Овие две, месецов ми се откритие. Особено пенава. Од сите глупости шѕо ги мачкам, таа ми е единствена промена во рутината и лицето одамна ми немало вака здрав сјај. Чисти темелно, а нежно.
Од кога прочитав дека многу девојќи го употребуваат Weleda бебешкиот гел за миење лице, ми текна да пробам со овој кога веќе го употребувам за тело. Презадоволна сум. Лицево ми е стакло од кога го користам, не ме суши воопшто и супер ми ја чисти кожата. А инаку имам многу чувствителна кожа и сум пробала ама баш се и сешто. Препорачувам.
Во сите маркети ја има, ја има и во ДМ, ја земав од таму. Не е крема, и маска за лице е и гел за миење.
Сакам да пишам мислење за пената на Балеа од Алое Вера, за сува и комбинирана кожа. Сакав да ја сменам таа што е од роза за сува кожа, бидејќи не ми се допаѓаше ефектот од неа на мојата кожа. Прво бев доста скептична, бидејќи пред тоа користев гел за сува и комбинирана кожа од Лотус и после второто миење заврши во корпа бидејќи ми го мрсеше лицето, па не сакав нешто слично да ми се случи и со пенава. Ама немав многу време за да одлучам бидејќи требаше да патувам па ја земав на "што сака нека биде" да ја пробам, оти итно ми требаше пена за секојдневна употреба. Прво, пената мириса препрепрекрасно. Мирисот се задржува долго време, дури и на дланките. Супер чисти за секојдневна употреба, особено т зоната која за мене е критична заедно со брадата, без да ги пресушува. И треба многу малку за да се нанесе на цело лице, нема да ја потрошам за помалку месец. Дефинитвино се префрлувам на неа.
Значи да не ја барам залудно... Штета, баш сакав да ја пробам. Да не ја има некаде случајно сè уште на залиха? @Minci13