Понекогаш користам гел, моментално Felce dolce во комбинација со млеко за тело од Felce, убаво ми мириса, но за хидратација Dove deep moisture ми е најдобар, некогаш користам сапунче бебешко беколино, докторс медицинско сапунче и од оние парфимираните рачно направени сапуни што мирисаат појако и од гел за туширање (не ми е од Мак. земен и не знам, ни кој го правеше, ни дали ќе најдам овде )
Кога имам дома корисам гел за туширање,кога немам Dove сапунче. Јас не гледам некоја баш голема разлика.Освен што со геловите телото подолго ти мириса убаво (капено) ..Имам доста гелови користено,последен беше еден од орифлем и имаше добар мирис
Обично користам сапун за тело, но не од Dove. Овие ми ги купува татко ми (незнам како се викаат) и преубаво мирисаат. Понекогаш порачувам гел за туширање од Avon, но некако не се задржува мирисот на телото. А прекрасно мирисаат тие геловите, жално.. Мирисот се губи веднаш откако телото ми е тотално исушено... Еднаш користев еден гел ид Oriflame и мирисав цел ден како во парфем да сум се бањала..
користам и тоа и тоа но некако сапуните повеке мирисаат, сега си го купив сапунчето тео и премногу убаво мириса
Ова го користам во последниот период и многу е убаво, исто и млекото за тело. ама од секогаш кожата почиста и поубаво ја осеќам после бањање со сапун.
Исклучиво гел, и тоа на нивеа. Оваа е посебно свежа и свежината и миризбата долго време трае. Тие на Dove се убави, нежни, но аромата не ми се допаѓа и миризбата кратко трае.
Геловите од Авон и Орифлејм ужасно ја сушат кожата, незнам како ги користите :? Слични се и оние овошните што убаво мирисаат- Фрутини, а и Teo и сите на Балеа. Но сепак...различна кожа, различно дејство. Ја сум прилично пребирлива за сапуни и гелови и ако најдам нешто што ми одговара, се заржувам долго време на него. Моментално сум на Fa и Dove....и сапуните и геловите. И бебешки сапунчиња, фаворит ми е Мерима. Нивеа се добри геловите, но сапунчињата се катастрофа, многу ми ја сушат кожата. И не само за тело, сапуни бирам и за раце....еве последно што земав е Тео течен сапун, ама се покајав. Убав мирис, одлична цена, ама рацеве ми испукаа како да сме јануари месец
Гел за туширање дефинитивно не можам ни да се замислам да се избањам без гел,јас користам на адидас и многу сум задоволна од него кожата мека ми ја прави
Гел за туширање. Моментално имам 5 дома и секогаш различен користам. Но овие 2 од орифлеим морам да ги пофалам посебно вториот прекрасен мирис како парфем и кожата прекрасно мириса. https://www.google.com/search?q=london+ ... B645%3B645 https://www.google.com/search?q=oriflam ... B645%3B645
Прекрасен е. Пријатен мирис на свежина, убаво пени, нежен за кожата. Предобри се производите на Афродита.
Исклучиво гел,моментално го користам гелот за туширање од Кам од мед што е мајками го купи да го пробаме искрено за цената сум изненадена од тоа колку убаво мириса и ја чисти кожата ја прави мн мека супер е...
Гел за туширање Користам од Нивеа, зависи некогаш и Фелче Азура го користам прубаво ми мириса. А сапун избегнувам да користам ми ја прави кожата сува.