Гел за туширање Еднаш користев сапун и многу ми ја правеше кожата сува и цела затегната Инаку го користам овој гел за туширање и многу убаво мириса
Користам Гел за туширање од Нивеа, некогаш и Бекутан, зависи, различни користам, со години користам гел за туширање и воопшто не ме чеша кожата, мека е и нежна само од Фа и тоа италијанското Фелче Азура ме чеша кожата од нив.Додека со сапун никогаш не сум се туширала/бањала, само со гелови за туширање.
Јас не ги обожавам многу геловите, за туширање користам сапун Дове и воопшто не ми ја суши кожата. Го препорачувам на сите
Има убави сапуни, кои не ја сушат кожата. Со етерични масла,ја омекнуваат кожата и прееубаво мирисаат. И геловите ми се супер,не ми пречи да користам и сапун и гел за туширање. Гелови на Palmolive,Avon некогаш,Fa... Сапуни на Dove,Refan.
Користев само гелови не сакав да слушнам за сапун,зошто и така ми е сува кожата на нозете,а од сапун уште толку,ама имам проблем со акни на грбот и со геловите уште толку ми се иритираа,па оттогаш користам Dove сапун и посмирени ми се акните на грбот,а и убава ми ја прави кожата не е како другите сапуни
Скоро секогаш користам гел за туширање, во моментов ги користам геловите на Nivea и Palmolive понекогаш... Сапуни избегнувам да користам затоа што ми ја сушат кожата.
користан гелови за туширање (имам сува коза) сега го користам М&Х на Орифлејм прекрасен е ги користам и тие овишните на Авон гелови за туширање а кога немам гел користам сапун бебешки, а после туширање секако следува млеко/лосион
Гел за туширање од едно средношколско рано време, кога ми се појавуваа правилно секоја зима еден вид на лишаи на нозете. И тогаш дерматологот, Проф. Д. ми рече - моме, сапун ЈОК! Ах тој човек колку пати ме има спасено во детството И од тогаш сум на гелови за туширање. Плус затоа што имам сува и чуствителна кожа, сапун и да сакам не можам да си дозволам.
и мене ми се појавува некакви чудни лишаии на телото од сапунот од тогаш гел за туширање најубав ми е од нивеа арома терапи шо е
Навикната сум на гел за туширање а кога немам во момент сум користела шампон. А сапун за тело не, сакам убаво да се истријам кога се бањам, башка ја суши кожата.