Ако е сапун за пилинг, поминувам со самата плочка по телото. Обичен сапун без гранули во него - како ми дојде во моментот, така. Некогаш директно со плочката по тело, некогаш правам сапуница во мрежасто сунгерче, па со него тријам. Нема правилно или погрешно, како ќе ти биде најпрактично, така ќе си правиш.
Јас сапун користам пред гел као first cleanse, го тријам сапунот на сунгерот до сапуница. Така најчисто се чувствувам, со рака како воопшто да не сум ставила сапун.
Јас прво се мијам со сапун, па второто миење ми е со Еуцерин маслото за капење. Гелови не користам, некако ми здосадија, а и повеќе ми одговара вака и не се случило кожата да ми биде сува или да реагира некако. @CameliaMiller, aко имаш сува кожа имај ја предвид и оваа комбинација со масло за капење. Грдо мириса Еуцерин маслото, ама се губи мирисот после плакнење. Ма да, отпосле кога ставам лосион или путер за тело, супер си мириса кожата и не се замарам.
Или Еуцерин, или Биодерма маслото за туширање како поекономична верзија (туба од 1л за околу 1500 денари). Одлично комбо ми се маслениве со кој било сапун. И нема на што, таман работа.
Јас го имам само мириснато и мирисаше одвратно. Веќе трето пакување користам од маслениот гел на Афродита. Многу убаво мириса и хидрира, не ми остава затегнато чувство отпосле. Имам многу сува кожа ама немам друг посериозен проблем, па затоа го користам тој. Ако ти треба маслен гел, ти го препорачувам. Мене од гелови ми се пресуши кожата, пошто се туширам секој ден и мислам дека рамената ќе ми распукаа од сувост. Со маслен гел се преродив. Каков путер користиш?
Еве, некој што го следи истиот метод како мојот. Поинаку би се чувствувал валкано. Со тоа што сунгерот го користам и за гелот. И потоа сунгерот детално се плакне и се суши, по секое туширање. И ова е многу важно.
И јас ова го практикувам од неодамна. Инаку има и масло за туширање од Еуцерин без парфем, иако мене убаво ми мириса маслото од Еуцерин .
Double cleansing закогаш. Сега сунгерот планирам да го заменам со washcloth пошто понежно делува од сунгер, барем на моја кожа. Сапуни користам на Dove, најдобри ми се покажаа.
Дали некој го има користено овој гел за тело да каже искуство? Почнаа почесто да ми се прават ситни акни на грбот и надлактиците па барав нешто за смирување. Дали е ефикасно?
Углавном убави а евтини производи имаат. Овој во ДМ мислам дека е 200 денари, што е ептен пристапна цена. Само после неколку користења ќе видиш ефект, нормално, не може од еднаш да ти ги исчисти. Мене пред и после менструација ми е нафрлана кожата на тој дел, па ми помага.