Повеќе зависи од составот отколку во каква форма е чистачот. И двете може да бидат нежни и и двете може да бидат јаки. Исто и личен вкус. Мене лично пените ми се чудни малку и многу побрзо ги трошам отколку гелот.
Јас со сапун го мијам лицето. Ама само на La soy. Добар е тој со зеолит, а и тој со здравец. Трае долго, бидејќи само за лице го користам. После него го немаш оној ефект на затегнато, значи не ти ја суши кожата, а воедно е гланц чисто, немаш ни малку замастување. Некои не би се согласиле за користење на сапун, ама од кога го пронајдов, не ги менувам за ништо. Навистина се нежни. Подобро чистење имам со него, него ли со било кој продукт.
Јас употребувам гелови , со пената имам некое чувство дека не ми е измиено лицето како што треба. Инаку имам мрсна кожа. Пената е по нежно средство за измивање на лицето па ти препорачувам да користиш доколку имаш чувствително лице.
Според мене пена. Имам комбинирана кожа, и пена повеќе ми одговара отколку гел. После миење со гел, лицето го чувствувам како пресушено, што не е случај со пената. Иначе пена за лице се користи така што се нанесува на лицето и се остава да стои барем една минута. Јас порано само ја миев како со гелот што правев, ама со упатството на последната пена за миење што ја купив, сфатив дека сум грешела. Инаку моментално користам пена за лице од Лавера, за чувствителна кожа, без мириси и алкохол, со сквалан. Од Белина го нарачав. Чувството после пената е одлично, како да си ставил крем. Малку е поскапа, јас на попуст ја начекав за 450 или слично, а редовна цена е околу 700 денари, да не ве излажам, не сум сигурна. Поевтина варијанта ми е пената за лице на Оливал со масло од смиљ за сува и нормална кожа, околу 350 денари е во ДМ.
Има од Bioderma гел за миење против дамки од Pigmentbio линијата. Мислам дека пакувањето е од 150-200 ml. За цената не сум сигурна, можеби е околу 850 ден. Само прочитај рецензии затоа што јас не сум го користела гелот и не би можела да ти кажам ништо.
Дали овој гел за миење можам да го најдам на друго место освен во ДМ? Таму го немаат со месеци веќе...
Мислам дека само во ДМ ја има оваа линија производи од Гарниер. Дали си им пишала во порака на фб, евентуално во магацин или во некоја од другите продавници да не го има?
Не сум им пишала, добра идеја. Работата е што бев во сите можни ДМ во Скопје и секаде ги има сите производи од линијава, само гелот за миење го нема. Дали одма го купуваат луѓето кога ќе го донесат во продавниците па јас не успевам да го начекам или пак веќе не го увезуваат, не знам. Ама ќе прашам, ќе им пишам, тенкс.
Јас прв пат кога сакав да го купам, истиот проблем го имав, неколку пати бев во повеќе маркети и го немаше само него. Им пишав, за околу еден ден ми вратија дека го има во ДМ во Ѓорче но, бидејќи ми е далеку се двоумев дали да одам, па поминаа уште неколку дена и го начекав во ДМ шо ми е блиску до мене. Најверојатно им се троши брзо, а имаат некоја фиксна дата на освежување на залихите.
Преубав е, и гелот и тоникот од оваа линија, има убав мирис. Ама не е баш БИО, има состојки кои не се БИО.
Дали некој го има пробано овој гел за миење на лице и дали е добар за лице со акни? Јас имам проблематично лице со акни и до сега што сум користел гелови ми предизвикувале акни. Пребарував и пени за миење за лице, но освен таа на оливал другите ми се многу скапи и некако не ми вреди за пена да дадам многу пари.
Денеска бев демек да го земам гелов и разбрав дека ова е гел за хидратација на кожа како млеко или лосион, а не гел за миење лице.
Порано го миев лицето само со вода, но тогаш и ништо не ставав на лицето па и немаше потреба од мијало. Сега секој ден крема ставам и морам со мијало. Сепак си се вратив на пена за миење лице, сега купив една од балеа, сино пакување, па ќе видам колку ќе ми одговара. Признајте интересен е зборов мијало..хаха
Јас неколку години користам пена за лице од професионалната линија на Афродита. Имам пробано и неколку пени нс Балеа ама не бев воопшто задоволна.