бог немаше да биде толку строг кон нив. Верувам дека заради таа причина Бог строго ги забранил и осудил во Библијата, затоа што се поврзани со демонски влијанија или пак се отворена врата за комуникација со демони.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Луѓе има тема „дали верувате во гатање‘‘, оваа тема нека остане за информирање.
     
  15. veli4ekate

    veli4ekate Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    luge kazete nesto za dule gledacot od veles sakam tamu da otidam no mu vrtam no nikako da go dobijam na tel
     
  16. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    547
     
    На veli4ekate му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    547
    Врати се на страна број еден на темава и читај, има многу пишувано за него.
    Иначе точно ке ти каже кои луѓе ти се непријатели,тоа што ке ти каже дека ке се случи во иднина нема да се случи,и нема да почуствуваш никакво подобрување.Секоја недела во црква,молитва и само постот може да те исчисти од негатива енергија и да се чуствуваш посмирено.
     
  18. veli4ekate

    veli4ekate Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    gledac za decinja da se ima da pomogne dve ivf neuspesni
     
  19. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    547
    Нема таков,побарај помош од господ и моли се.
     
  20. Mala Hembra

    Mala Hembra Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Никогаш не верував во такви работи се додека не се уверив со свои очи.
    Зборуваа за една жена во нашиот град што наводно гледала ромка е и бев љубопитна и отидов со една другарка и кога кажа дека зема 500 денари а гледа на кафе прво се двоумев сепак скапо но се решив и кога почна да ми гледа останав без зборови.. Кажа такви работи што не можев да поверувам , се погоди за моето семејство за некои работи што се случиле во минатото дури и на другарката моја кога почна да и гледа одма и рече кој ти починат близок а нејзе и беше татко и скоро време починат се наежив и решив од тој ден да не одам веќе никаде , зошто се исплашив и не сакам веќе да знаам за такви работи
     
    На Askopje му/ѝ се допаѓа ова.