Знам дека со инка не се става, ама се молам на некого да му се отворат очите читајќи по некој ред од овие четива со кои изобилува виртуелниов простор. Ама лукавиот ве носи да пиете вода од нечисти извори, по гатачи, бајачи и останати суштества со коефициент на интелигенција рамен на нула и ве одвраќа од правиот пат по кој единствено не упатуваат само Отците на Црквата. Дури сте деца на ѓаволот, дури одите од еден кај друг гатач, бајач и какви не други створови од лукавиот, нема да видите бел ден, не надевајте се да видите светлина од демонот. http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=pouchni_slova&action=details&record_id=165 Четири главни вида на суеверие Постојат, главно, четири вида на суеверие: суеверие кое се манифестира внатре во црквите (отворање на вратата од црквата, курбан, палење на точно одреден број на свеќи, начинот на палење, начинот на оставање парички на иконите, оставање на други предмети или делови од облека да „постојат“ во црквата и други чинења и нечинења – најчесто при венчавките итн.); суеверие кое се манифестира преку одење кај бајачи (гатачи, гледачи, оџи итн.); суеверие кое се манифестира преку народните обичаи и суеверие во хороскопи и во одлучувачкото влијание на ѕвездите. Најлошо од сите суеверија е она кое се изразува со одење кај бајачи и слични, најподмолно е она кое се изразува и шири преку народните обичаи, најсоблазнителни се хороскопите, а најглупаво е она кое се практикува во црквите, особено ако тоа се случува пред очите или со знаење и помош на неуки свештеници, или во соработка (додуша ретко) меѓу бајачи и такви свештеници. Посебна тема е кога и самите свештеници промовираат суеверие. На пример, се случува некои свештеници да извршуваат некоја Света Тајна (Крштевка, Венчавка итн.), а истовремено да вметнуваат во неа и некои елементи на суеверие (врзување на чворови со платна при Венчавка, менување на вода за крштевање или два различни купела за двата различни пола итн., итн.). Но, за тоа другпат. Сега само ќе спомнеме дека свештеникот, како пастир, наместо да го промовира треба да го искористи суеверието кај луѓето и да го преобрази во вистинска вера. Многу е полесно од суеверен човек да направиш верник, отколку да направиш верник од атеист. Тоа барем би требало да е лесна задача за свештенството – со актуелното ниво на духовен развој. Во што се состои разликата помеѓу верата и суеверието? Верата секогашподразбира правилно (црковно-православно) верување во Отецот и Синот и Светиот Дух; личен подвиг (себежртвување) при исполнувањето на Божјите заповеди; учество во Светите Тајни на Црквата (Крштевање, Исповед, Причест итн.) и градење на личносен однос со Бог. Суеверието е неправилно (магиско) верување; личен подвиг (или себежртвување) скоро да нема – особено не за исполнување на Божјите заповеди; учество во Светите Тајни на Црквата скоро да не постои, а и да постои во некој случај, тоа се практикува пак како магиски чин и никогаш (при суеверието) не се работи за градење на личносен однос со Бог, туку чинот се извршува исклучиво заради некаква среќа, некое здравје или некоја друга добивка и интерес. Суеверниот човек повеќе се плаши да не ги погреши или да не ги направи своите суеверни постапки, а не се плаши или не помислува дека со тоа што го прави ги прекршува заповедите на Живиот Бог. Суеверието е најпримитивен начин на верување. Уште една битна разлика што треба обврзно да се спомне е тоа што во подвигот според верата секогаш содејствува и Божјата благодат, додека демонските застрашувачки помисли, влијанија и поттикнувања се постојани следбеници на суеверието. Дејството на Божјата благодат е такво што човек никогаш не се чувствува осамен, несигурен и уплашен; и не само тоа, туку секогаш се чувствува заштитен, радосен или утешен, храбар и полн со надеж и животна светлина – и тоа не само кога му е добро, туку и во најголемите несреќи што можат да го снајдат. Суеверниот човек најчесто се чувствува осамен, несигурен и уплашен (од демонските помисли – немој нешто да не згреши од тоа што му рекол бајачот или од тоа што налага народниот обичај или хороскопот, и сѐ да тргне наопаку) и го карактеризираат разни видови на забележливи невротични манифестации – нема контрола над своите помисли, чувства, а секако и над своите зборови и дела (да не говориме за растројства на личноста и психози како последици, ако и за тоа има психичка подлога). Суеверниот човек е најчесто несреќен и незадоволен, како и склон кон разни зависности. Наголема „радост“ му е еуфоријата, а најчесто е депресивен. Верата е живот со смисла и цел, а суеверието е бесмислен и бесцелен живот. За очигледното суеверие, какво што е одењето кај бајачи и слични, заради правење бели или црни магии, како и за верувањето во одлучувачкото влијание на ѕвездите, нема ни потреба од зборување. За суеверието во народните обичаи кои најчесто се случуваат при разни радосни настани (венчавки, крштевки, празници, градби, почетоци на некој бизнис итн.) или тажни настани (погреби, болести и разни други несреќи – од кои човек бара избавување), како и за суеверието што се пројавува во црквите, треба посебно и постојано да се говори и да се потсетува затоа што е уште многу присутно во народот. Тоа е, како што спомнавме погоре, должност на свештениците кои постојано и непосредно се среќаваат со тие појави на терен. Посебно што суеверието е толку раширено и опасно што целиот наш народ го остава без Божјата благодат и постепено но сигурно го предава во рацете на неговите непријатели. Важно, кај сите четири вида на суеверие принципот е ист: ако човек направи нешто – дали ќе жртвува животно (таканаречен курбан), или ќе исполни нешто што бајачот ќе му нареди (дали ќе носи некоја амајлија или кое било друго дејствие), или ќе исполни нешто што е согласно со народниот обичај за соодветното случување, или ќе постапи според хороскопот – тој „верува“ дека доследното извршување на обичајот (или правилото) ќе му донесе здравје, среќа или некоја друга корист или интерес. Човек, значи, „верува“ дека на некој автоматски (магиски) начин, без Бог, само преку некакво одредено чинење или (поретко) нечинење, без никаква мака или со малку пари, ќе си ги оствари своите желби и интереси. Бидејќи, во целиот тој магиски пристап кон животот, личен однос и заедница со Бог скоро да не постои како опција, а за личен подвиг, покајание и исповед, како и Причест со Светите Христови Тајни најчесто не станува ни збор, се поставува следното нормално прашање за оние кои тоа го прават: Ако на Бога не Му служите и ако со Бога не заедничарите, сте се запрашале ли чии слуги сте вие и кој ви помага при остварувањето на вашите очекувања? Затоа што демонот е лажго и човекоубиец од почеток и може да исполни некои ваши магиски барања (ако заради вашата упорност во гревот на суеверието Бог тоа го дозволи) колку да ја улови вашата душа, а откако ќе му паднете во раце, секако ќе ве повлече со себе на патот по кој тој тргнал. Ама тој пат не е вистински Пат, Живот и Вистина – не е вечната љубов и слобода на Богочовекот Исус Христос, туку е вечна погибел и на душата и на телото. Затоа, заради Богородица, Боже, биди милостив кон нас и дарувај ни покајание и просветлување за да можеме да го препознаеме и да отстапиме од секое демонско суеверие, кое нѐ одделува од Тебе и Твоето Царство. С.Н.С.
И тоа црквата го кажува. Одлично. Еве се каам и сеа ќе одам кај првиот поп, за ми помогне. Пфффффффффф
Јас сум сведок дека Дуле помага и погодува. Да за иднината ми кажа иако за тоа не отидов, па не ми беше важно, а за проблемот -маката што ја имав ми помогна, така што ми кажа точно во кој манастир да одам и која вода да ја земам и на кој светец да му се помолам. Прв пат слушам дека Дуле некому не му помогнал, а сум слушнала дека не им се замара на тие кои имаат нечисто срце. Еднаш пишував и како избрка две жени и тоа им се дереше многу, а они сиротите пред неколку години биле на другата страна и си правеле лоши работи. Ееее сами си кажа. Има тема посебна „дали верувате во маѓии“ и тамо може да се искажете. Оваа тема нека си биде за тие кои веруваат во гатање и баење и за информирање. Ако не тогаш нека се спојат двете теми. Не знам зошто некои од петни жили се вадат да докажат дека ние сме забегани, заостанати или демони. Абе не треба нас да не разубадувате, си знаеме ние во што и зошто веруваме. Мене па ич не се ни трудете, си го доживеав и поминав јас тој дел. Фала му на Исус мој најубав што ни испратил луѓе што помогаат. Еве теми каде што може да си кажете дали верувате или не верувате и зошто http://forum.femina.mk/threads/Дали-верувате-во-магии.290/page-53#post-2348449 http://forum.femina.mk/threads/Дали-верувате-во-уроци.14696/ Стварно темава стана непрегледна од истите што не веруваат во тоа, а киснат на темава. По 1000 пати се прашува за дуле, а 3000 пати е одговорено. Е нормално не може да се прочита од атеистиве. Видете ако верувате во Бог, тогаш знаете дека постои и оној другиот. Ако сте атеисти, немате потреба да бидете на темава. Пак ќе ви кажам, немојте да не разубедувате. Нема да успеете. Посебно нема кај таквите како мене што го осетиле и виделе тоа. фала многу пријатно
јас си верувам во Господ , сум била по гатачи , и мислам дека тоа не е грев бидејки не правиме ништо лошо , е сега друга работа е дали знаат да предвидуваат или не знаат да предвидуваат за моето искуство имам пишано неколку страници назад , но не сметам дека тие што си веруваат во нив дека се демони , дека се деца на ѓаволот и слично, и тоа што пишете извадоци има друга тема РЕЛИГИЈА пишете таму а овде оставете простор за тие што имаат искуство со гатање и бааење !
Голем дел од народот се нарекуваат Христијани а живеат сатанистички, бараат помош од бајачи, гатачи спротивно на Божјата воља. Незнаат во што веруват, гинат во незнаење, практикуваат традиции, форми и обичаи и мислат со тоа му угодуваат на Бог а со срцето се далеку од Бог. Кој се осветува нека се осветува повеке а кој греши нека си греши и понатаму, секој си има слободна воља да прави што сака, но на крај Бог ке суди.
Истиот тој Бог, кој го жртвуваше синот свој, која пак кажа дека ке испрати луѓе за помош? Ако е тој истиот Бог, тогаш нама грешници тука, туку христијани. Грешници се оние кои лажат и мамат за пари.
Се согласувам дека според Библијата се забранети, јас сум за тоа и верувам дека е исправно тоа што е напишано. Но сепак доколку некој човек си има било каква мака треба да си побара решение. Бог е голем и ке прости ако секако му се помолиме со чисто срце.
Znaci toj covek mene se mi pogodi, i mi kaza tocno sto i kako....kaj nego se odi od rano nasabajle, znaci kolku mozis porano - toa dobro...inaku ima denoj kaj nego sreda i sabota se odi, ama ti velam i vo 5 satot sabajle ako mozis da odis odi oti golema guzva se praj i mn se ceka....a plakas kolku sto imas, nema nekoja tarifa coekot da moras tolku i tolku da platis....
Вујна ми ја однесе баба ми на вакви бајачки, без да знам. Не ги пиела апчињата, бајачката и рекла само од света вода ќе пиеш од некој манастир, ќе оздравеш. Направено и било од комшика. 4 дена без апчиња, баба ми умре. Бајачката кај која некои од вас советуваат да се оди, уште е жива и богата. Вината е нејзина и на вујна ми. Да појаснам, на 60 години умре, од болест која можеше уште долго да ја контролира. Ама неука и проста жена беше, и веруваше во вакви работи, кои ги плати со живот. Ако некој советува дека треба да се слушаат бајачки, нека ја сноси и вината од несреќите после. И да, во затвор има 15тина бајачки. Некои од овие што советуваат кај да се оди, земаат и некој денар за носење луѓе, па нормално, после тоа се и соучесници во ова. И за нив треба затвор, ако јас се прашувам. И да, темата е бајачки и гатачки, а не искуства со гатачки, не кај да одам, туку општа. И секој може да си каже се што мисли за овие зла. Да беа вистински и добри, немаше да има доктори на светов, се бајачки ќе беше.
Не зборувам за жена што има врска со водички и такви работи .. само една ромка што гледаше на кафе и од мое лично искуство ви кажувам дека ми погоди 99 % ... стварно не и го знам името тоа беше многу одамна пред едно 4,5 години
Мислам дека знам за која жена зборуваш блиску моето маало живееше Садет така нешто да и јас знам дека таа лажеше ако зборуваме за истата
Dali ima nekoj broj od nekoja baba vo lisice sto gleda na kafe ,i od mare kaj malaga ,imam slusnato za taa mare ama mi rekoa deka bila preselena??