Јас ги користам Balea геловите или евентуално Palmolive.Едно време Dave користев,ама нешто го расипаа ни мирис има ни ништо и престанав да давам пари.
Само гел, никако сапун не можам. Балеа за парите се супер. Обично не пребирам, се задоволувам со што било. Во последно време овој ми е убав.
Искрено не ми смета било што, само да на ми ја суши кожата премногу, оти така јас мака мачам со сува кожа. Али у последно време користам тврд сапун и ми е сасвим ок.
Неможам да поднесам гел, се осеќам како слој на мене да имам кога користам. Стриктно тврд сапун. Домашен козји, чандрика, Др. Бронс...
Јас комбинирам сапун Еуцерин со гел на Корин, и од двете сум задоволна. Корин ги користам околу 10 години и се супер, само менувам понекогаш различен од нив. Ванила ми беше супер ама ги нема одамна.
Во моментов имам големи рани по нозете и рацете од паѓање од точак и докторката ми вели да користам само обичен сапун, а не гел за туширање зошто парфемот и маслата во гелот ја иритираат кожата и го забавуваат зараснувањето. Малку ми беше нелогично дека гелот е поиритирачки, но тоа е тоа.