Гел за туширање од Корин со ванила, сапунот ми ја многу суши кожата се лупи и покрај тоа што ја мачкам со крема за тело. Кога се мијам со сапун после со недели неможам да си ја вратам кожата во нормала од чешање
Дали е можно гелови од Органик Шоп и Планета органика по некое време да се расипаат? Ги купив летово и веќе ги имам околу 3 месеци, сакав да ги пробам и беа на попуст па купив два едно по друго и ги користев наизменично, но денеска забележав на едниот гел како бели ншта во него, нешто како мувла, чудно и си викам што ако се распиал дека состојките се повеќето природни, не знам.
Ако содржат масла, а ги чуваш на место со променлива температура (купатилата се такви, зиме ладни, лете топли), можно е маслата да се згрутчуваат, па затоа има вакви бели грутки што не значи дека се расипува. Вака се прави кокосовото масло кога преминува од течна во тврда состојба на пониски температури. Пошто јас го чувам на полица во кујна, во лето е течно, после како паѓаат температурите, се лади и вака се згрутчува. Ама маслото си е добро, не е расипано.
Не би требало да им е ништо најмалку 6 месеци по отворање. За шампони и гелови за туширање дури и 12 месеци понекогаш не е проблем после прво користење. Треба да стои на амбалажата (бројката на отворената тегличка, пример 6M или 12M).
Сé и сешто имав пробано. Да најдам гел на кој миризбата ќе трае подолго од 5мин ми беше најголем проблем. А некогаш сакам само таков мирис на чисто, не на креми и парфеми (слободно понудете и друг). Случајно го купив во Бугарија, си заборавив да земам од дома. Иии се заљубив, мирисот останува и на облеката која ќе ја облечам после туширање.
Масло за туширање ph5 од Eucerin. Има нежен мирис, речиси незабележлив и воопшто не ја суши кожата. Исто така, го користам и за отстранување на шминка.
Гел за туширање, неколку пати давам шанса на сапун, телото едвај во нормала си го вратам, сува кожа и лишаи најчесто по стомак и нозе.
@koritsaki во врска со гелот за туширање од Planeta Organica, има многу убав и интензивен благ мирис. Ме потсетува на крем банана. Го пробав денес, не пени премногу. Кожата е преубава, мека, по туширање, но не се чувствува мирисот. Само бањата ми мириса сеуште.
Користам и тоа и тоа. Сапуните од dove. А гелови од dove и од нивеа. Сапунот повеќе ја чисти кожата но помалку се задржува мирисот на кожата. Додека пак гелот повеќе мириса, но да пукнеш од плакнење.
Дали е грешка што се бањам со купка наместо со гел? Знам дека е женски форум ама на партнерот каков би му купиле гел. Може и машко некое да одговори каков користи?
Гел за туширање, секако. Омилени ми се од Dove и Felce Azzurra, некогаш знам да сменам и со некој од Балеа. Гледам тука ги фалите геловите за туширање од Афродита и од Зиаја, следно може и таков да пробам.
На афродита ги имам сите пробано и многу сум задоволна. Ич не ја сушат кожата и мека ја прават. Исто и на зиаја се многу убави ист ефект имаат