Гел, пена, чистачи за секојдневно миење лице

Дискусија во 'Лице' започната од Rozich, 22 октомври 2011.

  1. Bella__

    Bella__ Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2023
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    295
    @firequeenn
    За маслен чистач мене овој ми е омилен и второ шише и никад нема да го сменам.
    Имам пробано и други ама премногу е чист во состојки ,не ти ја суши кожата ,универзално е и за најсензитивна кожа како мојава.
    И е 200мл што се користи до 6 месеци со тоа што и шминка вадиш со него :) .

    https://olpeo.mk/product/beplain-greenful-cleansing-oil-200ml/
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Нема на залиха од овој.
    Но препорачај друг за мрсна кожа ако сакаш :D
     
    На Bella__ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    За оние со комбинирана и мрсна кожа особено за помладите со приступачна цена претпоставувам во Мкд е поефтин овој е идеален, не ја суши кожата и чисти убаво. Е сега идеално би било да се поминете претходно со масло или мицерална за потемелно чистење. Го добив на подарок и ми се погоди, околу три месеци ми траеше. Одличен 9/10
    [​IMG]
     
    На Guns N` Roses и Bella__ им се допаѓа ова.
  4. Bella__

    Bella__ Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2023
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    295
    Јас пред години имав од оваа линија како скраб за лице и беше одличен не знам дали уште постои :) .
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Дали ова чудо го има некој видено низ дрогерииве? Не знам во колку dm влегов, не го најдов, кога ја прашав една продавачка дали го има на залиха, вика ако нема на рафтовите, тоа е тоа. Дали можеби е повлечено од продажба? Долго време го барам. [​IMG]
     
  6. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    2.467
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Омилен ми е овој cleansing gel. Предобар е, не ја суши кожата, убаво го чисти лицето. Вреди за секој денар.
     
  7. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    3.842
    Мислам дека е повлечен производов, доста долго време го нема. На негово место има пилинг за лице.
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  8. angel4444

    angel4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    725
    Пол:
    Женски
    Гледам го фалите хијалуронскиот гел на Еуцерин, искуства со овој другиот? 4005800192883_240x.jpg
     
  9. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Мене лично омилен ми е овој кој мие и вади шминка- два во еден. Многу е нежен и воопшто не ја иритира или суши кожата
    [​IMG]
     
    На kate89 и Bella2_ им се допаѓа ова.
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.372
    Допаѓања:
    105.451
    Пол:
    Женски
    Мислење за овие средства за миење лице? Или предложете некој нежен чистач.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Го користам на Geek&gorgeous Jelly joker ама не можам во Грција да го најдам, ме мрзи да го чекам од др држава...
     
  11. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.751
    Допаѓања:
    2.059
    Порано ги користев доста производите на Биодерма ми ги препорачуваа за акните, но не ми помогнаа искрено инаку општо, мене најубав ми се покажа тој Сенсибио во розева туба со пумпа.

    Сега преминав на корејските производи и сум далеку позадоволна.

    Моментално го користам Axis Y Sunday Morning гелот и предобар е, го препорачувам за чувствителна кожа.
    Многу е нежен и одлично чисти, прави доста голема пена и не ја суши кожата. Навечер го користам заедно со балмот на Heimish во двојното чистење.
     
    На IamSexyAndIKnowIt и koritsaki им се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.372
    Допаѓања:
    105.451
    Пол:
    Женски
    @MayDiamonds ти благодарам. Проблемот е што некои од корејските марки тешко се наоѓаат тука, а во Мк дур во декември ќе доаѓам, па до тогаш мора нешто од овде да земам. Missha, Heimish, Beauty od joseоn ми се меѓу по достапните производи од корејските.
    Heimish со мандарина го користев летово и бев презадоволна.:)
     
    На MayDiamonds и Bella2_ им се допаѓа ова.
  13. Bella2_

    Bella2_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    253
    Ако го најдеш на бјути е убав гелот многу нежен со слива и природни состојки. Нежен е посебно за секојдневно и ако правиш двојно чистење.
    https://beautyofjoseon.com/products/green-plum-refreshing-cleanser?variant=41217439367333
     
    На IamSexyAndIKnowIt и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.865
    Допаѓања:
    81.114
    Пол:
    Женски
    Пред некое време добив тестерче со самата нарачка од coslovemetics од крем-пената Mary&May. Немав некакви очекувања, онака ја пробав и ми остави фин впечаток, па си реков ај ќе ја нарачам следниот пат. И онака пената за миење ми беше при крај, па ете ми прилика да пробам нешто ново.

    Ја користам сигурно два месеци некаде, презадоволна сум како чисти и како му делува на моето лице.

    [​IMG]

    Имам комбинирана кожа (во постудениот период од годината ми е повеќе нормална отколку комбинирана). Не го пресушува лицето, но има доста појак измивачки ефект од розовата пена Balea. Знам дека не е најидеалната споредба, ама тоа користам веќе долг период и со тоа можам да споредам во моментов.
    Во однос на чистењето - феноменално ги чисти порите и притоа не го остава лицето суво или дехидрирано. Би ја купила повторно, навистина ми одговара и многу ми се допаѓа. Препорака ако си барате нешто за миење лице од овој тип.
     
    На Agness и Bella2_ им се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    20.464
    Пол:
    Женски
    Како сте задоволни од овие чистачи? Сакам да ги зеам ама страв ми е да не го сушат лицето. (Само чистачите ќе ги зеам, не кремот)
    51bv36Z4cYS.jpg shopping (1).jpeg
     
  16. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Имате ли искуство со гелот за миење на Афродита?
     
  17. Maraya✓

    Maraya✓ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    66
    Дали ја имате видено некаде оваа мицерална вода?
     

    Прикачени фајлови:

  18. Bella2_

    Bella2_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    253
    Рецензија време :hai:

    Поминаа 2 недели откако го тестирам познатиот маслен чистач на Ануа и можам да кажам многу и да споделам.
    ( имам дехидрирана нормална кожа ,многу сензитивна и склона кон акни)

    Има мирис што ми смета и не е погоден за сензитивна кожа и склона кон акни.

    Убаво и добро вади шминка посебно тешка некоја и тоа тестирав и спф и креми.

    Ми ја остава кожата малце иритирана и црвена искрено на моменти ама тоа е до мојата кожа што е многу сензитивна.

    Искрено не би го купила повторно ,ниту би го препорачала… можеби за некој што има нормална кожа и сака да испроба во ред но има многу подобри маслени чистачи што сум користела и пробувала и зс иста и поевтина и поскапа цена.

    Малце ме исфрли на некој места и се опоравувам за жал.. не е мала количина па ајде брзо дс се потроши.

    Не ги достигна очекувањата што самиот бренд ги нуди и ги ветува дека ги “намалува порите и ги чисти црнките” и како што покажуваат на инстаграм и сегде. Да ги чисти порите ама тоа секој маслен го праи …

    Заштедете си ги парите и земете си подобар маслен чистач од овој и не ги фрлајте за џабе. Еве искуство и искрено и детално па вие одлучете си како сакате понатака можеби ќе ви се допадне но мене не ми се погоди .(n)

    https://coslovemetics.mk/product/anua-hearleaf-pore-control-cleansing-oil-200ml/
     
    На Rubi99, MayDiamonds и Selena01 им се допаѓа ова.
  19. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    2.881
    Пол:
    Женски
    Сакам да споделам дека со што и да го измијам лицето, дали тоа ќе е гел, пена, крем-пена итн.. мене потоа кожата на лицето ми е како затегната и пресушена. Денес ја пробав пената на Lavera. Истиот ефект. Едино од розовиот крем за миење лице на Балеа кој мирисаше на бебешка пудра и повеќе го нема, не ми се сушеше лицето, а и од Медицинската линија пената на Балеа помалку ми се осеќаше тој афтер ефект на затегнување. После тоа се осеќам како да ми е џабе што и да ставам кога веќе е дехидрирано.
    Користам и на CeraVe cream to foam хидратантен. Користам и на Алверде со глина. Исто ми ја сушат кожата. Демек на сите пишува дека
    НЕ ЈА ПРЕСУШУВААТ И ЗАТЕГААТ КОЖАТА. ЛАЖАТ!
    Еве ги сите “сушачи” на кожа:
    CCD16810-2AB6-4414-9A51-FE7BE3222E92.jpeg

    Едино овие два не ја пресушуваат кожата до толку, ама не си го осеќам лицето скроз исчистено со нив.

    824414B8-25E3-437A-A405-EFA5A8393C3B.jpeg

    ПРЕДЛОГ средство за миење што не ви ја дехидрира кожата? :(
     
    На Bella2_ и koritsaki им се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.372
    Допаѓања:
    105.451
    Пол:
    Женски
    @IamSexyAndIKnowIt

    Истото мислење го делиме со чистачот на Geek&gorgeous , со него не го чувствувам лицето како да е убаво исчистено.
    Од другиве погоре на сликата тоа на Natura siberica лилјаковото мене супер ми беше , ама дека милион пати го имам купувано ми се здосади и гледам се нешто друго да земам :rofl:
    Ќе ја тагнам и @Biodevojka може имаш некој предлог ?