Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гатање, баење

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kiki-riki, 21 ноември 2009.

  1. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Најлоша работа се гатачи и бајачи.Тоа е моето мислење за нив.
     
    На SnowWhite8, jacqueline.s и referentka им се допаѓа ова.
  2. hopes

    hopes Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    334

    eve vi lazaci
     
  3. ЛилеР24

    ЛилеР24 Нов член

    Се зачлени на:
    15 март 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    стварно ле? Првпат слушам некој за Дуле од Велес да рече дека не погодува?
     
  4. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    547
    Еве јас сум прва,од многу работи што ми кажа дека ке се случат во иднина,ни една не се оствари.
     
  5. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.830
    Допаѓања:
    8.724
    Пол:
    Женски
    Здраво дали знаете кои денови работи Славе од Кравари и кое време се оди кај него?
     
    На matilda258 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. badgirl2

    badgirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој гатач од Штип?
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.093
    Допаѓања:
    135.091
    На Daleron, elisabeta, joy1 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. matilda258

    matilda258 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    а каде живее таа жена? треба ли да се закаже прво или?
     
  9. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    580
    http://netpress.com.mk/od-odenje-po-bajachi-se-zavrshuva-na-psihijatrija/

    Од одење по гатачи и бајачи се завршува на психијатрија

    Во Македонија има голем број бајачи и гатачи кои наводно можат да ви помогнат доколку имате здрвствен проблем, да ви помогнат да најдете работа, да најдете решение за вашите љубовни проблеми, или да уништат некоја магија ако ви е направена. Од Црквата предупредуваат дека не треба да им се верува на овие лица и дека таквите треба да се избегнуваат.

    Голем дел од нив тврдат дека на сон им се прикажало да изградат црква на одредено место, да откријат некоја света вода и така затскривајќи се свесно или несвесно зад религијата тие ги мамат луѓето да побараат од нив помош за својата мака, а, се разбира, услугите ги наплатуваат.

    Окултизмот е опасна работа

    – Окултизмот е највисоката пројава на паганизмот. Тоа е демонизам во наjсуштинската смисла на зборот. Тоа е кога имате контакт преку ритуали со паднатите демонски сили. Конкретно имате контакт со нив, имате врска и тие ви даваат моќ да гатате, да бидете маѓепсник. Некои луѓе добивале таква моќ од демонските сили со која можеле да прават чуда. Човекот се поврзува со нечистите демонски сили кои го користат како медиум, како преносник, а тоа е опасна работа, вели презвитер Ивица Тодоров, свештенослужител во МПЦ-ОА.

    Има разни бајачи и гатачи кои се измамници и кои тоа го прават исклучиво поради материјален интерес, да заработат пари. Но, голем дел од нив се сериозни бајачи и гатачи кои сониле да изградат црква, да откријат света вода или добиле дарба да претскажуваат. Многу од нив велат дека имале контакт со некои од светителите, како на пример Свети Ѓорѓија, Богородица, Света Петка, кои им наредиле да претскажуваат, не им давале мир во умот, слушале гласови и ги терале да им служат, во спротивно ќе ги казнат.

    Кај оние лица кои немаат врска со христијнство, со духовност и светост, тоа може и да помине оти немаат сознанија што е тоа свет човек. Многумина имаат погрешна претстава за светителите. А, свети човек значи човек исполнет со љубов, добрина, нежност, ослободен од зло. Тој е сличен на Бога. И сега, замислете, таков човек да дојде да ве мачи? Тоа, секако, не е возможно, вели отец Ивица Тодоров, кој објаснува дека тоа се демонски сили кои се јавуваат во таква форма за човекот полесно да ги прифати.

    Не случајно апостол Павле вели дека тие се јавуваат во форма на ангел, вели отец Ивица.

    Ѓаволот не помага туку уништува

    Тој, пред неколку месеци одржа предавање во Куманово насловено „Зошто Бог заповеда да се отклонуваме од демонската стапица на суеверието, окултизмот и паганизмот“, а и често преку социјалната мрежа „Фејсбук“ предупредува на опасностите од одењето по бајачи и гатачи.

    – Куманово го избрав оти, не дека другите делови од Македонија стојат нешто подобро, туку таму долго време се вгнездени овие суеверни, гатачко-бајачки, пагански, окултистички моменти. Многу е интересно дека по предавањето, многумина кои имале контакт со такви лица, ми се обратија на телефон, на „Фејсбук“ и кај мене во црква, да ми кажат дека сфатиле дека биле во сериозно духовно ропство кое кај многумина причинило сериозни душевни и ментални пореметувања. Некои од нив завршиле и во болница. Многу од нив имаат крајно нарушени брачни и семејни односи, затоа што кога имаш работа со ѓаволот тој нема да ти помогне туку има за цел да те уништи. Една тотална деструкција. Злото знае да се маскира. Многу од овие гатачи, бајачи, јасновидци, ставаат икони, градат цркви и со тие нешта ги заведуваат лесноумите и лесноверните, кои пак, одејќи кај нив навлегуваат во една крајно проблематична душевна состојба, вели отец Ивица.

    Тој е благодарен што многумина од МПЦ – ОА сериозно се загрижени за таквата состојба и сериозно работат ова зло да се искорени.

    – Плодовите се евидентни. Ако направам една анализа во однос на нештата како беше пред 5 или 10 години, а како е сега, има голема разлика, но се уште ова зло не е искоренето иaко е намалено. Но, што да правиме. Има луѓе кои се на низок духовен и ментален степен и интелектуално се на таа состојба која се, а исто така не ја познаваат верата, и овие луѓе ги манипулираат, вели нашиот соговорник.

    Бајачите и гатачите како нарко-дилерите

    Отец Ивица вели дека кај лицата кои одат на бајачи и гатачи се јавува страв, имаат немирен сон, многу често сонуваат како некоја темна сила ги притиска, таа продира во нивниот ум и им уфрла зборови, депресивни се, неуротични и Бога го доживуваат како полицаец.

    Тој зависноста од одење на бајачи и гатачи ја споредува со купување на дрога од нарко-дилери.

    – Опасноста е иста, последиците се исти, а тоа се нервно-психијатриските клиники и очистување и од едното и од другото. Кога ќе се навлечете на дрога, на почетокот доживувате некакво задоволство. Исто се случува и во рамките на суеверието и окултизмот. Луѓето за вториве имаат позитивно мислење се додека не ги видат последиците во својот дом од практикувањето на нештата од разните бајачи и гатачи. Кај оние зависни од дрога се гледа зависноста. Оној кој ќе се навлече на дрога има потреба цело време да ја купува, да ја консумира за да ја одржува таа состојбата на лажно заадоволство. Кај оние кои се навлекле на баајачи и гатачи, последицата е стравот, опседнатоста со тоа што ќе им се случи, од кого ќе им се случи. Бајачите и гатачите им велат дека ќе им кажат од каде им е проблемот, кој им направил магија и луѓето почнуваат да чувствуваат страв. Тие им тврдат дека знаат да им јаа „разбијат“ магијата. Човекот кога повторно ќе се соочи со проблем, нема да го лоцира во себе, туку пак оди кај бајачи и гатачи и така се создава зависност од нив. И нарко-дилерите и бајачите и гатачите ги носат луѓето во душевна пропаст, вели отец Ивица.

    Прочистување со помош на свештеник

    На лицата кои одат на бајачи и гатачи може да им помогне духовен раководител кој може да ги доведе во ред.

    Најдобрата заштита од суеверието или празноверието е својата вера да ја исполниме со потполна љубовна доверба кон нашиот Отец Небесен преку Неговиот Единороден Син и нашиот Господ, Спасител и Учител Исус Христос во Светиот Дух и во Светата Црква. А тоа значи дека е потребно целиот наш светоглед и вредносен систем да го втемелиме на Божјата вистина, откриена и запишана во светите книги на Стариот и Новиот завет и засведочена од безбројите праведници и светители, како од старозаветниот, така и од новозаветниот период. Само така најсуштински ќе ја доживееме радоста на нашето духовно ослободување и ќе го разбереме советот на нашиот Господ Исус Христос кој е запишан во евангелието според Јован: “Ако вие останете при Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици, и ќе ја познаете вистината и вистината ќе ве ослободи “, вели отец Ивица.

    Инаку, на Шестиот Вселенски собор било одлучено, оние христијани кои се обраќаат кон таквите кои прават магии, или кон таквите стоначалници (јасновидци, бајачи) за од нив да дознаат нешто што сакаат да им се открие, или да им се исполни некаква желба, по силата за претходните за нив заповеди од отците, истите нека подлежат на правилото кое за нив определува шестгодишно покајание.

    Замислете какви последици носи суеверието, паганизмот и окултизмот ако е потребно толку време, односно шест години, за човекот духовно да се очисти, вели отец Ивица.
     
    На MargaritaD^2, aerodrom, elisabeta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Asiana

    Asiana Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    938
    Пол:
    Женски
    Воопшто не верувам во гатачки и бајачки за мене е тоа апсурдно...
     
  11. Mala Hembra

    Mala Hembra Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Во Гостивар живее таа жена не треба да се закажува ама воопшто не ти препорачувам таму , што знам од тие луѓе веќе мислам дека треба да се држи подалеку ...
     
  12. matilda258

    matilda258 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    и мене ме интересира за Славе било каква информација ... кој знае ако сака да сподели или тука или во лп... фала :)
     
  13. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Sakam Da Prasam dali znaete dali pogoduva Zane od Dracevo Site ja falat ??
     
  14. antoneli

    antoneli Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Девојкии ке сака ли некоја во лп да ми го пише бројот на зоки, што гледа по телефон.... Ви благодарам
     
  15. martina4

    martina4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Za ovaj Slave sakam da vi napisam voopsto da ne odite golem lazac e, jas licno ne sum bila ama bea moi bliski rodnini i takvi gluposti im iznatreskal zenata nemozese da se sozeme eden mesec zgora na se im rekol vi napravile magija na tepihot doma imalo nekoe konce a ovie luge istiot tepih go koristele 30 godini i poradi toa sto im go kazal go frlile no dzabe niti im pomognal niti nisto niti pak nasle takvo konce ,tepih kako tepih site odozdola imaat nekakvo konce kaj lugeto nemaa pari za leb sega moraa i nov tepih da kupat zatoa sto stariot navodno imal magija i go frlija.
     
  16. Mala Hembra

    Mala Hembra Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Ако има тука некој од Прилеп ќе го замолам да ми пише важно е имам проблем...
     
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Дали сте чуле некој гледач да добил на лотарија? :^)
     
    На okcenzi и elisabeta им се допаѓа ова.
  18. martina4

    martina4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    sto vrska ima prasanjevo tvoe?
     
  19. martina4

    martina4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    A ti si cula pop da dobil na lotarija?
     
  20. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    So samoto toa sto e pop , dobil na lotarija :|
     
    На Nausicaa, Valerin, Abeja и 5 други им се допаѓа ова.