Преферирам гел за туширање ама побрзо се троши за разлика од сапунот така да сапунот ми е поекономична опција
Веќе некое време не користам гел за туширање бидејќи имав проблем со кожата на некои делови од телото неколку месеци. Имам сува и осетлива кожа. Кога бев на дерматолог ми препорача да се бањам со Бекутан бебешкото сапунче и оттогаш го користам само него.
Гелот е супер. Преубаво мириса и кожата ја прави нежна. Мислам дека беше околу 140ден.во Тинекс. Досега производите на Афродита не ме разочарале. Ти го препорачувам
Ај препорачајте ми гел за туширање ама некој добар што се приметува ептен и после туширање Нека биде и поскап , веќе мака ми е од овие ефтиниве што ке искочиш и џабе ко да не си се туширал Само Palmolive плавиот морски со зрнцата ми е најокеј од поефтините
Јас моментално ја користам оваа купка . Прекрасно мириса и се исплати за цената. Инаку убав е и бебешкиот сапун на беколино
Јас моментално го користам Palmolive со масло од бадем и многу убава ми ја прави кожата,мека,нежна.Имам чувствителна кожа и не можам се да користам,па ми беше страв и ова да го користам,ама супер се покажа. Авон Senses најгрдиот гел за туширање што некогаш сум го имала,не ми одговара ич.
За жал мислам дека нема кај нас нивни производи, а ќе се сложам дека е предобар. Мирисот му е милина, значи лудило. А и не ја суши и иритира кожата, баш напротив многу е мека после миење. Тие што не живеат во Мкд задолжително да го пробаат ако го има кај нив. Не само тој, сите производи на St Ives се добри. Зошто бе ние ништо добро немаме кај нас.