Гел, ги користам овие од авон Исто гелов од felce azzurra ми мириса свежо И омилениот скоро го купив од Дм Балеа, вака изгледа но поинаков мирис односно од пролетни цветови,жолто е пакувањето
Моментално имам еден гел за туширање и две креми за туширање. Гелот и еден крем се од Senses Avon, а другиот крем е на Fa. Од сите сум задоволна и од мирисот и од стрктурата, но некако кремиве ми се поубави. Avon Senses-Peaceful reflection Овој некако посебно ми се допаѓа, има необичен мирис и е доста кремаст и нежен со кожата Avon Senses-Garden of eden А овој обичен е како и сите солидни гелови, мирисот му е прекрасен свеж иако не е многу траен Fa-Aloe vera with yoghurt protein Посебно се изненадив од Fa многу е кремаст и густ, а мирисот нежен чист
Сапун од свинска маст е нај здрав за кожата и косата, но како адекватна замена може да биде некој гел за туширање, да речеме Нивеа.
Искрено никогаш не мислев дека миењето со сапун може да го замени гелот за туширање во квалитет. Ама еднаш немав гел па искористив сапун, и некако убаво ми дојде Ама не зборуваме за оние најефтините кои ја сушат кожата. Туку поубавите, на пример Dove, Nivea, Сапун од козјо млеко итн. Од тој пат, секогаш имам и сапун и гел, па си менувам, кога како Убаво ми е и со тоа и со тоа.
Сапун. Направен во домашни услови. Без хемикалии. Сите што мислат дека имаат сува кожа, им препорачувам да ги исфрлат геловите за туширање.
Јас користам гел за туширање и секој пат купувам различен. Најмногу ми се допаѓаат ФА геловите, најубав мирис имаат. ИСто и Nivea silver for man, ми е многу убав, ако е машки, имам купено неколку пати од него
Мене и најскапион сапун ми ја суши кожата...зато само гелој за туширање користам и купки секако хехехе
Сапун Тео или бебешки користам... Не за нешто друго ама со гел за туширање ми се чини дека не можам доволно да се искапам... Онака турвам в рака, па ми капи, дури да се намачкам се лизга, па не ми се прај доволно сапуницаааа... А вака сапунчето ко ќе се измачкам, бела!