Форумџика на годината

Гатање, баење

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kiki-riki, 21 ноември 2009.

  1. ksantika

    ksantika Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво!!!Ве молам кој го има бројот од Дуле од Велес да ми го каже и дали на 30-ти може цел ден да се врти или не ве молам многу ми е битно.Фала однапред
     
  2. lolo2

    lolo2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    ај ке ве молам бројот од дуле или пак човекот од битола сто помагал итно ми е :)
     
  3. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Го имам само домашниот до Дуле од Велес точно е дека само се јавува последната сабота или недела од месецот и јас сакав да одам но не успеав да го добијам, ако некоја успее да го добие нека пише.Живее на камено брдо

    еве ви го бројот
    043227363
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    a овој дуле на што гледа или бае?
     
  5. ksantika

    ksantika Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Мене ми имаат кажано дека на слика гледал.
     
  6. Ljubena-18

    Ljubena-18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    7
    Многу луѓе не веруваат у бајачки ,гатачки и сл. Сепак сите оние што имаат дарба не бараат пари. А у Македонија се бројат на една рака. Во Скопје може и да не се приметува ама во помалите места луѓето се занимаваат со магии и работи слични на да му умре козата на комшијата.Јас имав едно непријатно искуство после една свадба неверојатно многу бев болна ни со апчиња ни со инфузии со ништо не ми помина.Бев кај една жена што многу ми помогна после 2-3 пати одење јас веќе бев на нозе и не ми беше ништо.Има работи кои науката неможе да ги објасни и не треба да се спротиставуваме на фактот дека има нешто на повисоко ниво од науката, некоја сила..Кој има потреба нека оди кај некој бајач нека проба, барем вербата да си ја испорба.. :) :) :)
     
  7. Dzverche

    Dzverche Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    37
    istoto mi se ima i mene sluceno toa e veruvaj od magii mene bar taka mi kazaa odi na vreme zosto e mn strasno jas celi 2 godini ziveev bez zelba za nis bez premnogu razocarana zosto tamn se zaljubam i pojdam so nekoj vednas me ostavi i toa bez pricina bev kaj bajcka mi kaza deka mi bila napravena magija i vednas posle toa se se smeni na podobro,pozzz
     
    На praznik му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    72
    Баш еден човек од Велес ми го спаси животот. За малку ќе умрев. Од кај знаеше за сите симптоми што ги имав?? И од кога трае сето тоа?? Кој ми го направил тоа? А тој Дуле од кај знаеше дека на чичко ми му било направено да умре и кога ќе умре?? Сите што имале мака веруваат. Дај боже да немате и да не почувствувате такво нешто. Последново што ме плаши е тоа што една жена му гледаше на дечко ми му рекла дека ќе умре на млади години. Самата помисла не ми дава да спијам. Сакам да не верувам во тоа и се обидувам да не мислам, ама мислите постојано ми се таму... сакам да знам што ќе се случи :(
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Потполно си во право, гатање, баење, хиромантија, подомантија, карти, астрологија и остали ствари ги викаат алатки на ѓаволот затоа јас не сакам да верувам во тие работи. Кога ми било тешко (а богами сум имала мн тешки моменти) сум се обраќала кон Бога и верата ми помогнала, така било досега, така и ќе биде. А за тоа дека им оди назад во животот на таквите и тоа знам, обично имам слушнато дека повеќето мажи кои се занимаваат со тоа се неплодни. А за соновите, кога навистина се јавуваат светци на сон, поголема е веројатноста да се појават како обични луѓе, сепак нели Господ вели „не си создавај слики за она што е на небото, под земјата и под водата“ и никој не може да види како изгледаат тие на небото и сигурно не би ни се покажале во вистинскиот лик, а и има логика, па гледајте во македонски народни приказни најчесто кога доаѓа за помош, Господ се прерушува во обичен човек, најчесто сиромашен. А тоа што го прават со иконите е еден вид сквернавење и ич не ми се допаѓа.

    И заборавив ова да го кажам, има многу од нив кои се свесни дека таа дарба им е дадена од Ѓаволот, една другарка ми кажуваше коа и гледал некој се зачудила и не издржала и го прашала од кај може да ги знае сите тие работи, а овој и рекол ѓаволот ми ја даде дарбата и тој е секогаш покрај мене,
     
    На Offspring и Serafima им се допаѓа ова.
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Офф ме ставивте во мисла сега... ;(
    Пишав вчера во еден пост но еве ќе пишам уште еднаш накратко...
    Бев кај една бајачка и ми кажа лоши работи, незнам кај сум од вчера мозокот си го загубив. На другарка ми се и кажа убаво (гледаше на куран). Нема врска тоа валда, јас сум православна? Не праша како се викаме...
    И ај не се секирам толку за она што на мене ми го кажа ама кога рече болест се штрекнав :x
    И да не е точно ме мачи, ме боли...
    Морам да ги променам работите, не несмеам да ја загубам надежта потребна ми е. Но немам поткрепа за да се борам, ниту пак можам утеха да пронајдам :worried:
    Се понадевав на лоши работи ама и до волку? И пред се беа многу реални, ми кажа многу детали од понатамошниот живот кои искрено ме плашат бидејки ми изгледаат доста реално со оглед на сегашните околности.
    Имам душмани, можам да замислам кои...ми мислат лошо но што сум им згрешила?...Офффф ;(
    А ова за ѓаволот и јас имам читано. Но црквата не ми помага сум се обидела 200000 пати искрено од се срце и душа ама никако да ме чуе тој што треба и на крајот се откажав.
    Не беше кратко време, долго беше меѓутоа работите стануваа се полоши и полоши и денес се лоши а утре којзнае какви.
    Сето ова го правам за да си го подобрам животот, загрижена сум но оправдано.
    Само јас си знам и си се надевам дека нешто ќе ми тргне и таа енергија нема да се катализира во негативна туку баш напротив.
    На момент помислувам и кај Константин да одам? Помага ли тој за вакви болни работи? Каде да го најдам и како да закажам кај него?
    Најмногу некако можам нему да му верувам :x
    Ќе направам сешто е потребно...се, само да бидам поштедена од тие маки, јас и моите најблиски.
    Не толку јас колку што ми е за нив. Ги сакам повеќе од својот живот и се би сторила за нив :(
     
  11. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178
    Јас имам многу страв во мене, како мала немав, па имав, па ми се изгуби некое време.. Па сега пак. Тоа е како некоја траума, секогаш кога сум сама, очекувам нешто лошо да ми се случи, да ми се појави нешто... Тоа е поради едно лошо искуство и сега си правам илузии во мозокот дека кога сум сама на улица секој што ќе помине може ме следи и сака нешто лошо да ми направи. Кое е моето решение тука? Да одам некој да ми бае или ... Кажете мислење...
     
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Знам дека не е христијански да се оди по гатачки и бајачки,ама кога имаш мака не размислуваш многу,сум била на три места ,едната ми гледаше на кафе другите две на белег нели,и да ви кажам освем изгубено време ,кај едната се одеше три пати ,имаше многу гужва...и секако фрлени пари не ми помогнаа ништо.Дали е тоа дека јас многу не верувам во тоа или едноставно мене не ме факјаат нивните пророштва :D не се оствари ништо од тоа што ми кажаа..никогаш повеќе нема да стапне моја нога кај некој таков претскажувач...
    Верувам само во молитва од срце,не ми ги оствари желбите ,ама ми донесе мир..
     
  13. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Срц ти не си за на баачки,ќе ти помогне разговор со психијатар-верувај.И јас на некој начин го имав истиот проблем и така го надминав.
     
    На livert му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    За да ви гледа на куран мислам дека треба да кажете име ваше и на вашата мајка,ме чудиш.Каде беше ти ако не е тајна?Сега не знам колку се разбира од тие работи тој што ти гледал,на некои им е од рака тоа како што се вели,но немора да значи дека сите знаат.Не смее да те лаже ако гледа на куран,тоа е грев,и мислам дека не те лажеле намерно нешто,но може и да не знае толку.Најпрво сомнително ми падна што не ве прашале за името,колку што јас знам тоа мора,но сепак можда може и вака незнам што да кажам.
    Оди кај Оливера во Дедебалци таа викаат мн.помагала,и знаела се да ти каже.
    Поздрав Валерин,се најдобро.
     
  15. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178

    Не ми помага психијатар околу ова!
     
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276

    Лола ме праша за име. Бев во Гази Баба инаку кај Фатима (така се вика женава). Се ужаснав од работите кои ми ги кажа и подготвена сум да ги променам но незнам како.
    Ќе побарам мислење од Дуле во Велес, ќе се обидам да закажам и некако да стигнам до него.
    Инаку...валда беше куранот, штознам јас бре. Книга напишана на египетски (валда тоа е).
    Ми кажа дека ќе имам бизнис, две деца, ќе бидам бегалка (ова страшно мнооогу ме чуди, да не речам претерано), како и тоа дека ќе биде болна некоја многу драга личност и дека ќе имам многу проблеми во животот и ќе патам е тоа незнам...
    Ја прашав дали постои начин да се промени не ми одговори.
    Инаку уште нешто - Ја прашав дали станува збор за постар или помлад член од моето семејство?
    Ми рече незнам девојко јас не го познавам твоето семејство што не е својствено за гледачка, и треба да те упати да ти каже како да се справиш со тие глупости едноставно. Оваа не ми кажа и ми остави лоша трага.
    Постоеле и луѓе кои ми фрлале магија, несакале да ме видат среќна....Кои? Морам да дознаам и со голи раце да ги удавам, најсериозно, не го зборувам ова од гнев.
    Мора да се плати за стореното :@
     
  17. LegallyBlonde

    LegallyBlonde Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Иако не верувам во ништо што неможе научно да се докаже, ме натера една другарка да идам со неа да и гледаат на карти. И кога чекавме во другото сопче, тој дечкото што гледаше ме погледна и ме викна да влезам внатре.Прво ми вика „Осеќам дека не веруваш во мојата работа’’ па почна да се врти околу мене ко мрша на леш и почна со ваква фаца :o да ми објаснува како сум имала премногу енергија затоа што сум им ја зимала на другите. И ми рече дека едини спас ми е да купам не ми текнува каков камен од 700 денари што он го произведувал и да сум го чувала постојано во своја близина за да ми ја контролира енергијата. Е откако ми го понуди каменов се ми стана јасно. А другаркава па вика се и погодил, не бев присутна у просторијата додека и гледаше, наводно сум му ја зимала енергијата па ме избаци... :fubar:

    Секој си верува во она што сака и му одговара, не се мешам како што и ја сакам да не ми се мешаат. Ама неможам да останам рамнодушна кога ќе видам луѓе кои имаат здравствен проблем што може да се реши со медицина, а идат на бајачки. Пример имам комшии, детенцето има проблеми со очите, гледа на сите страни ( незнам како се вика болеста). Им рекоа демек може со ласерска операција да му ги исправат, они решија дека подобро ќе биде да го однесат кај оној Иван што лечи со енергија. И после 5,6 месеци идење кај него им светна дека не функционира па го однесоа на операција, сега топ си е детенцето.
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Мора да си трпелива, еее душо јас низ што се немам поминато, сум наоѓала триста глупости низ дома, па никогаш не сум помислила да одам на гатачи на бајачи, не смееш да ја изгубиш вербата во Господ, намерно ѓаволот така не искушува за да со самото одење кај тие бајачи сами да му чукнеме на врата. Биди трпелива затоа што како што можеш да видиш не се чувствуваш добро кога одиш кај таа жена, оди в црква почесто не само за празник, прави добри дела и не очекувај награда од Господ за тоа, прави ги за ти да се чувствуваш подобро, ќе видиш се ќе се среди со тек на време. Имам многу другарки кои биле кај такви жени и после тоа мн лошо се чувствувале. Биди храбра, затоа што Подлиот се храни со твојот страв, некој ќе рече оваа забегана по верата, ама верата ми има многу помогнато и таков совет можам да ти дадам. :)

    Среќно! :)
     
    На Offspring и Valerin им се допаѓа ова.
  19. Magdalena.A

    Magdalena.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    5
    Јас верувам у Господ али и сакам да одам по гатачки и тие таки ствари..Бев пред некој месец кај една Илинка од Ѓорче и скоро све ми погоди, жената глеа на кафе и не кажува лоши работи..иначе у семејство нешто што ми се има десено баш гатачката една ни има кажано за таа жена што живее у истата куќа со нас лепенка ни е, на дедо ми братот што е умрен оваа му е жена..и не зборат многу време со моиве...женава што све ни има нарпраено , ни го имаат кажано 2 гатачи..и од тогаш верувам..али и многу верувам у Господ, не идам многу често у цркви , на празници само..и така. :)
     
    На Asvaganda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Оваа ќе да погоди :sweat:
    Денес дознав дека една членка од нашето пошироко семејство има тумор ;( и треба итно да се оперира...
    :( Ужасно се чувствувам...
    Изгледа навистина ќе бидам несреќна :tmi: