1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гел, пена, чистачи за секојдневно миење лице

Дискусија во 'Лице' започната од Rozich, 22 октомври 2011.

  1. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    3.842
    balea-klaerender-reinigungsschaum--10026886_B_P.jpg
    Повели :)
     
    На ванилала му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Фала ви девојки :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.865
    Допаѓања:
    81.114
    Пол:
    Женски
    Заборавив да се надоврзам дека имаш и гел со гранули од истата линија на Балеа. Многу е фин за комбинирана кожа и за секојдневна употреба. И тој не е скап, некаде до 150 денари максимум.
     
    На ванилала му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш баш класичен пилинг за лице, би ти препорачала да купиш mask of magnaminty од Lush.


    [​IMG]
     
    На ванилала му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    @ванилала како што ти објасни Мишела. Розевата е за нормална до сува кожа, а сината (јас ја немам пробано зелената) е за комбинирана. Поздрав.
     
    На ванилала му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Да ми препорачате гел за миење лице/отстранување шминка.Да не е прескап и да нема многу хемикалии.
    Користев еден на авон,шминката ја отстрануваше одлично,но имам премногу акни и флеки од нив,сакам да го променам.
     
  7. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    5.011
    Девојки дали некоја од вас го има сретнато низ Македонија овој гел за чистење лице?
    1.jpg
    Или доколку можете да ми препорачате некој сличен за секојдневна употреба. Немам акни, ми треба само нешто антибактериско за чистење лице.
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.865
    Допаѓања:
    81.114
    Пол:
    Женски
    Фотографијата е мала за да видам поточно за кој бренд се работи, но ваков гел сепак немам видено тука кај нас.

    Ако ти треба гел за секојдневна употреба, можеш да си одбереш некој од колекциите на Балеа (ДМ). Во зависност од типот на кожа ќе одбереш соодветен гел.
    Мене многу ми се допаѓа и гелот со алги на Алверде (~150 денари, во ДМ). Нежен е и убаво ја чисти кожата, а не ја остава сува по миењето.

    Исто така Нивеа и Гарниер имаат убави средства за миење лице, особено оној на Гарниер што е како 3во1 (маска, гел, пилинг). Околу 250 денари е и можеш да го најдеш секаде, меѓутоа според мене најпогоден е за комбинирана до масна кожа.

    Пиши каков тип на кожа имаш, па ќе дадеме предлози. :)
     
  9. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    5.011
    @Mishela Ти благодарам за препораките. Кожата ми е комбинирана со многу мрсно чело и најчесто ми се прават мали мозолчиња на него, најверојатно поради маснотијата. Ми треба некој матирачки гел, ама сепак не се разбирам многу затоа пишав во темата :)

    Инаку гелот што го објавив е од Migros Beauty, еве линк:
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.865
    Допаѓања:
    81.114
    Пол:
    Женски
    Да, дефинитивно го нема брендов кај нас.

    Штом кожата ти е комбинирана со масна Т-зона (претпоставувам), тогаш голема е веројатноста да ти одговара овој од Гарниер 3во1.
    Исто, можеш да ја погледнеш зелената колекција на Балеа (и тука има многу фин гел за околу 130 денари), зашто таа е наменета токму за твојот тип на кожа и има навистина поволни цени, а сите производи се преефикасни.
    Гелот содржи гранули, но не е воопшто агресивен и груб, убаво ја матира Т-зоната.
    [​IMG]

    Многу убав е и овој гел од Балеа, со слични спецификации како оној од Гарниер кој го спомнав претходно, ама дупло поевтин. Мене лично ми е предобар, ми го држи лицето под контрола.
    [​IMG]
     
    На ivancekitty, Amon Ra и Кена Рис им се допаѓа ова.
  11. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2018-04-07-14-15-01-1.png
    Го има некоја користено?
     
  12. sorbet

    sorbet Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    5.269
    Има малку лигава структура но кога ќе го ставиш на влажно лице се претвора во сива пена. Убаво чисти шминка и не затега. Не прави чуда, сосема просечен гел за миење лице.
     
    На ванилала му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Забележуваш некое подобрување на кожата?
     
    Последна измена: 7 април 2018
    На sorbet му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sorbet

    sorbet Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    5.269
    Го користев пред некој месец, не направи чуда кај мене :D
     
    На ванилала му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Хана-банана

    Хана-банана Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Дaли некoј гo имa кoристенo гелoт дa пиши искуствo☺ nega-na-lice-xix-slika-5-data.jpg
     
  16. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    5.085
    Пол:
    Женски
    Јас го имам гелот. Не забележувам некои резултати освен што после миењето кожата не е мрсна и е освежена. А и убаво мириса. Друго баш и нема што да го фалам.
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.865
    Допаѓања:
    81.114
    Пол:
    Женски
    Хип бебешкиот гел ми одговара повеќе кога времето не е толку топло.
    Го користев речиси цело лето и не ми се допадна воопшто зашто пренежен е и навистина не ми го одмиваше добро себумот насобран околу т-зоната, па затоа што ми беше мака да го фрлам, продолжив да го употребувам и есенва.

    Како друг гел да користам, многу повеќе ми одговара и убаво ми го чисти лицето.
    Значи дефинитивно во различни делови од годината, еден ист производ различно се однесува на мојата кожа.
    Ќе го потрошам, па ќе земам нешто од СебаМед. Таму ми оди паметот, немам пробано ништо од тој бренд.
     
    На Luminary и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Mishela не те следам по темите, чесен збор, ама морам да кажам два-три збора и за гелот на Хип. :D

    Мене гелот на Хип ми е погоден за секој временски период. Толку добро одмива, што после миење кожата ја чувствувам презатегната, имам чуство дека ке 'пукне' на некој дел, пример ако премногу ја отворам устата. Ама тоа чувство поминува по одреден период и кожата почнува да се масти. :|

    Кога ке го потрошам гелот на Хип, планирам да земам од пената на Белеа, само заборавив која е подобра - розовата или сината?

    И гелот на зиаја бил добар, и на него ке му дадам шанса. Е дилемата е кој производ да го земам прв?

    [​IMG]
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Зошто миете со средства лице? Заради шминка..? или..?
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.865
    Допаѓања:
    81.114
    Пол:
    Женски
    Нема врска, нека се збори нешто во секое време. :D

    Читајќи те, имам впечаток дека можеби имаш помасна кожа од мојата, ама ми нема логика тоа што гелов вака ти се покажува на лице. За мене ова е најнежно средство за миење што некогаш сум го користела.
    Наутро да не ми е кремата за лоце до него, ќе заборавам да си ставам. :tmi:
    До толку е нежен и не ми ја затега кожата.
    Ама многу ми е убав за употреба овој период. Ќе си го купувам за постудените периоди од годината, а во лето ќе одам со нешто друго.

    Јас од Балеа сум презадоволна од плавата пена за лице. Преубава е и многу нежна, а одмива добро.
    Ги гледав доле во ГТЦ и овие од Зиаја и знам дека @marama ја користеше оваа колекција, па многу се мислев дали да купам нешто или не.
    Ја имам користено само кремата, многу ми се допадна за под пудра ама гелот не се решив да го купам.
    И фрлив око на пената од СебаМед, мислам дека неа ќе ја купам следна па Зиаја ќе почека таман до пролет. :D
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.