На оваа прљавштина у воздухот не можеш лице да измиеш само со вода. Со години веќе мијам лице со пена (и плус пилинг), периодов со розевата од Балеа, а претходно долго време со сината од Балеа. Ме интересираше разликата помеѓу двеве, па се решив да ја пробам и розевата, розевава како понежна да ми е, иако ми се допаѓа, сината за нијанса подобра ми е. Го обожавам чуството на распенетост со пена, со гел како да имам чувство дека не го мијам целосно.
Ја имав пената за сува кожа од истава линија, намерно зедов за сува, оти да бидам искрена, поубави ми се тие пени за лице, иако имам комбинирана кожа. Чисти и измива убаво, и нема чувство на затегнатост како со гел за лице. Општо, ги препорачувам производите на Оливал од линијата со масло од смиљ, го имам и маслото веќе подолг период, преубаво е.
Оваа пена ја користам скоро цела година, ми се допаѓа што има многу малку состојки и е многу нежна, после миење не остава чувство на сувост, но премногу е воденеста и како да не го измива доволно лицето.
Синиот го немам користено, но кога се мислев помеѓу двата, го одберив овој, бидејќи имаше подобри состојки. Мене ептен ми е погоден. Ниту ми ја суши кожата, ниту се мрси дополнително од него.
Не би рекла дека е доволно само гел, било кој и да е. Најдобро прво мицеларна или маслен чистач па миење, да си сигурна дека темелно лицето е исчистено.
Се мислам помеѓу овие две пени, дали ги има некоја користено да сподели која е подобра во однос на состав и чистење?
Јас ја користам розевата пена од Балеа, нежна е, убаво го чисти лицето, не го суши. Иако имам проблематично лице и до скоро лечев акни, никогаш не ми направила никаков проблем. Мислам дека никогаш нема да купам друга пена, оваа ми е сигурна опција со доста поволна цена.
Розевата ја имам неколку пати земано и супер е, за чувствителна кожа одговара, темелно вади шминка без проблем
Веќе еден месец ја користам оваа пена на Балеа и не ми се допаѓа. Иако на почетокот од состојките се наоѓа алое вера сигурно таа е во мал процент. Прво што не ми се допадна е тоа што има прејак мирис кој останува и после измивањето на пената. После измивањето лицето го чуствувам многу суво и затегнато што не беше случај со пената на Оливал, исто така чуствувам како мало пецкање во очите што значи парфемот го има во голем процент. Едно големо НЕ од мене!
Го има некој пробано новиот гел за миење лице на ревокс? Тој со мед и лимон. Користам балеа мед гел ама при крај ми е, па сакав да го пробам тој новиот.
Јас го користам и прилично сум задоволна , имам комбинирана кожа убаво го чисти лицето и добро пени . Не ја затега и исушува кожата , супер е , а и многу убаво мириса особено наутро ме буди
Препорака за гел за миење лице со пониска цена? Користев на еуцерин, но скапо ми е. Некое до 500 ден. И да е достапно за купување, да не треба да го нарачувам од негде. Инаку имам сува кожа. Благодарам