Гел за туширање или обичен сапун за тело? ммм ги користам и двете. Имам Нивеа сапун и кога ќе се избањам со него кожата ми е помека, сепак и останувам верна на Фелчето
Уф колку сум само најзадоволна од следниов...во топ производи го ставив од прва.И прекрасно мириса,а за негување да не праам муабет!Скептик бев во однос на тоа дека гел за туширање може да направи чудо со сувата кожа,ама ме демантираше од прва.Сјајна,мазна и хидрирана кожа,абе за мерак,а и мирисот му трае повеќе часови потоа.Ура за гелчево!
Ах, мене и не ми е толку битно дали ќе се истуширам со сапун или со гел. Битно да се истуширам Убав ми е гелот, го прави мазно и убаво телото, а сапунот ми е поубав, онака за поубаво да се истријам Реков дека не ми е толку битно затоа што секако после туширање ставам млеко за тело или спрејче, а мирисот од гелот и не трае нешто долго...
Јас користам крем за туширање од Орифлејм - Савана Вајлд со екстракти од Ројбос - јужноафрикански билки. Го имам и малечкиот антиперспирант, презадоволна сум од двете. Инаку користам и Палмолајв сапун за туширање.
Чудно некако,но јас кога ке се избањам со гел се осекам како да не ми излегло сето нечисто од кожата и затоа поубаво ми е со сапу.Го користам DOVE оној со микрогранули,ем ја чисти кожата ем пилинг и прави
Ауу со сапун не паметам од кога не сум се истуширала со сапун. Спојлер Како звучи ова, како само со вода да се тушуирам Некако геловите ми се далеку попрактични за размачкување, а сапуните нели често и ја сушат кожата, па скроз ги имам исфрлено од употреба.
Дефинитивно гел за туширање затоа што: *ми ја омекнува кожата *има поубав мирис кој подолго трае за разлика од сапунот *попрактичен за употреба, во смисла полесно се нанесува
никако сапун мн поубави ми се геловите за туширање не ја сушат толку кожата а и поубаво мирисаат и уште ако има лосион со ист таков мирис како гелот
Гел за туширање затоа што кожата ми е помека, помазна, подолго време мириса... Со сапун се немам туширано мноогу одамна.
Гел за туширање, ја прават кожата поубава, мазна... во последно време многу ми се убави геловите за туширање на палмоливе
Дефинитивно гел за туширање!!!Јас моментално користам од Нивеа Angel star и гел и млеко за тело и ви го препорачувам преубав ееее и многу ја прави кожата мека мм ..
Сапунот ми ја суши кожата и ми ја првути, а од гелот немам мука. Ќе се нашлакам и за минута сум готова, а и многу поубаво мириса.
Не се сеќавам кога последен пат сум користела сапун за бањање.. најверојатно тоа било додека сум била дете или слично и кога немало некој голем избор. Сапун во тврда форма не користам никаков и за ништо.