Ќе ти пишам неколку па ти сама одлучи. La roche posay effaclar Bioderma plaviot gel Novexpert penata so vitamin c Blueberry Siberica - ovoj e najubav za site pari spored mene. Novexpert zinc Neo care yogurt - ова е ептен мало ама можеш да го пробаш. Сите овие ги имам пробано сега да го завршам последниот од neo care ќе почнам да го користам дерматолошкиот на Ла Роше.
Колку е тој од la Roche posay и дали во DM го има? Поскап бренд ми се, сум ги избегнувала, сега ќе купам зошто лицево ми се исфрли последните месеци, морам да вложам во добри продукти.
Само во аптеките, некогаш на попуст се наоѓа, не знам во мк колку е, јас во Грција ги купувам нивните производи
Здраво, сакам да земам чистач, кој од овие е најдобар? Инаку претходно го гористев чистачот со протеини, а имам комбинирана кожа, периодов доста сува околу усниве.
Девојки ми треба нешто за миење лице Досега користев на Новексперт со цинк тој за миење,но ми заврши и имав дома друг вчера и сега се измив но лицето ужасно ме пече Не сакам да го користам па минтреба предлог нешто за миење за осетлива кожа Имав нормална кожа,но сега заради Роакутан кожата ми е преосетлива,дајте ми предлози па ако успеам да најдам овде утре би било супер
На ла рош го имаш користено? Кремата ја имам и супер ми се погоди па сигурно и гелот за миење е добар Бидејки на ла рош можам одма да го земам а натура сиберика ке треба да ја нарачувам
Да го користам периодов и многу е добар, убаво чисти. Дерматолошки е и може и за тело и за скапл да се користи. Нема да погрешиш. А на натура исто е одличен можеш и тој да го земеш за понатака ко ќе го потрошиш на ла рош.Две до сега пакувања потрошив и здравје пак би го зела кога ќе одам Мкд.
Е фала ти многу бев сега го немаат моментално на лагер па ми рекоа ако нарачам за два дена ке стигне па го нарачав,а во меѓувреме земав овој па ке видиме Тогаш и јас по мм ке си нарачам од тој на НатураСиберика тој сега ке си оди па да го пробам
Јас го имав овој но не ми одговараше, лицето ми беше црвено. Но ти пробај го овој види како ќе ти се погоди.
Ке пробам да секако за два дена ке го земам на Ларош.Ако се погоди овој ке го искористам прво него,ако не ке продолжам со Ларош Ти благодарам уште еднаш на препораките
Убав е тој од Натура Сиберика, ама мирисот ме утепува. Имам аверзија кон мирисот на шумско овошје поради Ревита со железо и Тотема ампулите со вкус на шумско овошје што ги пиев долго време. Инаку пената е добра, вторпат миев лице денес со неа, чисти сѐ, ама ко да ме пече на очи... Дека обично сите пени за миење лице ги користам и на очи за вадење евентуални остатоци од шминка, така и оваа.