Најнежно до сега ми се покажало биодерма сенсибио гелчето розово на биодерма, а убаво ми го чистеше лицето. Имам комбинирана кожа.
Јас како “претставник” на таборот на луѓе што цел живот мака мачат со акни поради полицистични јајници и воедно имаат сува дехидрирана и крајно чувствителна кожа - фала ти што ме спаси Одамна веќе се мислам и премислувам дали да го пробам или не ама по се изгледа го прескокнувам. Исто во план бев да го земам и тоникот и уште се двоумам бидејќи се ептен популарни Само да ти дадам една топла препорака од мене кога веќе имаме ист проблем, ако не си го пробала обавезно да го пробаш HaruHaru Black Rise маслениот чистач. Некои маслени чистачи знаат да бидат тешки и да ги запушуваат порите дури и ако потоа употребиш уште еден чистач на водена база ама овој е ептен лесен и нежен, не ја иритира и вцрвенува кожата.. Планирам да ги пробам и останатите производи од истиов бренд, од мене 10/10! https://coslovemetics.mk/product/haruharu-wonder-black-rice-moisture-deep-cleansing-oil-150-ml/
Јас обожавам крем чистачи за лице како млеко кои чистат и вадат шминка два во еден. Знаете дека сум против двојни и тројни детерзии. Јас би ти ги препорачала овие Овој на Со био етик со магарешко млеко е феноменален. Го имам рецензирано во ова видео Потоа исто така омилено ми е ова на Jonzac Го имам рецензирано vво ова видео и во оваа статија http://biodevojka.blogspot.com/2022/09/jonzac.html и за на крај би ти го препорачала ова на Еволв кое во контакт со вода станува како млеко и преубаво е за кожата и него го имам рецензирано во ова видео и во оваа статија http://biodevojka.blogspot.com/2023/01/blog-post.html
Ова ми го направи денот искрено многу сакам да помагам ) Искрено јас до пола сум со чистачов и сакам следно на харухару да го земам како и ти што ми предложи ти благодарам мислам дека нареден месец ќе го земам и ќе ти кажам мое мислење ама мислам дека ќе ми се погоди. Од тој бренд харухару имам пробано бакучиол крема за очи и е 10/10 јас освен под очи и на лице ја користам на моменти хаха , сега кремата од таа линија на чистачот ја тестирам бидејќи се исти состојки ако ми се погоди ќе знам и за чистачот. За ануа тонерот го немам пробано искрено премногу критики и моето искрено мислење е дека состојките внатре се буквално многу обични и за таа цена има многу подобри тонери. Океј е за хидратација ама ништо посебно и повеќе и состојките се онака за толку да го зборат и сега сваќаат луѓево дека се е рекламација и платено… Така да мое мислење е дека не вреди и за таа цена ако сакаш добар тонер имаш на маркетот испробани и со одлични резултати и состојки.
@Biodevojka благодарам, јас ова на Со био етик би го пробала дали имаат и средство некое што не исушува за миење лице ?
@Макаронкаа Бидејќи ќе бидам оф топик во темата за Пурито производи да ти пишам алтернативни препораки од други брендови затоа те тагнувам тука. Јас сум лично ПРЕЗАДОВОЛНА од маслениот чистач на HaruHaru Wonder Black Rice Moisture Deep Cleansing Oil.. само проблемот е тоа што многу брзо се троши, дека е потечен мене брзо ми бега за убаво да го исчистам лицето. Бамовите на Heimish и Beauty of Joseon исто така се предобри, предобро чистат и мене лично не ми правеле проблем со акни и запушени пори. Моментално го тестирам Madara Clensing Oil, го купив поодамна и ми стоеше долго време на чекање.. засега вака ми се допаѓа како чисти, па можеш да го земеш во предвид и него.
Го тестирав гелот на Ториден, линија која ја донесоа вчера на coslovemetics меѓутпа уште го нема овој производ, имаат други, НО, толку бев возбудена што го тестирам што не внимавав на околуочната регија! Жени, такво болење на очи, печење, солзење ќе умрев! Ако случајно сакате да го пробате некогаш или вие што не сте во Мк, не го пробувајте. Можам да кажам дека имам пробано сигурно над 50 вида чистачи во последните 10 години ама вакво нешто никогаш во живот. Од мене големо не. За другите производи уште не знам какви им се. Ви ставам слика на кој мислам да видите
Да споделам едно убаво искуство и да се пофалам бидејќи прв пат си најдов и погодив пена за двојно чистење и некојс што не ме исфрли ниту разочара https://coslovemetics.mk/product/purito-defence-barrier-ph-cleanser/ На пурито гелот за миење долго време го истражував и на крај се одлучив за него. Лесна текстура без мирис и бои , кога се меша со вода малце станува како пена но не ми смета искрено. Не ми ја иритираше кожата, не ми ја остави сува ниту никакви негативни ефекти. Во двојно чистење е одличен но и за сам чистсч е супер нс денови кога не носам шминка ни ништо. Стварно е нежен доволно за некој што има проблематично лице и многу сензитивно. Големо е шишето јас една недела ссмо го користсм и можам да кажам дека би го препорачала. Секако ако се начека на попуст некој поголем уште повеќе ќе се исплати.
@Bella2_ кога сме кај чистачиве, да не го имаш пробано случајно маслово? https://coslovemetics.mk/product/purito-from-green-cleansing-oil/ До сега ова го користев https://coslovemetics.mk/product/face-shop-cleansing-light-oil-150ml/ , ама дека ми е при крај ми го предложија ова од Пурито доколку сакам да сменам
Да го имам ми имаа дадено тестери , можам да кажам дека текстурата е густа но убаво вади спф и шминка. Малце е помрсен и си треба повеќе време за измивање ако тоа не ти смета. Не пече на очи и океј е но мене искрено не ми беше нешто најдобар или да ми се допадне до тој степен да го земам. Не сакам толку густи маслени чистачи не ми прават мерак посебно во двојното чистење. Нема никаков мирис ниту боја се најнормално тоа беше одлично но ете идам напред со други маслени чистачи да пробам.
@koritsaki јас си го купив маслениов чистач на Пурито, го користам веќе можеби месец дена. Неколку пати се погоди да го добијам како тестерче и премногу ми се допадна. Мирисот е малку силен (на маслиново) ама не е нешто страшно. Многу ми се допаѓа како ми одговара, на мојата кожа ѝ одговараат вакви маслени ствари па макар биле и потешки. Имам чувство дека ја хидрира кожата откако ќе го измијам од лице и таман потоа остатоците масни што се вишок си ги тргнувам со пенаст чистач. Супер чисти и потешки пудри, а шминка од очи никогаш не чистам со топење со раце зашто ми е грозно едноставно и лично не преферирам така. Чистам очи со двофазно средство прво, па продолжувам со остатокот од лицето со маслово. Каков и да ти е начинот на чистење, мислам дека постои шанса да ти одговара чистачов. Мене навистина ми се допаѓа многу.
@Bella2_ @Mishela ви благодарам. Од тоа што го користам , задоволна сум, на почеток ми изгледаше масно при измивање, инаку вадам шминка со него, одлично сé вади, го пребришувам лицето со тие muslin круговите на Евелин му ја најдов финтата за измивање Е сега дека втор пат го користам, реков да сменам да земам некое друго и се мислев помеѓу Purito и ова И ова да не го имате пробано?
Мене мислам дека ко трипати ми имаат дадено тестер од масниот чистач на Пурито и се сложувам со @Bella2_. Прилично тежок го чувствувам и откако ќе измијам лице со гелот потоа, сѐ уште чувствувам ко да не ми е целосно измиен. Ама искрено слично искуство сум имал и со други масла за чистење, па затоа преферирам балм.