@vitamina , не те заборавив за прашањето околу гелов . Само сакав да поминат барем десетина дена редовно користење (х2 дневно). Првичниот впечаток ми се потврди, гелов е исклучително нежен и пријатен за мојата кожа. Во никој случај не ја суши и затега во образите, што е случај со гелот на Авен. Значи, не велам дека е подобар од вториов, едноставно е посоодветен за мојата кожа. Има многу деликатен, пријатен и свеж мирис. А, кога ќе се додаде и добрата цена - прав steal deal. И внимавај, има сличен гел - ексфолијант. Јас зборувам за оној од сликичката погоре. Кликни на неа, да ја видиш убаво. Еве го и составот, во случај да сака @Biodevojka да го прокоментира. И уште едно прашање за неа: зошто го избегнува пропилен гликолот? Ако се сеќавам добро, некаде имаш споменато дека кога го има во формулата, овозможува подлабоко продирање на состојките во кожата.Тоа не е добро? И кога станува збор за лецитин во некоја формула, од какво потекло е по дифолт, кога не е назначено? Соја?
Драга секако дека ќе сакам да го прокоментирам составот. Штом видам состав одма ми се отвораат очите ахахахаха. Гелов не е лош со благи сурфактанти, убаво избалансиран, не е комплетно природен по некоја синтетичка состојка има ама ништо страшно. Што се однесува до состојката пропилен гликол вистина е дека ја избегнувам затоа што на некој начин го ослабнува заштитниот филм на кожата, односно прави сите состојки полесно да продираат во самата кожа (екстракти, конзерванси итн). Во случајов не е страшно затоа што присутна е во мал процент. Советувам да се избегнува кога е помеѓу првите три позиции каде присуството е поголемо. Поздрав.
@Biodevojka, според тоа што прочитав, што си пишала ми даде идеја да си го користам мојот сапун и за миење лице. Јас правам сапуни, ама до сега само за тело и за коса ги користам. Башка рецепти имам за се . Сега последниот за ќерка ми што го правев е со мајчино млеко (мое), и може да го пробам. 80 % е маслиново, 20 % кокосово масло, останатото е млекце и сода. Не користам ни бои ни парфеми. Само комбинации од масла, млека и жива сода. Баш утре сабајле ќе пробам. Фала на идејата уште еднаш
За секојдневна нега ги користам плавиот гел на Балеа со екстракт од лотосов цвет и пената за лице од истата линија. Периодично ги менувам плавиот и зелениот гел, меѓутоа навистина не можам да издвојам кој повеќе ми се допаѓа и кој повеќе ми одговара. Имаат поразлична формула - плавиот е понежен, има малку полеплива формула и нема гранули. Не ја суши кожата воопшто, не остава масен филм по миењето на лицето и многу убаво ја чисти кожата. Зелениот е со посува формула, има ситни гранули и одличен е за мрсна кожа, особено во лето. Зелениот гел е 132 денари, плавиот е 136 и за таа цена не верувам дека ќе се најде подобар производ за мојот тип на кожа. Мислам дека и составот не им е лош, иако не сум проверила подетално. Порано кога преферирав изразен матирачки ефект, зелената колекција ми беше a must. Епа сега е исто, само за плавата колекција - нема нешто што не пробав, сите производи ми се супер. Го имам и пилингот, меѓутоа не практикувам да го користам почесто затоа што и не е најпрепорачливо. Најдобро ми се покажала оваа „маршута“: наутро користам гел, а во текот на денот и навечер, евентуални остатоци од шминка вадам со помош на пената за лице. Пилинг правам по потреба - најчесто еднаш до два пати недело. Сè што е над тоа не ми годи, затоа што најверојатно го симулира лачењето на себумот дополнително и лицето почесто ми се масти.
Имаше право за плавата пена со лотосов цвет, се заљубив колку ми се допаѓа!!! Ја користам наутро и навечер. Позз
Баш ми е мило Биодевојка, погледни го и гелот за миење ако некогаш сакаш да пробаш нешто ново. Ќе го прикачам и составот во соодветната тема, па можеш да погледнеш дали ти се допаѓа или не. Мене зачудувачки многу ми одговара, а го купив по препорака на @AnaKarenina. Taa го фалеше и се заинтересирав да го пробам. Од тогаш го немам сменето.
@Mishela значи тој зелениот гел дава по матирачки ефект ? Од таа линија го имам пробано пилингот 3 во 1 и убав беше
Да, тој е наменет баш за мрсна кожа и верувај поубав ми е и од Авене Клинанс. Ќе ти се допадне, затоа реков дека во лето ми е идеален за да го одржам лицево нормално.
@Biodevojka ќе може да ми препорачаш гел или крем за секојдневно миење на лице? Имам нормална кожа со помрсна т зона, која често знае да биде и многу сува. Ги користев Сензитив со камилица од Алверде и тој за комбинирана кожа со морски алги наизменично, но првиот веќе не се произведува, а вториот многу ми ја суши кожата.
А што мислиш ,би одговарала ли оваа од Алверде, знам дека е за нечиста кожа, а мојата е чиста со малку црнки на т зоната, но мислам дека има добар состав и нема да ја суши кожата? Исто од Флоранс разгледував некои работи и со пристапни цени се, да не знаеш од нивната колекција дали има нешто добро за секојдневно миење лице?
Здраво драга, да и оваа е добра. Ја имам пробано. За флоранс има една пена која е убава ама не е баш евтина мислам дека околу 800 или 900 беше. Кремите им се поевтини, ама гелот за миење е до 900 мкд. Инаку како производи флоранс се многу убави. Поздрав
Каде има вакви производи? Јас имам користено гел за миење лице од истава фирма, ми го донесоа од Германија, одлично делуваше на лицето.
Во Лидл има производи на Cien најблизу во Грција и Бугарија Едит : јас го користам чистачот за лице Dark angels од Lush и ми е супер убаво го чисти лицето без да го затегнува. Супер е за масно лице има некои зрнца внатре и е чистач за лице и исто време пилинг се прави при миењето на лицето. Пена ако сакате одлична е на Алверде до лимета и јаболка исто за масна кожа
Јас ја купив сината пена од балеа која знам дека многумина ја фалеа но мене премногу ми го исуши лицето и престегнато го осеќав. Поубаво искуство имав со пената од зелената линија. Со dove сапун класичниот поубаво си поминувам.
@Biodevojka која е разликата меѓу розевата и зелената пена на Балеа? @sofija014 Може да ставиш слика од зелената пена?
Розевата пена е наменета за сува кожа, зелената за комбинирана до масна. Мислам дека немаат ист состав.
А предлог пилинг за лице? Може и маска со пилинг ефект ама не од оние што се лупат. И да не биде homemade, на готово сакам
Епа го имаш оној 3 во 1 гел на Балеа од зелената колекција. Може да се користи и како гел за миење (не е баш за осетлива кожа и за секојдневно користење), како пилинг и како маска. Не е скап, помалку од 200 денари е, а доста фин производ ми е.