Гел за туширање користам. Секој пат различен купувам. Од сите шо ги имам користено најмногу ми се допадна Адидас розевиот
Гел за туширање. И тоа не сум се ограничила на еден, скоро секогаш купувам различни. Моментално го имам овој и ок ми е.
Гел за туширање, секогаш. Дојдов во темава да го пофалам чудово. Кремасто со толку прекрасен сладок мирис збогатен со ситни, нежни парченца од какао во текстурата. Да не е за туширање, ќе беше за јадење сигурно.
Јас прво со сапун,па после со гел за туширање.Поубаво е кога отпрво ќе се избањате со сапун,па после со гел.Сапунот ја вади нечистотијата,гелот само за мирис и овие сега што имаат пилинг ја прават кожата помазна.
Кога станува збор за туширање гелот ми е асоцијација за основно средство за капење, но не и доволен за чиста и мазна кожа. Комбинација од сапун за тело и гел е нешто што најчесто го применувам во летниот период поради комбинираната кожа на телото. Од тие причини неопходен ми е и пилинг кој го практикувам еднаш неделно. Овие три производи се основни за нега на кожата и најчесто ги избирам од ист производител. Во потрагата по ефикасен, лесно достапен и со пристојна цена, предност му давам на сетот Discover од Oriflame.
Користам гел за туширање и сапун (по обратен редослед), така ја чувствувам кожата почиста. Омилени ми се линиие на дове и нивеа, иако знам да купам и некој друг, колку за промена.
Порано користев само гел за туширање,а сега поубаво ми е со сапун dove,а гел користам исклучиво само ако добијам на поклон за роденден,греотка е да го фрлам де
На пролет и на лето секогаш користам гел за туширање и тоа сите од Авон, сите со некој летен мирис ми се. Па така некако убаво и се чуствувам. А на есен и на зима практикувам да купам некој гел за туширање од Fa, а се случува и да немам па така користам сапун.