Jas bev Vo Petokot treba vreme da pomine pa da vi kazam Eve Drugite sto kazuvaat ... 2 to e povazno citajte 1 ) Прекрасен човек и навистина има што да каже. Навистина сум и благодарна за се што ми кажа, ме посоветува и ми помогна. А ако сакате за некој друг да гледа понесете си слика од таа особа...нема да згрешите дури и само ако од љубопитство отидете. позз 2) Благодарам за контактите од Жане. Потполно се согласувам со твоето мислење за неа. Инаку, Жане лично ја познавам уште од времето кога немаше три мобилни, туку само еден фиксен телефон обвиткан со слоеви селотејп како последица од деноноќните повици за помош. Уште тогаш Жане ми остави впечаток на стабилна и сериозна личност со исцрпни познавања на материјата и длабока емпатија за човечките страдања. За оние кои не ја познаваат, Жане е излезена од катедрата на далеку попрочуената госпожа Лепа од Драчево, која пак има специјализирано во Визбегово, кај доајенот на македонското гатање и јасновидност, госпожа Везирка. Се сеќавам дека Жане, уште како гатач-приправник имаше совршен однос со клиентите, многу темелна дијагностика и ултра-прецизна јасновидост. Уште неседнат, рутинирано ми ја погоди возраста и името (иако бев маскиран со капа и темни наочари), ми го погоди (и тоа во обратен редослед) матичниот број, како и имињата (и надимаците!) на моите комшии на двата спрата под мене. Тогаш не носев слика од особата за која барав мислење, ама се погоди да носам рентген снимка и крвна слика пошто се враќав од Државна. Жане не само што ѝ го погоди името и дијагнозата (имаше скршеница како последица од удес), туку до децимала го погоди бројот на леукоцити, еритроцити, липиди, како и нивото на прогестерон. Жената што стоеше зад мене, стаписана од ваквото ниво на прецизност, ја испушти живата кокошка од раце и кокошката го скрши вратот на прагот од чекалната. Мислам дека ова доволно зборува за каков голем талент станува збор.
Сум била до сега кај неколку, на кафе, на карти, на маици.. Ама не верувам во тоа само идам од забава интересно ми е..
Имам слушнато за Славе од кравари ама и тоа што го имам слушнато не е нешто посебно значи не некој пофалби.Јас имам одено кај една жена незнам како се вика во Буково и вистина се што ми кажа ми погоди немам збор.верувам во тие работи откако ми се случија некои настани отпосле.А пред 2години бев кај гледачката во Дедебалци со една пријателка ама ништо посебно ни мене ни неа не ни кажа а плус пријателката беше за да и кажи дали ке имаат дечиња ама сеуште ништо за жал,а и кажа дека ке биди...незнам
Феминки да не има некој број или знае како можам да стигнам до човекот од велес што гледал и растрал магии?
Јас искрено не верувам во баење и гатање. Но има некои луѓе кои точно кажуваат зависи ама има и некои кои гатаат само за да земат пари. Во наша близина има една жена која бае или гата нзм ама секогаш точно кажува и никогаш не бара пари вели дека тоа и дар од бога
Не ми е јасно едно - интелектуалки, високообразовани, начитани, некои се магистри и доктори на науки а овде баење и гатање. Де бе луѓе бе аман !!! Се е во главата и во мозокот. Ако веруваш во тоа, тогаш и потпаѓаш на влијанија.
Како да не веруваш???? Одеднаш ти снемува од дома нешто и никако неможеш да го најдеш , наоѓаш крв пред врата и сето тоа донесува до резултат да правиш нешто несвесно или да се расправаш со сопругот за ништо? Верувам и тоа како.. Дали има некој број од душко или некој друг што гата бае? moze i vo lp
Majka mi nasle vo dvor na drvoto zakaceno nekoe crveno plasticno I vnatre jajce. Dali nekoja imala slicen slucaj ili mozebi znae nesto vo vrska so toa..
Од љубопитност имам посетено вакви предвидувачи на иднина. За Жане од Драчево сите што прашувате не сум задоволна лично јас воопшто. Тоа што го има цитирано Ана вториот дел е иронично кажан и преземен од друг форум и не е вистинито мислење. Ме прими набрзина и едвај чекаше да заврши не се задржав ни 10 минути а имав закажано ниту ми дозволи да и поставам некое прашање. И тие две три(буквално) работи што ми ги кажа може секој обичен човек да ви ги каже. Дава ливчиња со молитва и си има тарифа 250 ден по човек( на луѓе со тарифи не верувам воопшто) а за амајлии од 1000-1500-3000. Не ми остави добар впечаток ниту како личност ниту како гледачка. За Илија исто не кажува конкретни работи и си нагаѓа имиња за кои не ни кажува зошто ги спомнал а и пола може нема да имаат никаква врска со вас и ќе ви даде лист да си изназапишете работи што треба да ги правите т.е. да се молите и некои ритуали што дури и премногу ќе ви се видат за изведување. И тој не ги задоволи моите очекувања. Можеби вие нема да бидете толкав баксуз па ќе ви се погоди нешто
sega zivee kaj Restoran Sime vo karpos ...vo edna nova zelena zgrada ..sum bila kaj nea megutoa odamna ..a i go izgubiv i brojceto..zenata e ekstra ..dokolku go imas brojceto pisi mi go ..fala