Дали некоја го има користено овој чистач и како сте задоволни? На странава читам само позитивни искуства. Исто ме интересира дали после ова треба гел/пена за чистење да користам или доволно е само ова? Не ми е баш подетално објаснето, а бидејќи е маслен чистач логично ми е да треба и гел после него
Јас ја користам кремата од овој бренд и ми е предобра. Имав некои ситни акни и бубулици после одмор одма ми ги исчисти. За гелов незнам го немам користено, ама водејќи се по кремата би рекла дека е добар
Јас го користев ама само кога не бев шминкана. Шминка не ми се вадеше како што треба. Инаку да, по сите маслени чистачи треба гел да се користи за миење лице
Жени Гледам дека лицето ми се масти-носам наочари за вид валкани ми се штом ги ставам. Што е подобро-гел или мицерална вода? Лицето ми е сп розацеа.И кои карактеристики по состав да состав да посветам на внимание?
Јас го имам користено и ми е најубаво средство за вадење шминка. Го купував на попуст надвор од Мк, инаку си држи цена. После него секако миење со гел/пена.
Јас преку ден користам гел за миење лице конкретно моментално на Биодерма синиот гел, а навечер правам двојно чистење моментално користам м.вода на Алверде хидро *без алкохол и потоа се мијам со гелот. Но бидејќи имаш розацеа освен што ти е мрсно, нека даде некој предлози за производи зошто лично немам искуство.
Јас би ти препорачала ова кое е феноменалном особено за розацеа и лично мој фаворит или ова кое е многу нежно, ,нормално е да се масти летно време, само немој двојни детерзии
Веќе извесно време го користам. Најдобро нешто до сега, за мојата масна кожа подложна на акни и слично.
Мислење/искуство за гелот? Ми треба нешто нежно ама да си врши работа имам чувствителна, комбинирана кожа.
Знам дека сите одговорија колку е добар гелот, ама од аспект на декларација има многу сиромашна формула во смисла многу хемиски состојки (лоша хемија како пег, полмери, акрилати итн.) единствено маслата како каприлик и конзервансите се добри, ама остатокот не е ништо особено. Мое лично мислење...