Балеа имаат прекрасни пени , мене розевата ми е омилена , нежна , одлично ја чисти шминката и што е важно не ми го суши лицето , ја имам користено и плавата исто е добра но мене ми го сушеше лицето ( сепак е наведено дека е наменета за комбинирана кожа ) .
@Ketchup @Kimberly11 @beautys20 Фала многу за препораките Имам доста акни на левиот образ и флеки од оние кои поминале, а истиот случај горе долу ми е и со остатокот од лицето.. потребен ми е производ кој ќе ми помогне во процесот на "лечење" и ќе го држи под контрола тоа избивање.. Дали и вие имавте ваков проблем и каков тип на кожа имате, со оглед на тоа што производиве се разликуваат доста.. П.с дали ги погодив?
Јас имам комбинирана кожа склона кон акни , нежна ми е розевата пена секое сабајле со неа го мијам лицето а вечерно време CeraVe гелот , инаку мислам дека сепак се работи за средства за измивање што не влијаат на “лечењето на акни “ подобро би било да вложиш во серум или крема некоја . Конкретно јас бирам нежни производи за измивање , без алкохоли , битно ми е да користам убав серум и крема
Jas imam kombinirana,plavata e nameneta bas za toa a rozevata ti e za suva. Izberi si sto mislis deka najmnogu ke ti prija inace plavata pena e so aloe vera ako se odlucis da ja kupis ke vidis na ambalazata pisuva
Која мицеларна најдобро вади шминка?Искрено не ми е важен составот бидејќи после тоа користам гел кој ќе ја измие секако.
Или Garnier со розово капаче, или Corine de Farme. И двете ми се супер, но позадоволна сум од Garnier.
Иако после мицеларната го миеш лицето со гел, не се согласувам дека во тој случај составот не е важен. Јас би ти препорачала да пробаш double cleansing, односно прво да ја вадиш шминката со oil-based чистач, а потоа да ги измиеш лицето со гел. Сепак, да не бидам оф топик, мицеларната од Оливал убаво ја вади шминката и има добар состав.
Јас ти ја препорачувам на BALEA со розево капаче. Големо пакување и е околу 200 денари во DM. Јас ја користам веќе година дена и не ја менувам за ништо. Презадоволна сум. Исто се сложувам со pamelce за double clensing. Не е доволно за се користи само мицеларна затоа што не вади све. Јас обично ја вадам шминката со мицеларната и потоа го мијам лицето со пена па тек после продолжувам со креми, серуми што и да е. Истово го правам и кога немам шминка (ќе се изненадите колку ни е валкано лицето и кога не носиме шминка)
Да, секако го измивам лицето отпосле, не сум била јасна изгледа но не ми се допаѓаат маслата за вадење шминка и општо чувството на масло на лице и низ раце, па затоа со мицеларна проаѓам прво.
Супер. Пробај ја оваа на BALEA Нема да згрешиш. За сензитивна кожа е, така што нема лоши состојки во неа што може да доведат до иритации. Што е најбитно нема парфем во неа и е баш нежна за лицето а стварно отстранува убаво шминка
Јас имав многу промени на кожата на лицето, и последно сум со комбинирана накај сува. Мене лично розевата пена повеќе ми ги сушеше сувите делови и затоа преминав на сината како за проба, и одлучив да продолжам со неа затоа што го немам тој проблем тука. Ми нема логика искрено, не можам да си ја објаснам реакцијата, можеби и се должи на промените во апликација кои ги направив, ама ова е моето искуство.
Фала ви на сите за коментарите, ја купив на Гарние розевата и тоа 700 мл Ја имав на Балеа претходно, но оваа ми е подобра сега кога ја пробав.
Кој гел од Балеа добро ја чисти кожата? После мицеларната го мијам лицето со розевиот крем/гел за миење лице на Балеа, но забележувам дека тешко ги отстранува остатоците од шминка. За наутро е супер, но ми е при крај, па сакам да пробам и друг.
Белиот балеа мед многу е добар,вади и маскара,и добар состав има,и што е најважно не ја суши кожата,јас веќе неколку пакувања имам потрошено до сеа и не планирам да го сменам.
Некој што има нормална/сензитивна кожа со розацеа, да ја има користено овој чистач? Дали е добар и нежен, без да има негативни ефекти?