Јас не паметам да сум се истуширала или избањала без гел за туширање! моментално користам гел на туширање од Adidas
Гел, секако. Повеќе избор, поубави мириси, ја омекнува кожата и е практичен. За разлика од него било кој сапун ми ја суши кожава ( ова се ретки случаи кога нели, немам гел у моментот ), а и сапунот ич не е практичен бе, лизга од рака.. па се наведнуваш по него, па паѓаш, па си имаш модрица на грб со големина на јаболко . И то.
Гел за туширање користам, не паметам кога последен пат со сапун.... Најчесто ги користан Адидас и на Авон геловите
Користам гел за туширање и тоа на Авон или на фа ,а од сапуни тео или DOVE , си ги користам двете комбинирано
Дефинитивно гел за туширање, поубаво мириса и кожата ми ја прави помека и помазна, обичниот сапун ми ја суши кожата. Моментално користам гел од Авон (Lagoon), а следен ми е Адидас (добиен на поклон)
Имам користено и гел и сапун, понекогаш и купка, и искрено, освен мирисот, не ми прави некоја разлика, односно не ми ја суши кожата, најверојатно мојата кожа е таква, затоа и не се мачкам со лосион секојдневно и преферирам некои што не се мрсни, бидејќи ми се појавуваат мозолчиња по телото.
Мене сапунот многу ми ја суши кожата па затоа користам гел за туширање. Каков гел најчесто користите?
Геловите од Авон, со најубави и овошни мириси, а исто и сапун употребувам, најчист мирис имаат сапуните.
Презадоволна сум најдобар гел за туширање што го имам пробано,кожата ја прави мека на допир,негувана и му дава златен сјај..ви го препорачувам на сите и исто така млекото за тело skin so soft од авон одат во пакет заедно со овај гел.bye bye сува кожа
Shower gel Cе нанесува полесно,изобилува со прекрасен мирис и ја негува кожата Mоментално омилени ми се геловите на Fa
Гел за туширање дефинитивно! Омилени ми се на bath&body works, поготво од јасмин и тој од орхидеја. Мириса на километар. Многу сум задоволна и од овој на орифлејм A моментално го користам овој на Фа, задоволна сум, свеж е и пријатен, ама мирисот не трае многу. Спојлер
Се туширам со гел. Според мене, подобро е гел, ама да е некој добар. Од некои гелови, после туширањето, кожава ми останува бела, како немиена и како крастава, ти се чини секој момент ќе почне да се лупи. Единствено нешто што ме спасува од тоа е едно убаво мачкање со лосион. Ми се има случено да се искапам и со сапун, но само кога немам гел во моментот. Кога би користела сапун, дефинитивно би зела Dove, зашто се прекрасни и се чудо за кожата. Како едни од моите омилени гелови ќе ги издвојам:
Мојот ритуал на туширање е следен Прво се бањам со бебешки сапун а потоа со некое миризливо гелче за туширање. Ако не се избањам со сапун се чувствувам како немиена а ако не ставам гел за туширање или млеко за тело мислам дека ќе ми пукне кожата од што ми е сува. И то...