Моментално користам комбинација balm + гел. Инаку имам комбинирана кожа. Oвој balm го остава лицето толку мекано, нешто совршено е. Кутијата е големка, мене ми трае доста, и шминка вади одлично. Најбитно не ја пресушува кожата, напротив осеќам дека ја хидрира. После ја мијам со воден чистач, односно гелов. Ептен мек е и нежен, мислам дека идеален е за сензитивна кожа и кожа склона кон акни. Нежно чисти, не иритира, не пресушува и не се осеќа она затегање.
@Ketchup ти благодарам и на тебе, тогаш ќе го земам балмов , оддамна го меркам и така @Mishela да, ми се допаѓа што има и шпатула со него па да не ги ставам прстите внатре. Ќе споделам мислење
Јас следен го купувам балмот на хеимиш или тој погоре што го спомнаа но морам да го истражам уште малце тој. На хеимиш ке земам мала верзија да видам па ако нешто не ми се допадне ќе идсм со на im from fig ама зс тоа ќе ве известам хахах
Овие balms ги засакав на тикток едно време ептен беа популарни како ја топат шминката Не знаев дека имало и кај нас. Јас сакам да можам да го користам и на лице, но и на очи во исто време, има ли такво нешто, некој балм или пена? Моментално користам пена за чистење на алверде, но досадно ми е да чистам очи со друго средство, па потоа да ја користам пената.
Има колку ти душа сака Јас имам пробано многу од балмовите, Clinique , The body shop, Heimish , масла исто така имам пробано доста. На coslovemetics.mk, на bellina.mk имаш доста избор. Со нив можеш и шминка да вадиш секако. Јас со двофазно средство од Гарниер до пред некое време вадев шминка од очите, ама на очниот капак ми направи иритација и сега практикувам само со балм/масло
Јас најдов нешто на белина, но имаат напоменато да се избегнува контакт со очи. Патем, барам нешто поекономично
Вие што имате масна/комбинирана кожа склона кон запушување на порите, кој гел за миење го користите? Откако го снема Балеа бело/зелено со цинк и салицилна, никако да си погодам гел. Значи, ми треба некој добар чистач за пори, а да не е преагресивен. Пилинг користам, двојно чистење практикувам. Не е до тоа. Преку ден ми се полнат порите, и имам како ситни поткожни гнојанички. Заборавам и што сум користела веќе. Оливал пената и Биодерма розевиот не ми се допаѓаат. Исто и Натура Сиберика виолетовиот не ми се допаѓа ич. Се мислам Avéne зелениот, Cera Ve, или пак Pyunkang Yul светло синиот. Првиот и третиот сум ги користела, заборавам само како бев задоволна. Многу комбинации и се мислам што да одберам.
Женски, предложете ми добар чистач за лице за нормална до комбинирана кожа, повеќе накај масна. Го користев на heimish зелениот ама искрено ништо спец не ми е, слабо ми пенеше и сега ми е при крај па да пробам друго сакам. Фала
Јас имам комбинирана и многу сум задоволна од гелот на оливал. Е сега не знам колку сакаш да пени овај прави пена ама не премногу убаво се плакни и убаво ја чисти кожата.
Pyunkang yul е добар ама не ми е нешто посебно околу порите. Убаво чисти шминка ама некако имам чувство дека ми ја суши малку кожата. Во однос на порите, позадоволна сум од MarynMay пенастиот чистач. Малку чудно мириса, ко бамбус и чајно дрво, ама топ е за чистење пори. Мене многу ми се погоди и повеќе ми се допаѓа од првиов.
Ве молам препорака за гел или некој чистач за комбинирано лице со масна Т зона, склоно на акни? Фалаа
Јас само што го потрошив. Убаво и темелно вади шминка меѓутоа очите ужасно ме печеа од него. Ваков проблем немав со балмот на heimish.