Мене искрено овој гел ми беше премногу агресивен, кожата пресува после миење. Овој ми е подобра замена
јас се мислам за маслен чистач, се двоумам помеѓу пурито и овивал. имам комбинирана кожа склона кон акни, совет?
Да, овој е стварно преубав. И јас го користам веќе цела година, стално си го прекупувам, многу добар производ е и ептен ја хидрира кожата, плус баш онака чисти темелно ептен и нечистотии од шминка и све на лицето, многу сум задоволна.
Ги имам и двата користено, ако мислиш на оливал емулзијата. Искрено и двата се океј, лично повеќе ми се допаѓа на пурито. Е сега скоро дупло е поскап ама мислам има и зошто.
@Skorpija*88 Маслениот чистач на Novexpert e многу добар https://www.bellina.mk/p/832/omegas...litse-so-5-omega-kiselini-150-ml?categories=9
Мислење за мицеларната и гелот на Оливал со смил? Гледам сите од инста скин кер блогеркиве ги препорачуваат во процесот на третирање на акни, како едни од подобрите, а со пристапна цена. Гелот дали пени убаво и ја чисти кожата?
Мицеларната е предобра, не е само маркетинг трик туку навистина вреди! Јас пената ја имам повеќе пати користено и не пени премногу, но тоа не е битно, ја чисти кожата одлично. Гелот го немам пробано.
Одлични се! Јас имам комбинирана кожа склона кон акни и мене супер ми одговараат. Гелот баш пени, во споредба со еден друг од Еуцерин кој го користев и воошто не правеше пена.
Искуства со овој гел/скраб на Неутрогена? Има ситни гранули внатре и е со салицилна и гликолна киселина, а сепак вели наменет за секојдневна употреба Мене ми го подарија, а се изненадив од цената кога видов дека е околу 700 денари во Дм и зегин Инаку, моментално го користам Ефаклар синиот гел на ЛРП и го препорачувам на секој што е во фаза на лечење акни, вреди за секој денар и големото пакување трае вечно
Јас го имам користено , мене многу ми се допадна и бев задоволна Ми ги смируваше акните и црвенилото , има ефект на ладење .. 3 пати неделно го користев
Од гелови за мрсна кожа најзадоволна сум била од: - Биодерма плавиот - Ла роше Ефаклар - True Alchemy proteins Сите три убаво чистат, а последниот највеќе ми се допадна во однос на ефектот и мирисот.
Го има некој користено да сподели искуство? @Biodevojka Што мислиш за составот? Aqua, Decyl Glucoside, Glycerin, Xanthan Gum, Betaine, Lactic Acid, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Allantoin, Butylene Glycol, Sodium Benzoate, Sodium Hydroxide, Disodium EDTA, Glycyrrhiza Glabra Root Extract, Sodium Polyglutamate, Sodium Levulinate, Citric Acid, Potassium Sorbate, Sodium Benzoate
Според составот ова средство на благ начин ја измива кожата без да ја иритира. Има убави состојки, единствено Disodium EDTA која не е штетна состојка за кожата (нема никакво лошо влијанир врз нас), меѓутоа од еколошка природа е штетна за морскиот свет. Инаку како формула ми се допаѓа.
Девојки, ќе прашам и тука бидејќи во друга тема не разбрав убаво. Дали е океј гелов за секојдневна употреба на нормална до сува кожа или е преагресивен. Ако ја суши предложете ми некој понежен ама не прескап.