Би ти ги препорачал некои од овие два гелови. Првиот на натура сиберика кој има прекрасен мирис, убаво го мие лицето, а не го суши. Вториот не сум го пробал, но имам прочитано многу рецензии дека е нежен и не го суши лицето, па, мислам дека е сличен на овој на натура сиберика.
Погледни ги тие на Балеа, не многу скапи а инаку се супер за секојдневна употреба. Јас ја користев едно време розевата, кога имав сува кожа. После се префрлив на сината, таа е за комбинирана. Неа ја користев со години, но поседно ја земав таа ултра сензитив затоа што имам проблем со иритирана кожа. За сите можам да кажам дека супер чистат, јас миам лице сабјле и навечер. Нема негативен ефект.
La roche posay effaclar cleanser, презадоволна сум! Околу 1000 ден е, но 400 мл така што ќе ти трае можеби и пола година. Откако ќе пројдам со мицеларна вода за да ја извадам шминката, го мијам лицето со гелот и не останува ништо на пешкирот.
Јас последно го зедов од Балеа ултра сензитив гелот за лице за 160 ден и за таа цена е фантастичен. Не ми ја суши кожата и многу е нежен, ептен лесна пена се создава и нема парфеми, таа сината пена од Балеа ми ја иритираше кожата, еден тон парфеми има.
Пената на Оливал 390 денари. Во ДМ исто така ја има. https://tesoridimare.mk/proizvod/olival-micelarna-pena-smil/
Морам да го пофалам овој гел за миење лице. Предобар,мириса преубаво,чисти. Дава чувство на свежо миено лице. Ептен го засакав.
Прочитав многу позитивни коментари за овој гел на балеа. Дали го користел некој со комбинирана кожа склона кон акни? Најважно ми е добро да чисти спф и шминка ( секако како 2 чекор после мицеларна ) и да не ми предизвикува нови акни