За оваа на фб Ангелика не пишувајте пораки,вистина е дека е перење на пари..Пред некој ден брачеда ми вика ај да пробаме и ајде има два телефои едниот со претплата,другиот со картичка.На тој со картичката не ја прифати пораката а со претплатата да,и личноста беше потпишана како јелена розга и пишува испратете 7 пораки за да ви предвидам за среќа,испрати па после вика испратете 15 за да ви предвидам за љубов и видовме дека е лага..По 5 мин ни стигна порака дека е број со посебни услуги и цената за пораките е 1700 ден. Инаку,сакам да одам кај Оливера од Дедебалци..Бев во вторникот ама не работела,работела само во понеделник среда и петок.Бев и денес ама не работела оти било Св.Атанас џабе патот..Многу ја фалат,ама никако да се сретниме ама упорна сум и ќе одам среда пак,не е никаков празник...Па ако има некој искуство со неа нека пише
јас имам големо негативно искуство кај неа , имам пишувано назад на странава , да не го кажувам едно исто , и други има со негативни искуства , кој ти ја фалеше неа ?? јас искрено би ја споредила со вештерка мн лоша и негативна жена
Може ли број од Марина?Да не е жена на 50 години со плава коса, сега веќе и очила носи?На карти ли гледа?Колку зема и дали навистина погодува?Мене на тарот ми гледаше жена пред 10 години и друга пред 4 години, и некои работи се поклопија, ама некои сеуште не се оствариле и не знам дали и ќе е остварат. Не знам дали погодија на среќа или знаат да гледаат. Би отишла и кај трета од љубопитност.
Па искрено луѓе што ги познавам,многу ми ја пофалија,им помогнала....Среда ќе одам пак па ќе видам конечно дали ќе се најдеме...А малку ми беше страв искрено од неа кога ми кажуваа дека кога ти гледа била свртена со грбот на кај Сонцето,па ти предвидувала за во иднина..Не примала само ако пред да дојдеш кај неа си имала односи,или пак имаш биолошка....Сум читала на други форуми и ја фалат и ја кудат..Незнам што да мислам
и јас имам поделено мислење за неа од форумиве што читам.... па ако сакаш те замолувам споделиш со нас
појмА немат од животон таа , кое свртена со грб жити све хехехехеее мој совет е да не си ги трошиш парите и да се распрашаш некој што вистински знае , имаше една што по сите форуми ја фалеше неа можит и е некоја роднина или познаничка , и коа отидовме тами за џабе трошење време и пари , или ти појди си ако си сакаш можит сега не е више така лоша како тогаш можи ѓаволот излегол од неа
hahaa da od turska serija e ,samo postaviv prasanje dali go poznava nekoj neznam sto ima smesno tuka.
Бев и се уверив во она што го кажа..Жената врска нема ..Се изначекавме,имаше луѓе кои што навистина беа дојдени од голема мака а имаше и некои кои што дошле само од радозналост,ние бевме отидени од 4и 30 и имаше список на кој се запишувавме по ред.Потоа Оливера кажала да не се оди по списокот туку како што сме дошле и да се искини списокот и ок го искинаа.И сега како што гледавме имаше едни со мало дететнце,ние,и уште двајца мажи требаше во првите три да влеземе ама таа први си ги прими пријателките и една стара жена која мислеше дека не ја гледаме и сврти од другата страна на дворот.Ај што чекавме,дојде редот и на нас,,Влегуваме со братучед ми,носев црни пантолони црна трењерка на цела жештина надвор,и башка ја зедов трењерката од братучед ми како сукња ја врзав и кога влегов собата беше цела со икони а таа шепотеше и некои чудни крици испушташе..Ме виде и ми вика кај си тргнала вака мори чупо и братучед ми и вика Остај мало ни е чупето иначе 17 год имам хахах и оваа вика колку 11?Не и викам.Колку 12?-Не.Колку 13,14?-Не и викам тетко немам толку.И ми вика не смеам да ти гледам се знај то шо не смејме не смејме,дај ми маица ако имаш и излези.Добро и викам еве ти маица(од мајка ми)..Братучед ми остана и го прашувала на кого е маицата?Па нели ако е гатачка таа треба да знае на кого е.И тој и кажал дека е на мајка ми.Па после тоа го прашала дали постел или јадел мрсно?А ние в кола јадевме а и другите кои што влегуваа јадеа никој не постеше колку што знам и кажал дека не постел и него го избрка..Му рекла демек без постење во понеделник да дојдите хахах и дека работно време тој ден и бил до 12ч..Џабе парите и џабе потрошеното време.Зборувам парите за бензин затоа што не и оставивме.Незнам можеби на некој помогнала,ама по она што го видов жената нема благе везе со животот.Примаше жени со минич а мене цела покриена не сакаше да ме прими,пукнав толку време на цела жештина.А можеби так аи е полесно,многу луѓе половина ќе ги врати,ќе бара некоја причина...А читав толку позитивни работи за неа,в крај се разочарав.Па за во понеделник закажав кај една друга,не бара ни да постиш,ни сукњи ни такви глупости.Па ќе пишам и за неа
девојко јас ти кажав , слично и мене ми направи , жената има очигледно психолошки проблем , ти кажав дека постои личност со разни профили и ја фали по мн форуми , не само не на овој форум туку и на други форуми , ете сепак не излегол ѓаволот од неа
Јас сум била кај Оливера од дедебалци така покрај една другарка ,да ви кажам дека жената треба прво да си го бара чарето да се лечи и да го избрака ѓаволот од неа значи ако не гледа ако не претсказува иднина како што е лажи гаволот кој се преправа во светец демек е светец па ја тера да помага а таа не е свесна дека тоа е гавол ,значи ако не ''помага'' ке ја уништи или нејзе или некој близок како што го уништи нејзиниот татко кој не и дозволувал да биде гатачка ,нека се свести жената нека се спаси пари навистина ке заработи но она таа што го прави е демонско
хахахахаххахах ме изнасмеа со ова, само што сакав и јас истото да го пишам...Само ми е жал за луѓето што имаат маки и пробале да си најдат чаре, а такви демонки и земаат парите за џабе Абе смешки