Искуства со пенава? Моментално сум во процес на лечење акни, па дали би ми направила проблем ако има некој искуство да сподели Ми треба нежно средство за чистење што нема да ми ја суши кожата.
@Peanut Butter не живееме баш во природни услови, веруј дека само со вода не го чистиш лицето, особено зимно време кога воздухот е поготово отров. Најдобронамерен совет, миј го со нешто, дали гел, дали пена, што год ти одговара, зш лицето многу се прља, не е ни битно толку дали си имаш некаков проблем.
Мислам дека можеш за лице со акни, само плавата не ја купувај, таа знае да иритира и види и оваа дали има парфем, парфемот на овие пени им е многу јак. Јас би ти ја препорачал пената на оливал, таа нема ниедна иритантна состојка и е скроз природна.
Фала за препораката Ја имав сината, прејак беше парфемот и ми ја сушеше кожата. Оваа има парфем ама не во толкава количина, барем колку што пробав, плус на листата со состојки е скоро при крајот
Ја како масло го знам го имам спрејот али пак ми искачаат не знам зашо све постоечко пробав. Може душо секој ден да го користам?
Да не има некој искуство со овој гел скраб на Неутрогена? Нежни се гранулите + има АХА и салицилна. Дали би бил океј за секојдневна употреба?
На разни теми имаме пишувано за гелов ефаклар. Јас сум многу задоволна од него, го имам купено сигурно над 10 пати. Акни немам ептен пред добивање, но ќе кажам со сигурност дека е само за мрсна кожа, во спротивно може да ја пресуши кожата. Има и еден друг исто ефаклар Овој другиот е наменет за посериозен проблем со лицето , ако имаш хиперпигментации неизедначена структура на лицето.. нема мирис исто така. Мене лично плавиот ми се допаѓа повеќе
Здраво на сите! Дали може Ве молам да ми препорачате некој гел/пена за миење лице, за кожа што е склона на акни и по можност да не ја суши многу? Фала ви
Биодерма плавиот. Спречува акни да се јавуваат и контролира маснотии да не се лачат. Ќе користиш и крема после него. Од дм имам користено многу и ниеден не ми се покажал ефикасен против акни.