Бидејќи не можам да ти пратам ЛП еве повторно: Те молам ако можеш контакт да ми дадеш за Каролина, една моја роднина била кај нејзе пред 18 години тогаш Каролина живеела во карпош 4 па сега сака повторно да ја најде. Те молам за помош.
Добра тема ,вака како нова ке продискутирам околу ова ... Знам дека имав 18 години , бевме собрани дргарки од клас , као ајде на гледање на тарот , незнам што таму ... Бидна шо бидна ,им помина редот на сите , ја последна влегов ,ми погоди што ми погоди, бев запрепастена...Ајде да речеме за минатото ок , но за иднина ме спотресе до толку , ми рече дека еден родител го чека болнички кревет , дека ке се спаси и ќе преброди се ! Од кога го слушнав ова, незнам како стигнав дома, автобус ќе ме залепеше ... Цел пат знам само плачев! И за жал , се излезе вистина,но фала му на Бога се излезе најдобро.До ден денес ми се случија сите работи што ми ги кажа, остана само уште една , за 2,3 год ќе видиме , може и тоа погодила !Искрено се каам што отидов , незнам ни зошто бев , што ако знам што ме чека , живеев само во поголем страв. Остајте гатачки, врачарки , читајте молитви ,одете во цркви , молете се на Бога , остајте ги парите таму а не на некоја видовита(ако вистина е видовита или како што некој тврди дека само ти ја прорекува судбината , мада знам само Бог ни ги одредува патиштата ) .Знам само од кога бев, само лоши работи ме спотераа, не се лажете , мој искрен совет ! Ја знаеле или незнаеле, од судбината не се бега ,а од лоши сили има некој горе што чува, гатачката сигурно не !
дали познава некој што растура магии било да е оџа дали некоја жена бајачка не е битно само да растури магија толку.Пишете број у лп
Кога бев помала,некаде средно,верував во вакви работи,гледање на кафе,тарот и сл..Ама сега сметам дека тоа се да не речам ѓаволски работи,кој може да ми ја одреди судбината,да ми ја предвиди,никој.Што е пишано од Господ тоа ќе ти дојде,па ако сакаш не кај една кај сто бајачки и гатачи оди.А тие ќе си го полнат џебот,за 20 тина минути ќе си земат една дневница,а ти ќе работиш цел ден за тие пари.