Мислам дека Сесилија имаше спомнато дека гелот за туширање во Кам, тој од мед и млеко што е големиот е убав. Така ми текна на тоа пред некој ден кога бев во Кам, па и покрај тоа што си имам дома и Нивеа хепи тајм и Фа, решив и овој да си го земам и не погрешив. Значи за тие пари е џабе, буквално џабе а мириса преубаво и многу нежна и мека ја прави кожата. Преубав мирис на мед и млеко, јас баш го сакам овој мирис. Ма си се туширам три пати дневно од шо ми мириса прекрасно, си се галам како бебенце па и после се мачкам со крема за тело од мед и млеко.. Целата сум медена бе, мераци
Најчесто користам од геловите наменети за бебиња, тие ми се најубави, мирисам на бебе цел ден А повремено користам гел кој е ист како и млекото за тело и парфемот, е тогаш на километар мирисам
Од Авон геловите се навистина преубави и траат. Јас и како течен сапун си турам од нив во истрошено такво Поготово тој еден понов гел од праска и ванила ... ммм И од нивеа има еден премногу што ми се допаѓа. Тој од Кам од мед и млеко мене не ми делува убаво, ама па мајка ми го обожава. Инаку строго со гел за туширање се бањам, а раце мијам со течен сапун. Никогаш не сум поднесувала обичен сапун ... едино за лице користам таков и го користам само јас ...
И тоа и тоа напоредно ,сапун користам на ПАЛМОЛИВЕ, а од страна на гелови секогаш различно . Мерак ми прават на БЕ КУЛ оние, а исто си купив последно БРЕЗА АЗУРА не не фелче ами бреза дури и поубав ми е италијански си е и си е баш мерак и тоа парите не се многу за него што ги дадов .Инаку и од орифлеј и авон употребувам ама тие на авон геловите се подобри за нијанса од о.
Јас преферирам гел за туширање, користам Dusch Das сега моментално Fruit & Creamy. A користам и Isana од бадем.
Јас никако не се мијам со обичен сапун. Ни раце, ни лице, ни тело. Многу ми е нехигиенски и одбивен. Па и само јас да го користам не би можела. Пошто многу ми е сува кожата ги користам производите на Dove. Течен сапун за раце, гел за туширање, млеко за тело и сл.
Најновите од палмолајв Ги имам првите две само,тоа од киви не сум го пробала Дефинитивно нема утка во палмолајв. Немам зборови..преубаво и мирисаат,и омекнуваат,па и баш вакви се како на сликата. Едино малце брзо ми се трошат,или пак јас си користам повеќе
Обичен сапун користам само за миење лице, додека за тело скоро секогаш гел за туширање. Најчесто си користам Бекутан, средството за капење, а ако немам од тоа тогаш Бекутан шампончето врши работа. После депилација, па Лилитовиот пилинг, бањањето и мачкањето со Бекутан е јаготката на шлагот на моето „бебешко уживање“. Последно сега користев некои купки на Авон и Фелче Фреско. И задволна бев, не ми ја сушеа кожата, поготово Фелчето, зошто од Класикот лом сум, како лишаи ми се прават по цели раце и нозе. Ама па ми направија некоја беља во интимата, и ќе си се вратам на моето мило Бекутанче. Само стискам палчиња да е стариот квалитет, да не го заебат како помадата.
Секогаш kомбинирам, сапун Dove, а гел за туширање Dove,adidas,top ten strawberries и чоколадниот од oriflame
Гелови. Имам пробано многу и нема некој што не ми се допаднал до степен што сум оставила да не го искористам до крај Опседната сум со купување гелови за туширање. Поубаво ми ја чистат кожата, ја прават мека, а и мирисот е долготраен. Посебен сапун користам само за измивање на вагината Еве некои од моите гелови: ..и на Гурманд од чоколадо- не можев да најдам слика
Користам гел за туширање.Го користев онај од Fa од кокос.. Но сега го користам од Fa со алое вера ...Прекрасно ми мириса..