Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гатање, баење

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kiki-riki, 21 ноември 2009.

  1. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    8.243
    Бев кај една самоука гатачка,пред 1,5/2години. Како демек на тарот карти, што ти знам, погоди нешто минимално, ама не се вратив веќе. Смешно ми е сега стварно, кога ќе се сетам, на две другарки и рече принцот на белиот коњ ќе им дошол. Уште се сингл и 2те па видете сега колку погодила :D
     
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Пред се, многу сум скептик за вакви работи.
    Еднаш се изнервирав, кога видов летоци растурени по зградата, од еден гатач и бајачи на нив пишува како лечел леукемија,сида, карцином, парализа, слепило....се она што науката и медицината немаат лек.
    Кога човек се дави, се фаќа и за сламка, па од зор оди кај вакви „исцелители„ кои заработуваат на туѓа несреќа.
    Ама кога има овци има и волна-кај истиот гатач била некоја жена, да менувала боја на очи. И баел и и кажал до дома да не се гледа во огледало.Му фрлила дебели пари и нормално ништо од менување на бојата, а со тие пари ќе купела 2 пара леќи во боја, па ќе имала какви сака.
     
  3. nana2112

    nana2112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    408
    здраво на сите и јас не верував многу во тоа дека постојат и такви луге дека сакат да му наштетат на некој човек јас тоа го осетив на своја кожа од една наша блиска роднина поточно од страната на мажот ми и еве веЌе 6 год сум во брак и сеуште немаме деца и еднаш започна расправија со мажот ми и му рече аир да не видите од деца да не држите деца во раце и еве веке мака мачиме незнам каде веќе каде и да одам
     
  4. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Значи оние кои веруваат се плитки? |(
    Секој со свои искуства...некој ако верува верува со причина, ако не верува не верува со причина!

    Знам луѓе кои дале пари но им се средиле работите, лично сум гледала хорор ситуации од кои луѓето на овој начин излегувале и затоа верувам во тоа ( а сепак и јас не се сметам за плитка особа) ;) !
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    А да ми го прочиташе последното мислење на темава?

    Реков можеби помагаат, но јас лично НИКОГАШ нема да отидам... Ако треба некаде да отидам, тоа е во Црква, да се помолам за мир, среќа, здравје и пари. Затоа што таму ми е местото и не планирам да си ја продадам душата за да си задоволам телесни потреби. Ќе страдам, ама на бајач не одам. Ни мои деца нема да однесам, ма што сака нека биде, нека се виткаат од плачење, какви ми ти уроци, никогаш нема детето да си го осудам од мало да го носам на бајач! Ќе го крстам додека е сеуште мало, па ако ми е плачливо ќе си го носам во Црква, ќе го измијам со светена вода или ќе му оставам блузиче таму да му отстои. Милион пати подобро, налет па и поефтино отколку да го носам на бајачки и вражалки и такви ми ти други створења и самопрогласени исцелители (ѓаволштини)!!!
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Колку брзо и лесно се лепат етикети само заради различен начин на перцепција на работите :^)

    Ѓаволи, демони, вакви онакви. А што правам јас која не сум верник? Која не одам во црква? Која имам доволно свој здрав разум за да верувам во нешто што - не сум видела? Да речеме м?
    Треба ли за секоја болест ако ми е лошо да одам во црква? Да се прскам со светена вода кога бре не ми иде и тачка. Не верувам во силата на светената вода која два - три пати ја испрскал со темјан после две, три чашки ракија некој поп, а - у, ај за арно за убаво, за многу години амин, полнете народе! |(

    Ууу која сила!

    Ете, имам друга перцепција, и можам исто на некој начин да го потценувам она што се разликува од она во што верувам јас. Како што веќе сторив колку за пример. Можам да ги потценувам верниците и оние кои киснат во црква. Но не знам зошто би го правела тоа?! Имам разбирање како за едните така и за другите и имам најдлабока почит. Нема потреба од етикетирање.

    Јас реков, верувам - не верувам. Додека не видам резултати, не верувам. Познавам еден човек кој несебично им помага на луѓето и очигледно има некоја си енергија. Нит бара пари нит ништо.
    Содома гомора, ѓаволот сигурно го испратил. За да помага. Абе ајде...дајте малку поотворено со мислите и помалку агресивно со изразите.

    Впрочем никад се не зна - утре ќе ни помогне токму оној, во кој никогаш не сме верувале дека би можел тоа да го стори ;) И можеби светената вода во која не верувам, можеби баш ќе ме спаси од нешто.
    Јас ја оставам вратата отворена. Јас не ја треснувам со сила и со лутина за нешто што доволно не го познавам :)

    Светот е еден голем прашалник. Којзнае дали тоа што мене ми го кажува некој поп, не е баш така како што тој тоа го вели?!
     
    На ivebloopbleep, Sunchild, snegulka21 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Дедо ми беше многу тешко болен пред да почине. Доктори не можеа да му помогнат, а болеста му беше ужасна, со неподносливи болки. Слушнал за некој човек во Источна Македонија (не знам точно кој град), и на цела мака и болка тргна со автобус да оди кај него. Му дал човекот едно шишенце со течност како мастило (малечко колку оние за прополис), му рекол да мачка на раните и му побарал 5000 денари.
    Е кога имаш таква мака и барем мала надеж за спас, ќе дадеш колку ќе ти побараат, тоа е. Дедо имал само 2000 во него, а другите со цел ум му ги пушти на сметка кога стигна дома.

    После истото шишенце, истата течност по состав, мирис, случајно ја најдовме во аптека за четириесетина денари. Не мора да кажам дека не му помогна воопшто тоа што му го даде човекот, само не знам каде ќе му оди душата на таков измамник што користи од луѓе на смртна постела.

    Така, сакав само да ви го раскажам случајов, ако верувате во такви работи, барем не верувајте кога ќе ви побараат пари, се знае тогаш целта. И не велете дека на тоа се лажат прости неписмени луѓе, не беше таков дедо, беше само човек на мака.

    Јас не верувам.
     
    На Serafima и snegulka21 им се допаѓа ова.
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    не верувам и никогаш не сум била а баење или гатење, макар што еднаш додека седев во центар во еден кафиќ сама, една жена помина ми побара цигара и реков дека не пушам, и само ми се насмевна и почна да ми зборува за мојот живот онака чисто без никој ништо да и каже, она зборува јас ја слушам се смешкам ама почна телово да ми се треси немаше една работа да не ме погоди во срце ама не реков ништо, женава на крајот ми вели знам дека не веруваш во вакви работи но ако сакаш можам да ти го кажам лекот за работите да ти тргнат напред ( во тој период мн малер ме биеше :D ) иако знам дека нема да го прифатиш, јас и реков дека е во право и дека не сакам ништо, ми побара пари за цигари и јас и дадов и си замина...

    е тоа е единственото мое искуство со гатање што до ден денес незнам да си го објаснам,
     
  9. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    верувам.. има стварно што знааат да погодат,да предвидат.. многу ми имаат помогнато !
     
  10. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Доволно ми беше тоа што го прочитав и стриктно за него зборев! :)
     
  11. tonicka

    tonicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    13
    Девојки ве молам ако може да ми кажете за жената од Дедебалци,мислам Оливера дека се вика.Дали бил некој кај неа во скоро време,дали има телефон и каде се наоѓа?Имам голема мака,ве молам за помош..
     
    На narcis2011 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. leona-mari

    leona-mari Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Каде се наоѓа Дедебалци?Ме интересира,ако е блиску и јас идам.
     
  13. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Во близина на Битола
     
  14. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Во близина на Битола,број немам,а знам дека стварно многу знаела,и дека се чекало многу ред,прво требало да идеш да се запишеш на список и да чекаш на ред по број,и по 180 луѓе имало на ден.и морало да бидеш во сукња облечена,не смеело панталони.И знам дека на христијани само гледа,на муслимани не,значи мора да е крстена особата.

    п.с. заборавив 1 другарка беше таму,на тел не можеш да ја најдеш,не закажува по тел мораш лично да идеш таму и тоа одредени денови...распрашај се точно.Поздрав,ти посакувам се најдобро.
     
    На tweety26 и tonicka им се допаѓа ова.
  15. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    МИСЛАМ ДЕКА НЕ СИ ВИДЕЛА МАКА ЗАТОА ВАКА ЗБОРУВАШ,и ДАЈ ГОСПОДЕ да не видиш никогаш,но немошеш така одма да се оградуваш од некои работи,не викај така не е добро зашто ако имаш мака со децата бе златна или било што секаде ќе одиш кога маката ќе те натера,затоа не зарекувај се,не е добро така да викаш...Кога нема да може било што да ти помогне и кога ќе слушнеш дека негде можеш да најдеш спас ќе трчаш да знаеш,било тоа црка било џамија било жена што гледа било маж што гледа.НЕ СЕ ЗНАЕ ШТО ЖИВОТОТ НОСИ А НОСИ МН.МАКИ И ИСКУШЕНИЈА,ова ти го кажувам најдобронамерно,и најискрено не ме сваќај погрешно,затоа што и јас можеби размислував некогаш како тебе,но кога поминав некои случки и доживувања во животот тотално го сменив мислењето.
    Н И КО Г А Ш НЕ ВЕЛИ Н И К О Г А Ш!!!
     
    На babaDara му/ѝ се допаѓа ова.
  16. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Читав за тој Дуле од Велес, па ме интересираше ако знае некој нека ми пише, колку пари зема, каде живее поточно ??
    Moi rodnini sakaat da odat, me interesira dali se vleguva eden po eden ili moze i dvajca na pr maz i zena? Fala
     
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    одамна собирам храброст да и се јавам на гатачката Клеопатра, или на уште една гатачка по име Викторија ама никако да соберам храброст да го сторам тоа :wasntme:
     
  18. Hellen

    Hellen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Долго време размислувам дали да го споделам моето искуство со овие работи....
    Ќе почнам со искуството кое го имала мајка ми. Видела сон дека треба да отиде кај некоја гатачка. Отишла мајка ми и жената и рекла немаш деца ( а јас сум била во кола со татко ми)
    После таквата глупост мајка ми цел живот ми зборуваше немој некогаш да отидеш на такво место.
    Арно ама не дава мир ѓаволот...Отидов јас и ми кажа тоа што очекував да слушнам како да ми влегла во глава...
    Избегав од таму, се чувствував како да сум ја изгубила врската со Господа, ноќта после тоа не можев да спијам.... Неколку вечери подоцна сонував сон. Во сонот се наоѓав во собата на таа жена и на голем хамер прочитав : Овде повеќе никогаш!
     
    На Евгениј на и beatyqueen им се допаѓа ова.
  19. MilaSrna

    MilaSrna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Ај те молам ако имаш број од Викторија (ако станува збор за таа Вики од Чаир) пиши ми го на лична порака. Јас демек чекам да ми го пишат ама се изначекав. :lol:
     
    На peggybllu му/ѝ се допаѓа ова.
  20. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Женски
    НА една другарка и треба жена што гледа ај ако знаете пишете ми бролче во ЛП