Јас користам гел за туширање оти сапунот ми се лизга од раце .Сега го користам Дискавер Санторини на Орифлејм и супер ми е !
Гел за туширање единствено сум користела од Авон: и премногу ми се допаѓа. Кога ќе се потроши користам сапун за тело, најчесто нешто со сличен мирис, или мед и млеко.
Со сапун Најчесто Фа .. баш ми се убави и убаво ми ја прават кожата (башка тоа имам и јас сува кожа ) после си се намачкам бакутан млеко за тело и си неам гајле Имам користено гелови ама не сум задовлона
Користам гел за туширање..бидејќи кожата на телото ми е премногу сува и доколку се туширам со сапун мн ќе почне да ми пука..Исто така да напоменам дека сум мн задоволна од геловите од Авон.
Секогаш користам гел за туширање затоа што ми е похигиенски и полесно за употреба.Најчесто ги користам геловите на нивеа (и многу сум задоволна),а често знам да си купам и некој друг-за промена
гел за туширање користам веќе со години,со сапунот сум скарана имам претерано сува кожа уште сапун и фали
Сапун користам само за миење раце и тоа задолжително Neutro Roberts или Asso Derm. За тело веќе со години користам гел за туширање. Почнав со Fa, продолжив со Nivea, користев и Palmolive, а сега моментално ги користам геловите на Avon.
Геловите за туширање ми ги затвораат порите и ми создаваат мозолчиња..користам сапун за тело Teo Aroma Therapy или Dove, и обавезно сунѓер т.е тоа како топче мрежа, што знам како се вика???
Кај мене пак, обратно е - сапуните ми ја сушат кожата многу и редовно си користам гел/купка за туширање. Моментално имам една на Орифлејм, со маслинки и бамбус (повеќе е како пилинг, со грутчиња) и ми врши работа, инаку ги обожавам оние од колекцијата naturals на Авон, темјанушка, праска и роза (штета што го нема веќе), јаготка и најомилен ми е гелот од црешка и оревче - ептен е интензивен мирисот и во комбинација со млекото за тело е ароматична бомба!
Сапуните ми ја сушат кожата (а и од тие Тео на пр алергија некоја фатив)па затоа јас си користам гелови за туширање.Користев Палмолајв со калинка убав беше убаво мирисаше,потоа имам користено од тие геловите со портокал и чоколадо (што има и со колачиња Оpen мислам се викаа,не сум сигурна)исто многу се убави и ефтини.Сега моментално користам од Рефан лаванда и роза,преубаво нешто.
јас користам сапун, сум пробала разни гелови али не ми одат некако во математиката баш веќе неколку години сум со dove сапунот и сум презадоволна
Јас сум повеке за гел...од сапуните ми се суши кожата премногу освен од dove. а гел моментално користам нивеа и многу убаво мириса
Бев доста залетана по сапун за тело но по некое време приметив дека премногу ми ја суши кожата. Не ми помагаше ниту млеко за тело ниту бекутан кремата.. Па сакала или не сакала си се вратив на гел(от) за туширање.
Немам сува кожа т.е нормална накај сува ми е ама сепак,сапуните ми ја сушат кожата,па морам да се бањам со гел за туширање.А и не само тоа што сушат туку и геловите полесно пенат а можеш и со сунгерче да се бањаш.Омилени гелови за туширање ми се Dove и тоа Спојлер Тој од краставица летно време,како освежува и тој од праска,прекрасно мириса Сега земав Палмолив и се заљубив во него Прекрасно мириса,мирисот е баш есенски.Добра пена прави а откога ќе се избањам кожата мириса ли мириса.. Тој од десно,црвениот
Исто и мене тоа сапуните ми ја сушат кожава, а и поинтересно и пубаво ми е да си се капам со гел за туширање. Го користам овој на Нивеа заедно со млекото за тело од истово хепи тајм. Презадоволна сум сега за сега. Излегуваш милизлив и нежен од бања
користам млеко за туширање, сапун само под пазуви бидејќи помалку се потам и има подолготраен мирис. најзадоволна сум од купките на ФА, Паломолајв и Клео, моментално го користам овој и ми е убав .
Моментално користам гел за туширање од орифлејм- еве овој, и сум прилично задоволна. Ми се допаѓа мирисот, потежок е, зимски, ме потсеќа на колачиња штотуку извадени од рерна