Не е во соодветна тема, но ќе се надоврзам на @anakonda88 во Бигорски одам секогаш кога можам, си останувам на ручек и ништо ама баш ништо не плаќам. Башка интересно ми е да се дружам со зависниците кои се на лекување тамо. Исто кога одам и во Рајчица. Е сега кога одам кај нас во главната црква или во другата, секогаш за се плаќам, уште влезот да го наплатуваат. За Фануриј одам во главната црква, со месена пита и попот ми зема 300 денари. Свеќите ми ги наплати по 100 денари и темјанот 50 ден. На крај ме праша дали сакам и светено масло. Не нема да сакам. За св Никола ги пееше погачите групно, ама пред да почне да пее гласно кажа сите да извадат по 300 денари на маса. И јас немав ситно па кога дојде до моите 500 ден, јас си чекам да ми врати, тој се прави мутав. Почекав да заврши со сите и му викам јас во дадов 500. Тој се насмевна и ми вика чедо Бог не враќа кусур, и јас на тоа викам да ама попот мора да ми врати. Тие што се од гв знаат дека зборам за попот Андон, кој има две деца ( син и керка) и кој ги направи најубавите свадби и кој има 3 коли. За крај не заборавајте дека Мудрецот наш рече „ јас не сум во градбите од дрво и камен, туку јас сум насекаде околу вас и во вас. Некој погоре спомна дека гледачите не оделе во црква и нез што. Јас знам две жени кои изградиле цркви, кои помогнале на многу и кои денар не зеле. Едната е во Катланово, а другата пред Охрид. Двете гледачки/бајачки како сакате, кои помагале само со молитви. Фала многу прјатно
Еве јас го кажав нашиот. Се додека се алчни нашите попови, се до тогаш луѓето ќе се оддалечуваат од црквата. Немој да ми речете дека и тие мора од нешто да живеат, точно е, но не смеат да ставаат тарифи. Исус не стави, апостолите исто. ЈАС секогаш кога одам во црква гледам да оставам што повеќе пари ( колку ми се можностите) Незнам кога последен пат сум фрлила парче гардероба или постелнина, дека секогаш ги носам во Рајчица. Носам брашно, зејтин, сол шеќер, овошје, ориз, зеленчук и тоа не во мали количини. Мајками шиеше наметки за групното крштевање на Матка, безплатно, со нејзин купен материјал ( оние бели долги наметки со црвен крст на грбот)
Господ во Евангелието вели ако братот твој ти згреши еднаш искарај го на само, ако ти згреши втор пат кажи го на Црквата, ако ти згреши три пати слободно сметај го за цариник и незнабожец. Прашање, дали Вие ова што овде го пишувате сте му го кажале на владиката? Ете следниот пат кога ќе дојде владиката кај вас накодошете го попот. Па ако и после тоа не се поправи слободно пишувајте по форумите, па и во сите контактни емисии јавете се и кажете попот (име и презиме) од (градот), постапува така и така, му кажавме и на владиката (името) и тој ништо не превзеде.
докажи им на овие , али види за цениве не коментираат а на алфа тв пред една недела имаше емисија за поповите и од сите градови се јавуваја , во ск некаде земале за пеење на лепче по 800ден , некаде во валандово по 500 ден итн . значи толку беа револтирани луѓево , бидејки и тие го кажуваа ова ИСУС ИМ ПОМОГАЛ И ДАВАЛ НА СОРОМАШНИТЕ , А ПОПОВИТЕ КРАДАТ И ЗЕМААТ ОД СИРОМАШНИТЕ !!! и нивните бесни количиња ги коментираа , само овие изгубениве случаеви што киснат на темава гатачи и бајачи а не веруваат во нив , кажуваат тие биле чисти души , а паричињата не ги коментираат , пак ке кажам АРАМОТ АРАМ ОДИ
Го чекам името и презимето од Вашиот парохиски свештеник. И за кодошењето кај владиката од погорното писание важи и за Вас.
@anakonda88 му благодариш на Бог за лошото што некој го снашло? Браво, вистински верник Дали земале пари или не - мање битно. Гледачи, бајачи, магии од црквата и од Бога не се признати, значи јасно е дека тоа не е ''дар од Бога'' како што многумина од нив тврдат. Тие можеби одат во црква, ама па црквата никому не забранила да влезе. И џабе ви е што одите во црква, а после трчате по бајачки, ако верувате во Господ почитувајте го тоа што е запишано во Библијата. Поповите нормално дека ќе земаат пари, тие за тоа се образувале, ај па без пари да работат, не мора тие да јадат. И тоа е професија како и секоја друга иако е поврзана со религијата, срамота е вака да зборувате. ако не па оди кај бајачка да те венча, нема друго чаре.
Пари за градење на Црква може да даде секој кој што е финансиски моќен. Тоа не значи дека е во ред што се изградил храмот. За негова изградба мора да се добие соодветна дозвола. И јас познавам самопрогласена врачарка што сакаше да гради храм, Слава Богу не и дозволија. Ти знаеш што ќе стане ако му текне на секој втор да гради храм оти му се видело нешто на соне или човекот си има умислено дека поседува којзнае какви моќи? И не, гатачките и бајачките можеш да ги најдеш секаде освен во Црква. Ако одиш во манастири само за да учествуваш во трпезата и да помогнеш преку донација, аман нема потреба. Помагаат луѓе таму и бездруго. Оди за да се спасуваш. Искористи ги посетите во манастирот за да поразговараш со браќата и сестрите монаси, прашај ги што мислат за глупостите како што се посетувањето гатачи и бајачи и пренеси ми што ти рекле. Може? Мудрецот, кој мудрец? Мислиш на Единородниот Син и Господ наш Исус Христос? На која деноминација припаѓаш ти всушност?
@Orthophill те почитувам многу, па те молам не ме растажувај со вакви постови. Имавме еден друг поп, попот Аце. Години го дереше народот. Многу луѓе се преправаа дека не се дома кога идеше да свети вода пред Велигден. Знаеш дека тој поп, ако му ја кренеш мајтијата се ти е псростено, посебно ако си млада и згодна. Секоја вечер беше со проститутки по кафани. Тој истиот поп наутро камен пијан држеше литургии зјапајќи во туѓите жени и години беше тоа така. Многу луѓе се побунија ( пошто ти спомена владика) и после долго време го тргнаа од неговиот “трон“. Е за тие години, многу жени и мажи се оддалечија од црквата ( пошто во гв се само две цркви), баш поради него. Некои одеа во другата црква, ама па тамо работат две женички што во раце те гледаат колку ке оставиш. Ти оставаш работи и им нагласуваш дека сакаш да ги дадат на некој сиромав со деца и тоа им објаснуваш по половина час, тие пак за себе си ги земаа. Имаше еден оџа во саат кулата ( џамијата) е тој си го доби на најубав начин. Незнам дали знаете како е во џамија, но тука ѓените и мажите се поделени. И жените кои клањаа немаа мир од него. Овој дури гледаше и на куран. Додека држи предавање и молитва зјапал во жените, па на некои дури им кажувал дека многу им било направено и ги терал да одат кај него дома да им помогнел. Арно ама некоја кажала на мажот ( немале деца) дека кога била кај него тој ја допирал и овој собрај тајфа, па го направија попара, од ќотек.
Анаконда, драга, ако ти беше во Црквата прво, немаше да користиш ваков речник второ, ти можеби одиш во црква, но кратко, колку да запалиш свеќа за здравје, бидејќи поинаку не знаеш и тоа не е потполно, туку делумно твоја вина трето и најважно, не ги посетуваш и отстојуваш Богослужбите во наведените храмови, оти да беше така, ќе стоеше рамо до рамо со мене ти простувам што лажеш, која сум да не ти простам, па уште и во Велики пости... но тебе те нема во Црквата и дефинитивно ти недостига исповедта и Причестувањето еве сега со новата постава свештеници имаш прилика да почнеш.
Оф муко... темава...ми скорива гадови и јадови. Не сакате да си го средите животот сами, па бајачи ќе ви го средуваат, да ви кажуваат што ве чека, кој зло ви направил... а они поголемо зло од човек сам на себе нема. Од главите си патите. Уствари...да баталам...
Мислам дека најкревки пред оној сме кога сме сами и слаби. Најлесен и најсладок плен сме тогаш. А кога остануваме такви и не се осмелуваме да побараме поддршка од страв од осуда или пак од страв од злоупотреба, делумно е наша вина, а делумно е и вина на оние коишто не успеале и не сакале да ни` влеат доверба дека ќе не` поддржат кога почувствувале дека истата ни` е потребна. Строг пристап не е добар ни за нас ни за оној за кого ни` е наменет. Одговорноста за нашите искуства не е еднострана. Моето искуство не ми дозволило да генерализирам, уште помалку да ги ставам на исто свештените лица и бајачите. Но, тоа не е успех од моја страна, туку успех на тие и на други побожни луѓе коишто имаат таква моќ да продрат во нечија душа.
Moze li nekoj da mi pripomogne da dojdam do povece informacii za toj bracen par vo Kumanovo (tel broj ili adresa), koga moze da se odi kaj niv i na sto gledaat, slika, obleka?! Moze da svuci cudno ama imam cuvstvo dea nekoj nesto mnogu mi ima napraveno.
Sakam da prasam dali moze da mi kaze nekoj za Slave od Aerodrom i Caci od Micurin, ziveam vo blizina a ne sum cula za niv dvajca ? Caci da ne e taa sto pravi natalni ? I sekako dokolku bil nekoj kaj ovie dvajca pisete iskustvo
Ве молам кој знае за некоја гатачка/ бајачка во Битола и битолско што гледа и знае да погоди??? Ве молам помогнете и кажете ако знаете некој/а си имам проблеми!!!
Во Битола познат е Славе од Кравари јас планирам да одам кај него .... како што прочитав задоволни се од него
Ми го избришале постот, веројатно оти не смее сам себе да се рекламираш, освен ако не си Славе од Кравари, Митра од Делебалци, Рајна од Свирипичино или Ризо од Долно Дупени. Абре јас сум Чка од Фемина и бајам на сите над 100 мислења! 90% погодувам се што се случило до сега, и 50% за иднина. Можам со сигурност да претскажам се. Живеам до џамија, ако тоа помага.
Не сакам ова да изгледа како реклама, но ова што се врти по ФБ и читам се пофални коментари, ме привлекува,чисто за забава. Дали некој се има јавено да сподели искуство? https://www.facebook.com/besplatnoproricanje А кај некоја Цеце од Кавадарци на икони гледала сте слушнале? Дали имате број да ми пишите во ЛП?