Јас го користам овој големиот за коса што е наменет, дека ми е поисплатлив. Не ми мрдаат цел ден веѓите, ко лепак е.
После гелов, сфаќам дека сум се зафркавала со останатите гелови Претходно го користев гелот на Essence - Fix it like Boss, ама нема споредба. Со минимална количина од Maybelline, веѓите се фиксираат и не мрдаат.
Има пигмент или само гел е? Го гледав во ДМ, ама не можев да укапирам дали дава и малку боја па го оставив за некоја наредна прилика.
Само гел е, ама убаво ги дефинира веѓите. Мене моливче ми е too much во комбинација со гелов, па самостојно го користам. Иначе неколку пати ја "чистам" четката од гел, зошто иначе ми остануваат бели траги Од позитивната страна, помалце гел се троши, па и не е толку страшно во однос на цената