Имам пробано секакви гелови за туширање, сапун уште многу одамна користам само за раце. Дефинитивно најубави ми се Fa и Senses на Avon. Не ми ја сушат кожата толку како сапунот, а и имаат долготраен мирис
Зависи од расположение, кога ќе ми текне едно кога друго купувам, ама во моментов сум со сапунче итоа усклучиво Dove, најзадоволна сум од него, кожата ми ја прави супер
Зависи кога како некогаш со гел за туширање,а некогаш со Dove сапунче,но повеќе сум задоволна од сапунчето Dove.
После L'occitane сапунот за тело ниедна купка веќе не е доволно добра. Е сеа, скупичок е малце... ама вреди!!
Откако знам за себе користам само гелови за туширање.Користев Dove, а во периодов многу ми поклонија Fa гелови и супер се...
користам од двете гелови за туширање користам кога треба да се освежам набрзина да се истуширам а почесто користам сапунче Бекутан најповеќе си го сакам и пилинзи за тело обавезно...
И од двете по малку. Кога ќе ми се истроши гелот за туширање а немам купено друг, тогаш со сапун за тело
морам да признам дека многу сум задоволна од гелот за туширање на Манго (словенски производ) иако избегавам гелове по препорака од гинеколог ама овој ти е просто да се вљубиш во него
И тоа и тоа. Прво користам сапун за пилинг, па потоа гел за туширање, . Кај мене се надополнуваат не се исклучуваат взаемно.
Сапун. Сум користела и гелови и буквално исто ми се фаќа, доста гелови ја пресушуваат кожата исто како сапуните и плус ми даваат чувсто како да не сум се доизмила Така да, веќе знам кој сапун идеално ми одговара и не ми ја пресушува кожата, значи бирам помеѓу бебешките Бекутан и Мерима, или од Дав. Поретко купувам Aсодерм кој е баш за осетлива кожа, мада тој ми е малце скапичок, мислам 110ден беше.