Јас би ти го препорачала розевиот гел на Биодерма sensibio. Не знам како му е составот (дали е според твоите критериуми) и малку е од повисок ценовен ранг во споредба со Балеа, но многу долго трае, одлично го чисти лицето и го смирува. Не ја пресушува кожата и не содржи парфеми. Мене многу ми се допаѓа.
Ако имаш опција онлајн да нарачаш, пената со масло од смил на Оливал. Мене ептен ми легна на кожава, иако имам комбинирана кожа, а таа е за осетлива и сува кожа. https://tesoridimare.mk/proizvod/olival-micelarna-pena-smil/
Драга од она што го имам пробано дефинитивно пената на pulp de vie околу 700 мкд (ја има во ДМ) потоа пената на оливал со смиљ околу 500 (оваа ја немам пробано) и преубава е онаа на натура сиберика исто околу 500. Што и да земеш од ова е добро. Поздравче
Да, тој е. Го има во Зегин и Еурофарм со сигурност, за др аптеки не знам. Имам нормална кожа, на места со росацеа.
Моментално ја користам оваа пена за миење лице, е за комбинирана и мрсна кожа. Го прави лицето нежно, меко и не го суши.
Едит:еве слика најдов Не можев да најдам подобра слика,го користев пред некоја година и сега не можам да го најдам. Дали веќе го нема или е сменета амбалажата?
Драга овие ги немам никогаш пробано и затоа се оградувам од одговор. Најискрено првпат ги гледам благодарение на тебе.
Јас имам комбинирана и супер беше , не ми ја исушуваше кожата нежна е , шминка чисти топ ! Додека плавата ми го затегаше и сушеше лицето некако , поагресивна е Исто добра пена е на Афродита , со лимон и хамамелис
па искрено измивачко средство нема да ти помогне за флеки , потребно е добра рутина . А доколку лицето ти е склоно кон црвенило и розевата и таа на афродита се нежни пени , немаат агресивен состав . Исто добар гел со супер состав е и Гарниер Био зелениот го има во ДМ трае цела вечност А за флеки мене ми помогнало најмногу azelaic acid ( the ordinary ) и витамин Ц Неоген